1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прирачник за анти антиалкохоличари (Игор Џамбазов)

Дискусија во 'Книги' започната од vendiii, 18 јуни 2011.

  1. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Книгава е нешто навистина посебно,а и многу необично...Едноставно те тера да ја исчиташ во еден здив,толку многу работи за него,што не сум ни претпоставувала дека му се имаат случено... Најтажно она со Бошко,дури плакав ;( ... Се на се,мене ми беше предобра..

    Оној делот кога е во Бардовци навистина ме потресе :| дури не
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Книга која се чита во здив. Ок Игор не е некој писател и незнам дали би го вброила во писатели но она што го остава зад себе како целина спакувана во дело е нешто што ти го избиструва умот, те тера на размислување и на тоа да се запрашаш колку животот има смисла доколку не знаеш да го живееш. Се на се прекрасна книга која ја препорачувам на секој
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Oд каде толкава сигурност дека ,,Игор не е сеуште пијаница,, ?! Имам видено и слушнато од сигурни извори, значи луѓе што го виделе во таква состојба скоро. Така да, се е излишно за коментар. Книгата не сум ја прочитала, но по сите овие коментари за искреноста и доблеста да се напише книга за овој проблем, има докази кои го докажуваат спротивното од пораката на книгава! Премногу интригантно.
     
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Ги прочитав мислењата пред мене,чисто ме интересираше како сте ја доживеале книгата.Да не должам,прочитав дека книгата ќе те натера попрво да земеш шток и да пиеш отколку што е прирачник за откажувањето од пиење.
    Јас не ја сфаќам книгава па дури и насловот како буквален прирачник за алкохоличари кои би се одвикнале од порокот.Ако беше буквално тоа,не ќе била со наслов Прирачник за АНТИ-алкохоличари,затоа што антиалкохоличари се оние кои немаат проблем со пиењето нели?Јас лично од овие сцени кои ги замислував додека ја читав книгата,се згадив од алкохолот и од тоа до каква состојба може да те донесе,а не да посегнам по чаша шток.
    Јас би рекла едно огромно браво и почит за некој кој секојдневно го гледаме по Тв-екраните,и кој на ваков начин по втор пат се разголува пред јавноста и ја открива неговата темна страна.За тоа треба храброст.И да сум останала со подзината уста додека читав некои работи,мислејќи зарем ова е Игор,и притоа да се згрозам,кога ќе помислам на тоа од една обична емисија какво шоу знае да направи,пак ми е во очите тој истиот Игор Џамбазов,најголемиот шоумен во Мк,со неговиот огромен талент кој не се раѓа секој ден.
    Ми се допаѓа книгата,начинот на кој ја пишува и искреноста пред се,кон него самиот.Секој човек има свои скриени тајни,и не често ги открива секој.Ме заинтригира,која ли е Цуци :wasntme:
    Рекол Џамбазов-и останал жив.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Кога ќе ги прочитате последните неколку страни, односно, критиката на Венко Андоновски можеби ќе размислувате поинаку. Човекот се убаво си објасни во критиката. Игор не можиш да го сместиш во ниеден правец, книгата не можиш да ја наречиш класичен прирачник, но Игор така ја нарекол и затоа според насловот може да се смести во постмодернизам, но не и според она што епишувано внатре. Игор пишува живот. Болно е искрен во книгата. Имаше моменти кога мене лично ми застануваше срцето. Страници кои ги навлажнив со солзи. И страници кои ги препрочитував и останував со подзината уста.
    Да си признаеме на секој од нас му е тешко да си признае некоја поголема грешка. А Игор не само што си ги признал самиот на себе, туку и на цела јавност. Се отворил. За се !! Посебно тежок е делот за децата. За неговиот потомок. Сонот. Тоа нешто е тешко да го прифатиш и сам, а не па да го признаеш пред сите. И да го прифатиш фактот дека веројатно никогаш нема да се помириш со тоа.
    Игор за мене останува еден брилијантен ум. Жива енциклопедија. Еден од најголемите таленти во државава.
    Секоја чест за искреноста :bow:
     
    На 1209, Trnche, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам дека книгата ми се допадна,а што друго можев да очекував :?:
    Искрено Гол човек ми беше поинтересна за читање а оваа некако ми изгледаше како продолжение само наместо за коцкањето за алкохолот.
    Но како и да е и од двете книги можат да се извлечат поучни мисли,работи и понекогаш да си ставете прст на чело и да пробате читајки да се ставете во таа ситуација во која што тој бил ќе сватите дека животот ни носи се и падови и успеси,и она што го сакаме и она од кое бегаме.

