1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природен изглед

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 10 октомври 2013.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Колку во денешно време се цени природниот изглед?
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    мислам дека не се цени ни најмалку...

    Се ценат надрадбите на коса , вештачките трепки, килото пудра, едно кутиче маскара на трепките и тоа е тоа.
    Природниот изглед отиде во канта сите коментираат и дискутираат за вештачкиот изглед и го забележуваат него според мене тоа е тоа , па незнам
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не се цени. Но, јас го ценам повеќе од оној другиот.
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    8.659
    Пол:
    Женски
    Искрено кажано, НЕ се цени.Стварно незнам зошто, но имам забележано дека на машките повеќе ги привлекува изгледот со шминка.Меѓутоа дали ја имаат видено истата личност во ,,вистинското природно издание,, !? Секако дека треба да се користи шминката, но во одредени граници :!:
    Само штета што во денешно време девојките со природен изглед се игнорираат, а оние со шминка се на многу високо ниво , а тоа никогаш не треба да се заборава :geek:
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па нормално е дека повеќе ќе ги привлекува изгледот со шминка кога реално со црвен образ, подочњак и бубулки никому не му е привлечно. И шминката може да изгледа природно ако знаете како да го направите тоа. Малку пудра или коректор воопшто не делува неприродно. Ајде ако се фатиме за 100% природен изглед онда да не се ни чупаме ни депилираме, па да си бидеме најприродни.
    А ако правиме муабет за изглед кој е маскиран со 3 слоја пудра, вештачки трепки, усни исцртани со моливвче за да изгледаат поголеми тогаш да ве израдувам дека на машките ниту ова не им е привлечно. Било кој другар прашајте го за мислење, помеѓу нежно нашминкана девојка или девојка нашминкана повеќе од кловн која би ја одбрале. Јас како што знам па и премногу шминка не ги привлекува женските, исто како што не ги привлекува ни изглед на штотуку станата од спиење. :^)
     
    На softy1, Juuuuulie, LaraSolare и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Не се работи за шминка, шминката е нај мал проблем туку пред се мислев на силикони, кои каде не веќе ги вметнуаат. Сега силиконите, ботоксите и слични производи станаа достапни и за обичните луге кои под влијание на интернетот се почесто се одлучуваат на такви корекции за кои ни самите не се сигурни дали им треба или не. Многу ми е одвратно кога млади девојки кои сеуште не завршиле со развојот, ниту пак родиле а веќе размислуваат за силикони во гради, усни, задник..... Инаку не мислев на буквално природен изглед без шминка без отстранување на влакна итн. Секако дека е потребно да се средуваме но незнам на што личи девојче кога ќе бапне, силикон кој буквално и стои како да ставила топки. Некој треба прво на машките а потоа на женските да им објасни дека нормално е да едната града, да биде малку помала од другата, дека е нормално да девојката има мозолчинја, бидејки она што го гледаат на нет тие особи се поминати низ фото шоп и затоа изгледаат така совршено. И машките да не очекуваат дека нивната девојка ке изгледаат како оние на порно филмовите. Туку да ги прифатат со сите свои предности и недостатоци бидејки и они самите се далеку од актерите на порно филмовите. Значи да одговорам дека јас мислам дека не се цени или многу малку се цени природниот изглед.
     
  7. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Отворете ја темата за корекции на нос, уши, гради и слични работи и одма ќе ви стане јасно колку се цени природниот изглед.
    Он: Сакам природен изглед (да се разбереме има разлика меѓу природен изглед и нормална хигиена и ептен природен изглед без хигиена - ова второво не го поддржувам), ама се поретко го има, затоа што вредностите во општеството ни се измешани и никој не го цени.
     
    На Bellle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    А што ако некоја девојка не е задоволна од изгледот на својот нос, едноставно и пречи во секојдневниот живот, и ја руши самодовербата и ред други работи, па се реши да направи естетска корекција. И сега не терба да ја цениме затоа што тоа не и е природниот изглед? Па за среќа толку многу е напредната естетската хирургија и на секој му стана достапна па тие проблеми кои моногу негативно можат да влијаат на животот на една личност може многу лесно да си ги корегира. Секој сака да е убав и привлечен, ако некого силиконите на уста го прават среќен и прават да се чувствува посамоуверен, или пак корекцијата на носот му ги излечила комплексите некому треба да го покажуваме со прст дека не е природен, или па да го омаловажуваме само затоа што се решил на таков чекор....
    Мислам дека секој нормален човек би му дал предност на природниот изглед, меѓутоа на оној природен изглед при кој се користи шминка за да се покријат видливите недостатоци кои му сметаат пред се на човекот што ги носи, затоа што ако лично јас се чувстувам подобро со малку шминка тоа ќе го осети и околината. Или пак изглед после естетски хирушки зафат кој изгледа многу поубаво и по привлечно од претходно.Не е се во природниот изглед, треба и убаво да се чувстуваш со тој изглед. Искрено да имав потерба или желба за естетски да променам нешто на мене би го направила тоа за да се чувстувам поубаво, затоа што најважно е како се чувстуваш.
     
