1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прирачник за анти антиалкохоличари (Игор Џамбазов)

Дискусија во 'Книги' започната од vendiii, 18 јуни 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Сите пијаници не се боеми и сите боеми не се пијаници, искуство свое и приказни со години случувани запишани се на 400 страници – “Прирачникот за анти антиалкохоличари” на маестро Игор Џамбазов

    Ќе ја купам деновиве не се сомневам дека е одлична книга . Сакав да слушнам мислење на оние кои ја прочитале .Впечатоци , критики , мислења ..... :?: :)
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Неодамна ја прочитав.
    Морам да признаам дека Игор има доста интересен стил на пишување. Кратко, јасно и интересно, не ги остава мислите недовршени и работите недокажани. Ми беше доста занимливо додека ја читав, иако лично сметам дека тоа што го има раскажувано внатре и не е некоја приказна. А и прашање е колку книгава треба да носи наслов- прирачник. Можеби имал поента која сакал да ја изнесе, ама за мене оваа книга е комерцијала, правење пари.

    “Да си боем, не значи дека си анти, антиалкохоличар. Тоа значи да бидеш кафеански мссон. Да си дел од тимот кој е “меин стрим“ на денот. Да си духот на харадот во неговите најтешки денови.
    Боемите се луѓе со стил.
    Боемштината е уникатна гардероба која добро ќе ти стои, ако добро ја носиш. Во спротивно е катастрофа.
    Боемштината значи присутност.Во основното ткиво на општеството.
    Во неговите мозочни клетки. Меѓу народот. „
     
    На 2468, sesilija и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Ја прочитав книгата и имам доста впечатоци. Додека ја читав на моменти во главата имав слика како од друг човек. Го гледав од мала на Бинго, но не би рекла дека Игор бил алкохоличар.
    Значи во книгата се опишани неговите почетоци со алкохолот, објаснето е во некои етапи. Се задржува на некои моменти, поточно ги опишува колку што го држи сеќавањето. Мислам дека подобро е да се види интервјуто со него на А1 Ексклузив што беше ( или Еден на Еден беше, не се сеќавам добро ), бидејќи кажува за некои работи кои во книгата се "пропоштени".
    Како на пример тоа дека он кога заминал за да купува за Нова Година и се вратил по две недели, тогаш он бил во брак со Искра. Тоа го слушнав на интервјуто, а мислам дека во книгата не е спомнато. Не е некоја битна информација, но сепак.
    Сакам и уживам во читањето книги за некои луѓе со кои што сум пораснала. Пораснав со филмчињата, песните и емисиите на Ицко.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Го има моментот со Новата Година и во книгата спомнато. Знам, зошто го гледав интервјуто и баш го запазив тој момент во книгата.
    Инаку низ книгата, како што забележав, се задржува на некои побанални работи, објаснување на атмосферата на пијанките, жените и сл. Ако веќе треба книгава да биде прирачник и да им помогне на другите во слична ситуација(како што самиот изјави), тогаш мислам дека Игор малку повеќе ја зезнал работата.
    Гледано од аспект на алкохоличар, мене не би ми требало некој што ќе ми го прераскаже своето искуство со алкохолот. А и тој самиот не е сигурен дали тоа искуство завршило, воопшто. Читањето за тоа колку е прекрасно да си боем, да имаш многу жени, безброј непреспани луди ноќи и милион пријатели, не е баш начин да мотивираш некој да се откаже од алкохолот.
    Како и да е, се се сведува на фактот дека неговата книга се продава и во Тобако. А, покомерцијала од тоа има ли?!
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Ја прочитав и искрено не ми остави некој голем впечаток. Литературно не нула, туку во минус мислам дека влегува. Како второ некако ми остави впечаток дека сите тие приказни се прилично филувани, претерани. Ја има приказната кога го немало 2 недели, и после тоа вика кога се вратил Искра не зуцнала ни збор и продолжиле како ништо да не се случило. Има и еден тон други приказни од типот како собирал студентки од Стив студентскиот, како се тепал по кафичи, како пиел ко свиња и се влечкал по улици, како престанал да пие па почнал да зема се и сешто за да надополни. И сето тоа го кажува со огромен восхит како господ знае што да постигнал. Искрено ми нема емоции книгата, во ни еден момент не почуствував дека искрено жали за сето тоа што си го правел свесно на самиот себе, а да не правиме муабет за тие околу него. Единствено на крај каде во една единствена бедна реченица што кажува како жали тоа што немал потомство. Не ми се допадна книгата, очекував многу повеќе, а и ми го смена за 180 степени мислењето кое го имав за него.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Не си ја запазила добро книгата... Баш добро пишува таму како “Жена ми не сака блуз“ му дала список да испазари за Нова година, список кој личел на ливче за спортска прогноза, и потоа пишува: “Кога се вратив дома “Жена ми не сака блуз“ гледаше филм, некоја комедија, од драми и беше преку глава. И не рече ништо“ А тоа “Жена ми не сака блуз“ е всушност псевдонимот за Искра, затоа што тој има песна што се вика така и посветена е на неа.