    Го обожавам Игор,пред да ги прочитам книгите ми беше обична јавна фаца од тв која само живее заработува и ужива во славата,а сепак позади сето тоа сватив дека се криела една голема душа и личност со тешок комплициран живот и судбина.
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Ги прочитав Гол човек и оваа за една недела.Многу брзо се читаат.

    Во прирачников е многу поискрен отколку во Гол Човек.Тука е многу погол :)Човеков само досега проживеал колку за сто животи-толку случки, луѓе.Се чувствуваше како со мерак зборува за дружењата во Театарскиот Клуб.
    Многу ме натажи кога раскажуваше за Бошко, кога умира.Можам само да замислам колку му било тешко, кога го имал само него и ништо друго, а сега ни него.
    Се изненадив колку малку ја спомнува Искра.Очекував повеќе да читам за неа.Ми се допадна што така свесно и реално размислува за потомство.

    Ништо од прочитаното не ми го смени мислењето за него, иако открив многу работи што не сум ги знаела.Игор си е сепак еден и единствен и каков и да е, луѓето сепак го сакаат :)

    Слушнав и дека пак со Натали ќе го водат Бингото и баш ми е мило :)
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Книгата се вика Прирачник за Анти Антиалкохоличари! Значи убаво објаснето. Читајте ја и критиката на книгата, Венко има се убаво објаснето. Мислам подобро од тоа не е ни можно.
     
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    оваа од кога ја барам нигде не можам да ја најдам. знае некој кај се продава ?
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Здраво мои феминки
    јас само што ја завршив со читање Гол Човек и сега би сакала да ја прочитам и оваа што е можно поскоро ... може ли да ми кажете дали некоја од вас ја читала онлине, од каде, и дали може да ми пуштите некој ЛП линк...
    Благодарско на сите кои ке имаат било каква инфо
    поззз
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Нема смисла да ја бараш онлајн и да се ќорееш читајќи кога книгата чини само 400 денари . За пудра и маскара и парфемче даваме по 800-900 па и повеќе . Книгава заслужува да биде купена . :!:
     
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Внимателно ја проследив темава и мислењата во неа, и би сакал да цитирам неколку мислења и да дадам моја гледна точка; не за да Ви контрирам или да ги побијам Вашите тврдења, туку едноставно да укажам како јас гледам на сета оваа ситуација. Значи:

    Делиме исто мислење. Пари, кои и тоа како му се потребни, за да враќа за долговите кои веројатно (и за жал) ќе го следат цел живот. Според мене, многу лош потег беше кога „Гол човек“ се продаваше за 666 денари; според него, зашто тоа е збирот на бројките на рулетот, а воедно и ѓаволскиот број; според мене, зашто 666 денари се прилично пристојна сумичка по човек. Гајле ми е мене дали таа цифра има некоја симболика, ако веќе му е до симболи, што не ја продаваше по „симболична сума“ од 99-199 денари, м? :?:

    И кај мене владее истиот впечаток. Ги преувеличува настаните, и многу повеќе се задржува на околината и атмосферата, со цел да направи да сме „поблизу“ до она што го доживеал, да сочувствуваме со него, да не му „судиме“ (нешто на што и без тоа немаме право, колку и да сме „безгрешни“)...

    Вредноста на Игор? Дај ми 60.000 евра, или прости ми толкав долг кон тебе, и ти ветувам дека за 24 часа ќе го напишам идниот македонски хит на годината, од се’ срце, чиј наслов ќе биде „ТЕ САКАМ ХХХ ХХХ! *твоето име и презиме.