    На LaraSolare, wanderlust, magic.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека некогаш некоја девојка ќе биде задоволна од својот изглед? Јас ти тврдам дека не, самодоербата е во главата а не во огледалото. Корекција на недостатоци да, крив нос, клемпави уши, отстранување кожа по нагло слабеење и да не набројувам. Сето тоа е медицинска потреба, но не е потреба да ги наполниш усните па да изгледаш како прасе, или да ги надуваш градите, прво они да влегуваат па по пола саат ти, силикон во задник, потоа нормален нос ама таа сакала прчесто како некоја позната личност..... Значи понекогаш лугево одат до крајни граници во потрага по совршенството. Значи за самодоверба потребно е да има човек нешто во гавата а не во градите или усните. Точно е тоа дека ако некого тоа го прави срешен/а неможе никој да и забрани ниту да ја осдуа, јас мислам дека сега е обратно пластичните им се потсмеваат на нормалните условно кажано. Хигиена да шминка да, но едно кило пудра и руменило не. Можеби така гипсирана на прв поглед ќе го воодушевиш, но што ќе биде кога еден ден ќе се разбудиш крај него без шминка? Ќе го исплашиш човекот и ќе ти ќидне Ова не се однесува на Мимс 89 иако се ораќам во прво лице еднина.
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.628
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за шминка приметувам дека маживе многу многу не љубат нападна шминка.Повеке ги привлекуваат девојки кои имаат поприроден изглед.Тргнувам од мојон кој и сам неколку пати ми има нагласено дека повеке му се допагам кога сум со некоја не толку нападна шминка отколку коа сум као за ред карпет нашљакана.

    Во поглед на естетскита хирургија,кај нас е доста скапа за наш стандард па не голем број девојки можат да си дозволат да подлегнуваат на зголемување градни,задници и сл. Природниот изглед е убав,но џабе е ако тој што го носи не е задоволен во својата кожа. Јас лично од секогаш сум сакала да иам поинакви гради,едноставно колку и да ми викаат останатите дека ми се добри јас не ги гледам како такви.Да имам 2000е моментално би отишла да ги средам. Џабе секој комплимент и упатен убав збор ,ако ти не се осекаш убаво.

    Мислам дека многу ретки се оние луге кои се палкаат на барбика изглед. Сите повеке го сакаат природното отколку вештачкото.Исто како што сите повеке сакаме природно цвеке отколку вештачко. :)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    8.659
    Пол:
    Женски
    Се знае дека под природен изглед се подразбира оддржување на веѓите и ред др. работи поврзани за хигиената.Никој нема да оди недепилиран во денешно време, фала богу :geek: .
    Но, дека се претерува , се претерува и тоа премногу со шминкава :)
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Како не се цени природниот изглед ако некоја девојка е убава? Се цени и тоа како .

    Е сега маката е дека не сме сите совршени , и си имаме искривена слика , некои наши недостатоци си ги преувеличуваме во нашите глави , а нашите партнери и околината не ги перцепираат така .
    Јас не би се подложила на естетска хирургија , тоа е што е . Со време научив да си се сакам таква каква што сум . Би сакала поголеми гради , ќе ве излажам ако речам не :D
    Ама не би се подложила на операција .

    А за нападната шминка , и јас тврдам дека мажите не ја сакаат , изгледа само на жените им се допаѓа .
    Во една прилика една девојка ме нашминка професионално ,сенчање , чуда .. Јас не личев на мене , на сите девојки им се бендисав , а браќата и дечко ми ме гледаа вака :^) |(

    А пак орловските нокти , надградби на коса , вештачки трепки верувам дека на повеќето машки не им се допаѓаат . Дечко ми еднаш фати за коса една моја другарка , и кога оваа рече дека и е надградба му се згади и рипна како попарен :D
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    И операција и шминката и било кои вештачки додатоци и пестициди може да бидат, односно се убави кога се во граници на нормалното и природното. За операција треба ептен да ви се погоди хирургот за да може да изгледа операцијата природно и неприметно, како да сте родени со тоа.

    Се друго од паштети на лице до силиконски куглици неприродни во позиција изглед и големина е грдо и не се цени.
    Нормално дека една Џоли без шминка (фигуративно) ќе биде поубава од било која наштиркана бугарка.
     