    Книгата ме трогна, се чита во еден(или два) здива :)
    И многу ме нервира кога некој ќе рече “Леле колку го почитував, сега веќе не!“ Абре луѓе, кога сте го почитувале толку време, гледајќи го таков како што е, кај оди сета таа почит после? Значи не ни постоела! Ако не го сакаш човек поради тоа каков е туку поради тоа ШТО Е, значи нема тука восхит, нема љубов!
    Јас Игор го гледам од мала, се восхитувам на неговиот талент... А после книгата, го почитувам уште повеќе! Знаете зошто? Затоа што САМИОТ успеал да се извлече од сето тоа низ што поминал, тој не го живеел тој беден алкохолизиран живот, живеела ракијата и штокот во него. Брилијантноста на Игор удри таму каде што не треба али нека продолжи сега вака, сеуште има време пред него..
    да имаа сите храброст како него, немаше да биди се толку вештачко.
     
    На Mameha и annii им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Ози луѓето кои го почитувале порано, а сега не, го имаат тој став затоа што порано знаеле еден Игор, а сега веројатно друг. За да сакаш некој каков што е, треба прво да го знаеш.
    Патем, не знаеме дали се извлекол од тоа. Колку што прочитав, пробувал многу пати, и скеогаш се навраќал на истото. Старите навики тешко умираат. А, искрено, познавајќи го темпераментот на Игор, неговите навики воопшто и не изумираат.
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Ама Стар и јас го гледам и знам Игор само од тв, знаев уште од малечка уште Џандар збира ко го видеше дека бил во Бардовци, па никогаш не сум помислила “леле каков кретен!“ Јас во Игор гледам нешто друго, нешто што ретко го дава Бог. Игор и жива енциклопедија, екстремно талентиран актер, одличен текстописец, најдобар шуомен и без влакна на јазикот... А да знаеш- промените кај Игор се забележуваат, јас искрено се надевам и му посакувам да не врати никогаш на тоа. Алкохолизмот е БОЛЕСТ! Не е тој крив што не успеал да се извлече... Знаеш ли дека Џим Кери е шизофреничар? Знаеш зошто? Затоа што е премногу брилијантен, затоа што не може да се пронајде себеси од толку што е внесен во улогите.
    Верувај- сите актери и глумци кои имаат прекумерен талент паѓаат под некој порок или болест.
    А плус кај Игор средината во која растел, знаеме сите за дедо му 5ре пишува и во книгата како пиел вино... Ако некој сакаме, ако гледаме во него идол, ако го почитуваме... Треба и да веруваме! Не можам јас да му судам на Игор што 2 недели не се вратил дома, кога ни самата Искра не го направила тоа!

    Еднаш кога Игор изгубил 60 000 евра на комар и се јавил неа и и рекол “Изгубив многу!“ Таа “колку?“
    тој и рекол колку еден стан во Скопје, таа му одговорила “Биди жив и здрав“ и после тоа тој ја напиша песната “да си жив и здрав“
    Тоа ја кажува големината на душата на Искра, но и вредноста на Игор...
     
    На 1209 и Mameha им се допаѓа ова.
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    Ози јас не го оспорувам талентот на Игор, за тоа не правам воопшто муабет. Талентот е едно, а тоа што го има во книгата е сосема друго. Како што кажав во цела книга не почуствував ни грам жалење за тоа што го правел, туку едноставно ми делуваше видете колку сум јак, колку сум испил, колку жени сум легнал, колку гадно сум ги зае**ал, кај сум шетал. Дури еден период искрено посакав да имам чаша шток до мене дури ја читав книгата, контра-ефект. Јас добив впечаток дека тој е горд на тоа што го правел се додека не му падна скроз г*зето па да не може да пие. Пред книгата немав оформено мислење некое за Игор, ако ми спомнеше некој Игор Џамбазов ме асоцираше на шоумен и толку, а сега на тоа шоумен додадов и безчуствителен кретен. ( Ова е лично мое мислење не сакам никој да наведам да мисли така, чисто мој став) .
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов

    хммм... не е точно дека се гордеел. А и за жените не забележав никаде дека се гордеел. Ако прочита за таа што ја сакал Цуци, пишуваше дека се плашел да ја легни... Тој си ја отвори душата, искажа се што поминал, за да знаат другите како него што ги чека.
     