    На повеќе места напоменуваш дека книгата пред се’ ја сакаш и почитуваш зашто некој лик јавно проговорува за неговата „темна“ страна, за она што грешел, она што зае*ал... А тоа се работи кои немаат врска со Игор, односно зборуваш за доблести/маани кои секој поединец ги има.
    Значи велиш дека таквите луѓе треба да се почитуваат поради таа нивна брутална искреност, нели?
    Но! По таа логика, значи ли тоа дека ако јас сега излезам на улица и повикам луѓе да слушнат за она што сум грешел во животот (а сум грешел, нормално!), отворено и искрено, ќе почнат да ме почитуваат и ќе ме мислат за коректна личност? Да речеме проговорам дека сум се коцкал, пијанчел, дрогирал, проституирал...
    Што знам, некако повеќе ми оди на тоа дека ќе ме направат лудак, нормално, зашто јас, споредено со името „Игор Џамбазов“, сум никој и ништо... А верувај, можам да бидам брутално искрен како него за своите лоши страни, немам што да изгубам.
    И за крај, се согласувам дека Игор е борец, само ме интересира дали ја довел борбата до крај, или запрел во некој тајм-аут измеѓу „рунди“? Се надевам не запрел...

    БОЛДИРАНОТО!!! Како што јас од „сигурни извори“ слушнав дека и касиното му е се’ уште попатна дестинација, во која не оди без својот личен телохранител.

    Повторно од моја гледна точка, без никаква (ин)директна желба да ти контрирам, но на самиот плоштад во Скопје веќе неколку месеци има неколку тезги на неколку издавачки куќи, каде со 400 денари ќе купиш 2-3 далеку поквалитетни наслови, па и љубовни/животни прирачници. Така што, 400 денари за животна лекција на човек, низ која минале и многу други, и тоа и во позасилен степен, но непознати ликови пред македонската јавност? Благодарам, не!


    И како за крај, да напоменам: За мене, Игор Џамбазов е еден од најголемите шоумени на нашиве простори, и професионално засекогаш ќе го гледам како таков. Капа долу за него. :bow:
    Но ова што го направи со книгите, според мене е само уште еден од многуте потенцијални (и разбирливи) извори на пари, преку кои мора да се „искупува“ за толку години упорно навлегување од едно го*но во друго... И секако, среќа негова е што се одзива на името „Игор Џамбазов“, инаку ни од далеку немаше да го постигне тајно посакуваниот ефект со нив. Според мене, тој ефект е далеку од она што ние го мислиме, односно да се отвори искрено и „туторски“ пред нас, и има далеку поматеријалистичка позадина. Но на крајот следи она, најразумното, „снајди се, па живеј!“, нели? А Игор во тоа е брилијантен, и тука му нема рамен. Секоја му чест!
     
    На LilBaby, Zlatusko, figgiMK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Здравје боже само да дојдам во МК и ке си ја купам! Но сега мнн мнн сакам да ја прочитам, како последователност со Гол човек ...
    Но ке си ја Купам , давам чесен пионерски збор
    (ние бевме и дел од пионерите во младоста)


    П.С. Ги откривте ли сите иминја кои ги збори во 1вата книга јас едвам успеав 3 да откријам , а многу ме интигрира кој е БАБА од Куманово ?? некој има ли идеа?
     