  14. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Да не цитирам само џабе да зазема место еве вака ќе кажам и ќе се потрудам да им „одговорам“ на мимиии и на Нимериа.
    Прво докторот е битен но побитно е ти да знаеш што сакаш, неможе докторот да ти помогне ако ти од гради 1 сакаш да направиш 3ка или ако устата од нормална сакаш да ја направиш како не Боки13.
    Е сега како изгледа Џенифер Анистон, или Анџелина Џоли без грам шминка т.е кога ќе излезе од под туш никој не знаеме а верувам дека и тие самите незнат бидејки се нон стоп под шминка бидејки се опседнати со тоа да секогаш изгледаат топ. Можеби токму тоа е она што ги тера младиве да прават карикатури од себе сакајки да личат на познатите, незнаејки дека сето тоа е маска и гипс на нив за да така совршено изгледаат. Добро кажа мимиии некој што малку повеке се разбира од шминка може од обична девојка да направи убавица, но тоа можеш да бидеш само во јавност а што ќе биде кога оној што си го завела со твојот „прекрасен“ изглед еден ден ке се разбуди покрај тебе, ќе се извади од памет кога ќе те види. Значи според мене немојте да се лажете дека познатите немаат стрии, немаат мозолчинја или слично се е тоа добро загипсирано пред да излезат пред публика. Како што впрочем на филм ви изгледа дека навистина е повреден некој целиот со рани, кои делуваат толку реалистично дури подобро од вистинските. Значи да пофторам доколку имате физички недостаток секако дека треба да го корегирате но ниту големите гради ниту напучените усни, нема да ви ја вратат самодовербата ако вие сте слба личност и потпагате под туги влијанија. И со така „совршен“ изглед ќе се најде некој кој ќе ви каже дека не сте убави и пофторно ќе паднете о очај.
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^Да да, мислењето ми беше насочено на корекции во граници на нормалното, не ефтин изглед на бугарка.
    А споредбата со Џоли беше чисто како пример, и таа има правено пластична операција, и било која бугарка (ама се запнав со бугаркиве), разликата е што вториве на луѓе не личат додека кај некои (пример Џоли) сето тоа изгледа природно. И дека некоја природна (или со минимални корекции) секогаш ќе изгледа поубаво од некоја со тон шминка или операции ала Памела Андерсон.

    А дека со совршен изглед ќе се најде некој да те спушти на земја, таков ќе се најде каква и да си, најважно е на себеси да си бидеш убава. Ако тоа подразбира помал нос, или липосукција или што и да е, не гледам зошто некој не би го направил.
     
  16. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Мене најпривлечен ми е природниот излглед и ретко се шминкам и кога се шминкам не се осеќа ич дека сум шминкана
     
    На wanderlust, Veki4kaa и principessa.oh им се допаѓа ова.
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Помал нос, надувани усни... ако сето тоа нема медицинска потреба е чиста глупост, утре можеби нема да сте задоволни и од вашите родители, деца... А тогаш што ке правите ке ги смените и нив? А сега дека Џоли, изгледала добро и со корекциите за раѕлика од бугарките |( а да беше џоли бугарка а не Џоли, дали ќе мислеше така?
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Под природен излгед подразбирам секогаш да си искапена, чиста, со негувана кожа и коса.
    Да немаш вештачки нокти, трепки, надградби.

    И поефтино е, и поубаво.

    Јас не можам да замислам да имам вештачки нокти. Ем ми се грди, ама и ќе ми здосадат. Вака на своите нокти секој вор-трет ден си менувам поинаква боја на лак.
    Косата лесно ја одржувам, немам маки со екстензии итн.
    Користам минимална шминка, но и да не ставам ништо пак ме прашуваат што имам ставено, зошто со правилна нега и храна се чисти лицето и изгледа супер природно.

    Не сакам девојки кои од км се познаваат со тон пудра, руменила, и целосно извештачени.
    Добивам впечаток дека малку се сакаат или се погрди, па имаат желба со триста глупости со сила да се разубават (а, уствари се накинџуруваат).
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Боже Петра, значи нема врска дали е Џоли или е бугарка, што се задржуваш на ситници. Поентата е дека еве не мора да биде Џоли, нека биде Стојанка од маало што го исправила носот, и нека не биде рандом бугарка, туку некоја друга пластична девојка. Поентата е дека споредбено, поубаво би изгледала Стојанка од таа пластичната.
    Значи вештачки напумпани усни и гради версус природно напумпани, како да ти објаснам не знам.

    Еве и со слика:

    ова
    [​IMG]

    изгледа подобро од ова

    [​IMG]

    или ова

    [​IMG]

    е подобро од ова

    [​IMG]

    Сега ме сфаќаш? Ја гледаш разликата?

    Значи на првите слики не се ни познава дека направиле операција, ко природни се, додека на вторите слики се извештачени девојките.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Не се цени, иако е поубав, и ако знаеш како да го одржаваш може да изгледа многу поубаво од шминка. Под природен се мисли чисто и убаво лице без грам пудра, без дупки, без лузни, многу нега, средени веѓи, чисто..3 кг пудра, сенки, моливи на никого не му е убаво..