  11. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    "Да си боем не значи дека си анти антиалкохоличар.
    Тоа значи да бидеш кафеански масон.
    Да си дел од тимот кој е “меин стрим“ на денот.
    Да си духот на народот и во неговите најтешки денови.
    Боемите се луѓе со стил. Боемштината е уникатна
    гардероба која добро ќе да ти стои, ако добро ја носиш.
    Во спротивно е катастрофа.
    Боемштината значи присутност. Во основното ткиво на
    општеството. Во неговите мозочни клетки.
    Меѓу народот.
    Таков беше Дедо ми Петре.
    Таков сум и јас. Не дека сум сакал да бидам таков, ама
    таков сум излегол, што да правам?
    Возбудливо е да си таму. Да бидеш таму, во центарот
    на збиднувањата, тоа значи да бидеш таму каде што
    нема тајни, каде што картите се на маса. Каде што нема
    лицемерие, каде што се озборува државата тогаш кога
    треба да се озборува, каде што се смислуваат вицовите,
    досетките, афоримзмите, таму каде што се креира
    божем јавното мислење, таму каде што се слуша и
    живее нашето секојдневие. Таму е животот."

    Таков излегол, не е крив. Алкохоличар не се раѓа, алкохоличар се станува. Ова е скоро на крај од книгата, а убаво се гледа дека сеуште не си признал на самиот себе дека е алкохоличар. Боем бил.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мене ми се допадна книгата, дури многу повеќе од Гол Човек.
    Зошто?
    Па за почеток, Игор е брутално искрен, а тешко е денеска да се разголиш пред рајата македонска, бидејќи ние така убаво љубиме да лепиме етикети, да трачариме и да се ситиме на лошото.
    Луѓето можат да ти простат се', освен успехот.

    Според мене не е точно дека нема никаков стил на пишување, си го има, негов игоровски стил, и иако по вокација не е првенствено писател, каде-каде има подобар наративен терк од некои етаблирани именца во творечката дејност.

    Можеби сега е помалку уморен и истрошен, а за пари и троа искомерцијализиран, ама талентот и харизмата му се неоспорни - како глумец е одличен, како шоумен уште повеќе.
    Како музичар и писател не заостанува многу.

    Игор Џамбазов ми е асоцијација на детство, тинејџерство, па дури и на денешна возраст.
    Игор е борец.

    Како дошол дотаму, дошол, никој не е совршен.
    Сите луѓе криеме нечист долен веш во плакарот, Игор реши да го отвори, па ние дали сакаме да мириснеме или не, наше право.

    Книгата ми се допадна, зашто е искрена, има душа, а тоа секогаш го ценам и за почит е.
     
    На AleksandraRainbow, De-lovely, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Мислам дека премногу буквално ги анализираш работите.
    Да, човек избира што ќе биде, вклучително и тоа дали ќе конзумира алхохол, ќе се дави у конзумација или пак воопшто нема да го мириса. Да, не се раѓа алхохоличар, но некои од нас се раѓаат попорочни од други би рекла. Некои од нас се луѓе кои го немаат во себе тој њух за цигара, за алхохол или нешто по„жестоко“ од арсеналот пороци, но некои го имаат во себе и не можат против тоа што го имаат во нив. Склони се на истите и им се навлекуваат како ракавица на рака.. совршено им одговара и им прилега на нивниот карактер, на нивниот живот. Е вака речено, да излегол таков, не е дека сакал.. боемот во него бил посилен од самиот тој ^_^ и се останато што има во него. И да, боемот нема како да се излечи. Лекувањето негово би било равно на убивање на боемот.
    Тоа ти е како една приказна што ја има прераскажано еден уметник, на свој колега недела дена пред неговата операција на срце. Му вели, душата на човекот е во срцето, ако го поправиш срцето ќе го изгубиш уметникот во себе. Човекот, си се откажал од операцијата и еве го десет години подоцна живее со болното срце, но живее како уметник. Така нешто ќе му дојде.
    А, и ова не е како критика на твоето, него мој поглед на база на тоа твоето, пошто ме инспирара баш тој дел што го избра :) иначе немаше ништо и да напишам.
     
