Па нема отворено да и рече дека не сака веќе да се дружат зошто не и го чува детето, ама ќе се дистанцира и/или ќе кука по други луѓе за тоа. Кај мажи немам сретнато такво нешто.
Иста сум и јас. Јас сум дечар, ама само со оние што ми се блиски. Ако некој не ми е близок, колку и да ми е мило детето си ги знаам границите и не го гибам. Апропо тоа Другарка ми е на работа до 5 и после да дојде да ми чува дете.. сум одела од работа право кај другарка ми да и помагам после пороѓај, зашто нема секој луксуз мајка, свекрва итн.. едноставно животот е таков. Одев додека да си дојде на себе, и носев од ручекот мајка ми што го спремаше, знаев да и соберам за перење итн да и средам, да и купам нешто од маркет.. такаа да за тие што ми се блиски знам и на полноќ да одам. Татковците ги чуваат ( бар кај мене во друштво) кога одиме еднаш на две недели на ручек. Тогаш деца нема, женски муабети до бесвест..
Измешавте се и сешто за да покажете поента што не постое. Мешате и викате дека чувате дете да го подржиш 5 мин, па и 15 мин. Кој рече дека не си игра мажот кога ќе се врати од работа и кога ќе се избања, ама тоа се 2ч во денот, незначи дека мајката од тие 2ч ќе се прероди и дека нема да и биде тешко. И лезбејки и педери имаат деца така да не ви држи муабетот, воопшто да ги делите како не љубители на деца.
Незнам ни тоа немам сретнато, нит да се жали некоја мајка, нит ми дошло мене да се жалам. Зашто 15мин држење дете за мене не е чување на детето. Чување е долг и комплициран процес, а не држење во скут 20мин.
Добро ајде, а дали имаш маж сретнато што кука дека другар му не сакал да го држи детето негово во скут 20 мин?
Абе готово ептен ке се одмори од тие 15мин што ке и го подржи Дај бе жити се не го правете држењето 15мин во скут чување на детето. @Asparagus Ни жена ни девојка, не сум видела тоа да се жали. Такво нешто може да се жали само некоја со многу вишак време на фемина Имаме другар еден што нема деца, па страв му е да држи бебиња и искрено ни кажал дека не сака да ги држи, па не го силевме. Додека девојка му ги зимаше додека беа бебиња моиве, па и го нудеше него дај земи го, а он сепак не сакаше
Реков за помагање на мајката од страна на другарката. Не зборам за твоите коментари, туку погоре прочитав дека ако не и се помага на мајката со дете, треба да се каже адио.
Ааааа океј. Тоа е др. Јас не очекувам и не би требала ни една мајка да очекува другарка да и чисти, помага, рани, чува дете. Зашто секој си има свој живот и свои обврски. Освен ако ептен има желба и време другарката да и помогне сама. Ама за 20мин што седело бебчето да се вика чување дека било, не е во ред. Па и насловов е така на темата. Кога прочитав наслов пред да влезам во темата очекував реферат како мајката и го остава на другарката да и го чува по цел ден и се да прави наместо неа.
Штом е за маж е многу смешно, ахаха не сака да држи деца ахаха. Кога е за другарка не е баш смешно, а? Како може да не сака?
И другарка да ми рече не сака нема да и дадам да го држи. Смешно ми е дека е маж од 2м, па како страв му беше. Ама затоа после 2г од раѓање на второто мое сe роди уште едно бебче во друштво и тоа го зема Жена и другарка до сега немам што не ги земала во раце, а секогаш при доаѓање кога биле бебиња сум прашувала: Сакаш да го земеш? Со душа чекале да ги земат сите до една. Ете сите сме се погодиле да сакаме да држиме бебиња и да ни е убаво да ги држиме, како лексилиум се што би рекле. Сега ке одам баш кај другарка со бебе од 2ипол месеци и едвај чекам да го држам (да и го "почувам")
Оооо добри вили, среќни се оние кои ве имаат за другарки. Ова е баш идеална прилика да се пофалите за тоа колку пожртвувани другарки сте. Браво за вас. Ама, тешко ви е да направите разлика меѓу своеволно држење/ чување деца и моментот некој да ви го тупне у раце. Ги разбирам родителите дека сакаат да одморат и кафе да испијат на раат, ама уште подобро ги разбирам другарките кои не сакаат да имаат обврска или едноставно им е страв да држат дете. Бидете реални во очекувањата. Родител си 24/7, па ако ти е смачено од секојдневието, партнерот е единствената личност од која треба да очекуваш помош. Мајка, свекрва, другарки можат да ти помогнат ако им е воља. На крајот на краиштата, си станала мајка и свесно си направила избор да не седнеш на гз икс години.
Дај објасни, опиши како изгледа тоа со сила тупнување на бебе или дете кај некој во раце. Мене тоа на пр не ми изгледа можно.
Не пишувај реферати сега, јасно е кажано, како може женско да не сака а маж нема врска, баш смешно е.
Да биде уште посмешно, да читаш во темата за свекрви какви драмолетки има зошто свекрвата сакала да го чува детето, посесивност што се граничи со лудило, а овде кукаат не можеле ни 15 минути кафе да се напијат на раат.
Епа извинете, ама ако немате слобода со другарка да си кажете отворено што ви пречи една кај друга, онда тоа не е право другарство. Ако она доаѓа, знае дека иматњ дете, ама ја нервира и и смета, е лицемерно. Еднакво е лошо и ако очекувате некој дека по дифолт ќе го фати у раце. Затоа јас си ги знам другарките која што милува. И на онаа која ми кажала, не сакам, нема да и замерам. Еве имам другарка. Има 2 свои, моето го обожава. Многу пати има кажано еее извини ама не можам сега да те земам. Не сакам, уморна сум денес, не битно што. Битно е што е искрена. Не знам зошто толку е тешко да се каже не сакам. Ако е таа другарка, нема да се налути што не можете. Ниту па треба да очекува дека ќе го држите, ако некогаш сте покажале став дека не сакате да занимавате деца. Тоа за чувањето е сосем друга тема од ова. Овде се збореше за придржување играње и занимавање. А не, не очекувам дека ќе сака да го храни, смени пелена избања... или дека треба тоа да е нормално да мора да сака. Вака ко што вие пишувате, испаѓа дека не смее ни да ви се каже придржи го детево да мочам.
А што ќе речете за овој пост? Еве што значи да си другарка и да имаш другарка @mariz јас зборев за овој коментар. Тука се работи за чување дете и тоа принудно оти ти е другарка, а не за држење 20 минути.
Па нигде не кажа дека со сила го правела тоа. Кажа дека иако не ја замолила го правела. Не рече јас неќев, ама ете и го чував.
Ама тоа значи дека секоја треба да го прави тоа, макар и со сила, инаку не е вистинска другарка.Јас од постот така сфатив. Еве препрочитај убаво. Еве ти една од нејзините реченици: Што ви е бе што не сакате да чувате деца?