Аххх...Природа обожавам особено реки или езаера (било какви).Во мојот град нема многу места каде што можеш да вдишеш чист воздух единствено ако не отидеш негде настрана...Поради тоа во последно време сум се почесто пред компјутер но кога би имало било какво место акде може да вдишиш чист воздух би одела почесто.....
Јас многу сакам да одам на прошетки во природа ама немам кога а и немам со кој. Сепак одам но многу ретко.
Обожавам кога немам обврски и се шетам во природа... Ама тоа не е многу често во овој начин на животот кој го живеам!
me interesira dali ima nekoe mesto vo skopje kade sto mozam da pravam rodendeni zabavi ama da e na otvoreno?nekade kade sto mozi kerkami da trca so drugarcinata,po moznost da ima ima i bazen?
Јас живеам во природа.Во една населба многу блиску до градот од населбата до градот е 20мин.Секој ден пешачам по ливадите и тесните патеќи, седам покрај езерото и ги слушам птиците како пеат.Покрај мене минуваате многу пеперутки, бубамари и пчелички.Околу мене има зелена треба и разни китки.Чувството кога си во природа е најубавото чувство на светот.А навечер кога е лето дува нежно ветерче а јас ќе отидам покрај езерото и ќе гли гледам ѕвездите...
Обожавам природа !! Малку сум алергична на трева ама нема врска , заборавам на тоа веднаш штом се најдам во прекрасна средина.
^ леле како си ми го земала збороот.. Погледнете ја оваа убавина.. Да ти е мерак да гледаш.. Обожавам природа, обожавам да (се)фотографирам во природа..
Колку обожавам да сум во природа.Но,тоа ретко бидеќи живеам во Скопјево на бучно место.Би сакала во скоро време да одам
Не сум некој фан на природа. Додуша и се восхитувам додека ја глеам на слики. Ја љубам Радика..ретко, но сепак го имам задоволството да ја посетам. Знам дека е погрешно, но јас сепак би го избрала бетонот пред природата.
Јас израснав на планина, така што планината ја сакам повеќе од градот. Со моите редовно одевме во викендицата, и имавме одредени маршути за шетање. Ќе си земевме по еден сендвич и сварен чај, па пешачевме со саати. Уште од мала ги научив сите врсти чај, кој за што служи, кој кога се бере, а печурките допрва ќе ги учам Летно време кога ќе шетавме, по пат си беревме капини за да се насладиме. Сега го користам секој слободен момент за да отидам таму и да се одморам. Многу е попријатно за спиење, а особено лениот период кога овде се горештини, таму е милина. Сакам да фотографирам природа, и за среќа живееме во земја која е мошне богата со природни убавини. Едвај чекам да зазелени, па да отидам на планина и да ги фатам пеперутките што излегуваат во април и мај Имам уште многу врсти на листата.
Ja oбожавам природата Често излегувам во парк и многу ми е поубаво на некое мирно место во природа отколку во кафичи и дискотеки...
Ја сакам природата и иако кај мене нема многу места за прошетки, сакам да се шетам. За прошетките со друштво сум секогаш за, но кога ми е потребен мир или кога сакам да си јa „изладам“ главата, обожавам да се шетам сама.
Да,како АнаКаренина планината повеќе ја сакам од градот.Оваа напорност,загушеност и општо целата динамчност на Скопјево не ми годат,па со душа ги чекам деновите поминати на планина.Летно време,малце кај едната баба,покрај езеро,на право уживање и одмарање на мозокот,па кај другата,за долгии прошетки низ ливадите.Радости невидени.Со братучетка ми како мали многу фаќавме пеперутки,оние малите.Веднаш ги пуштавме и така со саати.Незаборавни моменти.Исто така,кога од 1во до 4то одд. одевме на камп на Пелистер,секој јуни,додека уште не почнале горештините.Никогаш нема да го заборавам вкусот на шумските јагоди,мирисот на катрион и тој папрат,долгите патеки,пространите ливади и сето тоа уживање.Ах,посакав да заминам на неколку дена,далеку од Скопје...Да се одмарам малку,па подишам чист,планински воздух,да се напијам од ладната,изворска вода позади ширинката.Како што би рекол Горјан Петрески-сон со отворени очи.
Обожувам кога сум во природа..ме опушта.. самото зеленило околу мене.. уживам покрај Радика , Мавровско,Дебарско езеро, Глобочица, Марков Манастир..Св. Јован Бигорски .. убавини..чист воздух..не сакам да се вратам дома..
Природата има посебен и неодолив изглед во секое годишно време. Убавините и магијата на боите,чистиот воздух и мирисот на свежина, поттикнуваат чувство на опуштеност и бегство од реалноста.За момент, секој би заборавил на секојдневието...
Природа, рај за душа и тело. Секогаш се опуштам максимално кога сум во природа. Најубаво ми е кога ќе ги видам дрвјата во разни бои посебно во овој есенски период. Го сакам мирисот на воздух кој е исполнет со мирис на секакви видови на билки. Но ми пречи човечката незаинтересираност за одржување и обновување на истата. Еве едно видео во врска со зачувување на природата, вреди да се погледа. http://natureisspeaking.org/mothernature.html