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Девојко, ако Игор самиот себеси не си признел, сега сеуште ќе бил пијаница, и немало да ја напише книгата! Ако Игор не си признаел дека има проблем со алкохолот, немало сам да замине во Бардовци, ако Игор не си признаел дека веќе не може да живее така, сега ќе бил погребан!
    Среќна е Македонија што го има Џамбазов! Најискреното лице што досега сум го прочитала.
    Тој бил човек што премногу си ги земал работите при срце како млад, пример со неговиот идол-глумец во театарот, се опил заради тоа што не му укажале доволно почит на неговиот идол... после, нели читаше во книгата што правеле актерите во клубот? Сите до еден живееле со чашата врака, пред проба-пиење, на пауза- пиење, после проба- пиење!
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Ја причитав уште кога беше на саем на книга лично потпишана од него. Книгата ми се допадна, сакал човекот да истисне се од себе, да се испразни настрана, да го исфрли ѓаволот. Можеби не е со некоја уметничка вредност, но тоа на крај краева и не е важно, затоа што тоа не му е ни целта. Не го сменив мислењето за него, во моите очи е таков каков што беше и претходно. Мислам дека животот го натерал на некои гршки да ги прави, а кога машинеријата еднаш ќе те земе во себе, тешко дека ќе те пушти без последици. Браво за храброста да се соголи пред народот по вторпат, не сака очигледно од себе да прави маченик во очите на другите. Херој си кога ќе си пресудиш сам на себе и ќе го смениш правецот на дејствување. Е сега можеби тоа го чинело семејство и други благотети, но подобро некогаш отколку никогаш. А такави како него меѓу нас има многу, па не е лошо да се види како не треба, а после како треба. Совршено си одговара насловот на книгата. И за крај маестро Венко Андоновски си го кажува своето, на што ставам целосен потпис.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Почнав да ја читам и да донекаде бевте во право Трндафилка го потенцираше тој посебен стил .
    Книгата е се само обична НЕ ! :!: Од самиот почеток почнува од крајот т.е од 400 страна .
    Раскажува за својот живот ми се допаѓа што и оние тажни работи знае да ги заврти на трагикомичен начин да ги презентира , и тоа што е најважно на своја сметка :!:

    Неверојатен е самиот факт што мене на пример како некој далеку од Алххоличар фала богу :D успеа да ми го задржи вниманието , да не зборувцаме за личности слични на него .
    Интересни се оние негови бисери :lol:

    Сличноста помеѓу македонска плата и менструација ?

    И двете траат од 3 до 5 дена и после можеш слободно да се *беш :lol: :lol: :lol: да да тоа е Игор :rofl:
     
  17. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Се согласувам со мислењата на некои од членовите кои коментирале пред мене. Игор има посебен стил на пишување..и книгата се чита навистина брзо. Нема некоја приказна или дејство, само раскажува за неговиот прв контакт со алкохолот и како тоа прераснува во зависност.
    Како и неговата прва книга, така и оваа навистина многу ми се допадна поради игоровата искреност.
    Опишувајќи го она што го видел и доживеал сака да ни се згади само од помислата на алкохол за да не ја повториме неговата грешка...бар јас тоа можам да го извлечам од книгата.