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека ми е многу драго што има луѓе во Македонија коишто и не се баш толку фатално импресионирани од Игор. Книгите не ми се допаѓаат воопшто, некако ми се патетични, ама тоа е мој личен впечаток немојте да ме сфатите погрешно. Мене повеќе ме разочара лично тој, имав прилика да направам муабет со него, воопшто не ме импресионира како што знае тоа да го направи преку ТВ ама тоа што ние го гледаме од него е само една бледа сенка на некој Игор, кој како таков секако е супер. Во живо ми беше премногу комфузен, напнат, ко да му треба малку кокаинче. Не кажа ништо паметно, само цитираше некои излитени фрази и народни поговорки кои и баба ми ги кажува. Не знам ама ич не ми е забавен, ниту пак нешто посебно оригинален. Многу повеке ми се допаѓа на пример Тони Михајловски пошто е истиот пед камера и позади неа.
    Имено присусуствував на една од игрите на среќа што ги води и пред мои очи ЈА НАМЕСТИ играва луѓе! Нормално, тоа не го забележаа сите, немате појма како изманипулира! Како ги направи ОВЦИ луѓево околу него тоа е страшно нешто! Ко другиве трева да пасат, сите се најглупи, никој ништо нема да забележи! Искрено, ми се згади. Не ми се веруваше, а толку бев среќна што ке го видам во живо и ке скршнам 2-3 реда муабет. Битно сфатив дека типов е промашен случај и не сакам да читам книги од луѓе кои прават слава на својата патетика. Ама ич не му симнувам капа кога станува збор за писателската кариера. Простете ако некој има спротивно мислење.
    НО! Морам да кажам дека во театарот е незаменлив! Неверојатен е! Таму му е местото, не знам книгите очигледно се напишани со некоја друга (се плашам материјална) цел.
     
    На girl.23, LilBaby и Nightwalker им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Ја читам моментално. Дали некој знае кој се крие позади псевдонимите?
    Не можам уште да читам низ коментарите, кога ќе ја прочитам ќе кажам мислење, ама ме интересираше ако некој знае кој е кој во книгава :)
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Освен дека Тино е Тони, јас никого друг не препознав :D И мама Опи е Калиопи. Мислам дека нема ниту низ коментарите.Некои од нив претпоставувам дека и не се многу познати, ама некои да.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    5ре= дедо му
    Тино= Тони
    Опи=Калиопи
    Диди=Дади Анѓелкоски
    Шики=Шишков и стариот и малиот
    ...од Женски оркестар екипата
    сакам да знам која е Цуци
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Книгава не ми остави впечаток. На моменти ми беше досадна и многу го тупеше. Ми идеше да ја оставам едно време, ама лесно се чита, со крупен фонт.
    Никаква вредност нема книгава, морам да се сложам со некои коментари дека ја напишал за материјална цел. И не вреди да се дадат 400 ден., многу поквалитетни книги може да се купат за тие пари.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596

    Јас само изнесов мое мислење.
    За мене е борец. И не ја довел борбата докрај, затоа што таа ќе си трае до крајот на животот. Како и кај секој од нас, кои си се бориме со своите демони.
    И е брутално искрен и стојам зад секој мој коментар - не е лесно да се соголиш пред луѓето, посебно пред македонскиот народ, без страв од презир и осуда.
    И да, според мене, за почит е. Јас не ја доживеав книгава како фалење како што спомена некој претходно, туку како исповед на болка, многу грешки, борба со пороци, подеми и падови.... живот бре. Во вистинска смисла на зборот. ЖИВОТ.
    А не си далеку од вистината - поголем дел го сметаат за излитена, washed up ѕвезда која не сјае повеќе со истиот сјај како порано.
    Некои се подбиваат со него, го етикетираат како лудак и чудак.

    Да не се разбереме погрешно, има и други ѕвездички кои имале обиди да бидат искрени со публиката преку нивни книги, па завршиле неславно и бледо како Куферот со соништа на Сузана Турунџиева.

    И таму има искреност - па ете мене не ме трогнала.
    Значи не е се' до искреноста, туку и до приказната и начинот на кој е отсликана.
    А книгата си го има сето ова. Барем за мене.
     
    На 1209, Nightwalker и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Бил алхохоличар. Напишал книга за својот живот и алхохолот. Како ефект ги имал тие и тие последици и ги направил тие и тие глупости. Алал да му е што пишува за тоа? :^)

    Не се лесно фасцинирам. Бил алхохоличар и уште е. И кој не зборува за тоа, кој го крие тоа? Не можеме за секој алхохоличар да кажеме дека е борец и да правиме интересен човек од него. Секако дека ќе има смешни и глупави приказни кои другите ќе ги величат и ќе им служат за забава. Добро е барем што пишува за последиците, кои како што ми се чини ги заборава...

    Книгата пф. Интересна е, ама на моменти стварно знае да претера. Како да нема кочници. Се познава дека е комерцијална и го пишува тоа што ние сакаме да го прочитаме.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.