    „Професорот не запозна со брачниот пар Ѓаволи кои се вечната ноќна мора на алкохоличарите. Мисис Депресија и мистер Делириум тременс. Кога се дружиш со господинот, многу лесно можеш да бидеш во ситуација да убиеш некого. А кога си со госпоѓата, можеш да се убиеш само себе.
    Баш фино.
    Секако си ебаната страна...“
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Игор-човекот кој вечно ќе го почитувам и кој вечно ќе биде голем во моите очи.
    Ја купив книгата и тој лично ми ја потпиша, веднаш почнав да ја читам. И веднаш останав без здив. Продолжувајки од страница во страница ја сфаќав суштината на неговиот живот, го гледав црниот тунел кој навидум бил без излез. Од невино момче кое од мали нозе почнало со градење актерска кариера се претвора во пијан монструм, кој на моменти не е свесен за себе!!
    Бог и тој знаат како излегол од дупката на пијанството, Бог и тој знаат дали паѓа се уште во искушенија, но тоа што го читав јас кажува дека тој е само обичен маченик кој невино без да знае паднал во пијаната дупка и тешко излегол од неа.
    Она што тој го доживеал е нешто од што мене ми се згади секој од пробал алкохол (во тие сум и јас).
    И после тие тешки периоди, после глетките од клиниката со истите иницијали како Бриџит Бардо мислев дека Игор засекогаш ќе каже не на алкохолот. Листајки натака видов дека тој паднал пак во искушение. Пак пробал, пак продолжил со опивања. Тогаш следеше прашањето зошто, кое верувам дека и тој не знае да го одговори. Пак излегол на некој чист пат, пак застанал на свои нозе и денес е тој кој секој ден се појавува на нашите екрани и ни дава 45мин. забава. Се уште се чудам како после сите тие опивања, после сите тие грозотии кои ги ставил во желудникот, а делувале дирекно на мозокот тој е сеуште онај стариот Игор, само со кратка коса сега.

    Книгата ме натера да размислам за многу работи во животот. Да се запрашам дали опивањето води некаде?
    На моменти се смеев на глас, а на моменти ми се слеваа солзи низ лицето.
    Игор има поинаков стил на пишување, но на одличен начин ја пренессе пораката!
    Секој чест за него!!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Ниту ги читам ваквите книги, ниту ги сакам.
    По малку и не ги разбирам. :lol:
    Оваа беше исклучок, се дигна голема фама, секоја другарка сакаше да ја купи, не друго од Игор е.
    А штом е од Игор очекував дека ќе вреди.
    Него многу го почитувам и му се восхитувам, ама од книгата се разочарав.

    Цело време, луѓе мои , чувствував како тој да се гордее со своите глупости, да се восхитува на нив и со целото тоа опишување дури тера да се опијаниш :D

    Како тоа да не е пишувано со каење, може погрешно сум сватила но јас очекував ова да биде нешто во смисол алкохолот е грд, најлош, глуп, те прави будала ( се спомнува, ама ретко ) а повеќето се зборува како тој најмногу ја сака најубавата најомилената пијачка на последната буква од азбуката.

    Имал искуство од кое научил верувам многу работи, но не ми се свиѓа да се гордее на тоа. Зарем сите треба да се впуштиме во такви непромислени ствари за да извлечиме искуство и за да потоа сме горди на себе ?

    Знам дека многумина нема да се согласат, земете го фактот дека сум мала и книгата ми беше прилично тешка :tmi: :lol:
     
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Книгава не ми е прочитана ама ќе пробам да си "анализирам и коментирам" по тоа што сум го слушнала :lol:
    Прво да кажам дека воопшто не ми го привлече вниманието како читател... Работи кои веќе сите ги знаат како заклучоци од типот немој да пиеш премногу, ова или она е штетно и се што е претерано од корисно станува штетно.
    Но морам да кажам дека за жал Џамбазот од тоа што му се случувало во животот, од тоа како живеел и низ што поминал не е ни чудно што се навлекол на пороциве...
    Добро е тоа што еден ден вака или онака си признал самиот на себе (што е најважно во ваквите случаи) дека има СЕРИОЗЕН проблем.
    Добро е тоа што исто така како што има има и тој изјавено на ова ова пишување гледал како на терапија плус (што според мене било клучно во себеанализирањето и пронаоѓањето на грешките) што се препорачува на сите со вакви или слични проблеми... Знаете... Отворете си ја душата некому, па макар и на парче хартија (што е подобро заради срамот кој се чуствува во вакви ситуации) и ќе се чуствувате подобро. Не за џабе во поразвиените земји се почесто се користат матични психијатри :)
    Добро е и сто така што ја имал упорноста да издржи во оваа битка најверојатно од силната желба и мотивација за подобро утре откако се чукнал во што е проблемот и дека нешто не чини :lol:
    На крај ќе кажам дека е добро и тоа што имаше храброст за сета оваа борба со пороците, неговите падови и денови кога чуствувал дека не може повеќе (што претпоставувам дека е напишано и во книгата) човекот си проговори јавно со цел барем некому да биде од помош...
    За тоа на овие се уште примитивни простори на Балкану-храброст е она што е потребно, но сепак човекот е роден шоумен и во овие води е од дете па најдобро знае што ќе упали на сцена :clap:
    П.С. Жапче ми се допаѓа потписот од Џамбазот-од песна е :$ :?: