Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природен изглед

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 10 октомври 2013.

  1. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Е тука малку грешиш... Без дупка,без лузна и да немаш ништо од ова, ако немаш убави и правилни црти ,џабе се...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Ретко во денешно време да сретниш жена/девојка па и маж во последно време скроз природни.Под природни секако не мислам немиени,нечешлани или недепилирани туку без 200грама пудра,сенки,вештачки трепки,вештачки нокти и сл,а пак ако сретниш такви тогаш тие се заостанати во наводници недоволно се грижат за својот изглед и сл.
    Мене лично најмногу ме ириртира дека девоки по 15 години ако не ти кажат колку години имаат нема шанса да ѓи познаеш.И после им се пуштале мажи 10-15години постари па нормално кога не си личат на годините
     
    На softy1, MilaP, LittleChili и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И мене ме нервирa кoгa ќе видaм девoјче oд 15-16 гoдини сo тoрти фризурa, килo шминкa нa нив и oблекa oд мaјкa и. (facepalm)
    Се сoглaсувaм сo се штo гo спoмнa @LUCERKA . Имaм нa ФБ некoи тaкви, aбре верувaјте бетер oд тетки се, пa уште кoгa ќе се спремaaт зa нa свaдби или мaтури, небaре врснички сo мaјките се. Зa дечкoвци дa не збoрувaм, ќе се вoздржaм.
    Јaс нa улицa не знaм кoјa кoлку гoдини имa.
    Требa дa уживaaт вo млaдoстa и шминкa умеренa, a не кaкo фaцaтa вo пудрa дa си јa стaвиле. :puke:
     
    На PogbaPol, classy_M, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Обожавам природен изглед. Секогаш ми било важно да изгледам здраво и природно. Косата и лицето мора да негувани, убаво, да сјаат :) а и кожата нма телото. Мислам дека мнг повеќе треба да се обрне внимание и да се трошат пари на производи за нега на кожа отколку за шминка. Е сега јас ни пудра не ставам редовно што милсам дека не треба така но ете се осеќам нечисто со пудра и римел и кармин, т.е. немам навика. И секогаш си викам на себе ајде створи навика да си ставаш пудра римел и кармин бар ама никако да ми тргне :)
     
    На Iggy.A му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Ahhahah e toa e toa, koga imash sminka kako da imas 10kg na lice da ti tezi I posle izleguvanje se fakjas odma da ja izbrises :D A za skapi preparati nemora da znaci,2-3 pati parea na lice za cistenje pori,soodvetna krema(ja licno samo navecer koristam),za kosa nekoj regenerator ili maslinovo maslo ili kokosovo malce samo na vrvovi pred mienje,shamponi I kupku ima kolku sakash za eftini pari . Jas vikam geni se pak vo prasanje I za lice,koza I kosa :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Природен изглед за природно убави девојки и жени. На сите други им треба малку корекција за да изгледаат фино за очи. Не мора, ама зошто да не. Ако еден тенок слој пудра ти прикрие нерамномерен тен и подочници и со тоа добиеш на свежина, што е проблем? Кој како си сака, но мене попрво би ме привлекло дискретно нашминкано лице отколку без грам шминка, освен нели како што реков ако се работи веќе за природна убавина која да признаеме ретко кој ја има. Сите сме убави де, ама знаете за што зборам.
    Јас си реков дека кога тогаш ќе ставам силикони на гради. Сега не е силикон нели, други работи ставаат, небитно, ама доењето си го стори своето па си ги сакам цврсти. Нема да бидат големи, нема ни да се познава дека се силикони затоа што ќе бидат иста големина како што беа претходно, само поцврсти.
    Не ми е комплекс, не ми влијае на самодоверба (затоа што носам добри градници:rofl:) ама би сакала да ги средам.
     
    На LittlePinky и LaraSolare им се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Под "природен изглед" се мисли апла природно, без депилации, средување на веѓи и надусници, без користење на било каква хемија за одржување на хигиена, шминка, лакови за нокти или средена девојка, па и маж, но со умерена употреба на козметика?

    Декоративната козметика, доколку е во соодветна нијанса, се користи во умерени количини и е нанесена правилно, со цел да го поправи тенот, изгледа природно и ненападно.
    Јас, мислам дека имам пишано и на друга тема, најчесто преку ден користам само коректор и кармин, но тенот ми е ист и кога ќе нанесам пудра. Но, имам другарки кои нанесуваат пудра бидејќи се премногу бледи, имаат светол тен.

    Многу професионални шминкери имаат изјавено дека за добивање на тој "природен изглед" треба многу повеќе знаење, искуство, време и труд за да се добие посакуваниот резултат, за разлика од шминка за специјални пригоди.
     
    На LaraSolare, kjukli и citiesinflames им се допаѓа ова.
  8. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. Така е. Најтешкото нешто да го изведеш е да нашминкаш ПРИРОДНО да изгледа,како ништо да нема на лицето. За разлика од шминката за специјални пригоди...таа шминка секој еден би можел да ја нанесе(треба стварно дудук да биде да неможе...како така ке ја изведе)
    А во последно време гледам се повеќе сакаат маскенбал шминка...(дали само во мојава општина или и на др место е така незнам....) и најчесто ги одбивам. Не дека се ку*чам туку едноставно не сум јас тоа ....незнам...неможам да се осмелам да нашминкам некој да кога ке ја погледне човек гледа само боја....правило(ако можам така да го наречам) е кога ке ја нашминкаш, кога други ке ја погледнат да ги видат убавите црти на лицето, а не боја и само боја, да ти падне во очи. :)
     
  9. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Е зошто да не се цени природен изглед ?
    Знам дека сум убава природно, ме боли некој кога ќе ми набројува недостатоци во ред сите имаме.
    Имам убави очи јасно ми е, сите другарки ми викаат зашто не ги истакнувам.. во ред за некои пригоди да со малце римел карминче такви нешта, да се шминкам ама два три пати месечно од мерак.А секојдневно да шлакам пудри на моево чисто лице нема смисла. Уста имам убава голема природно и баш ми е супер..
    не прифајќам многу вештачки работи незнам оти :lol:
     
    На LittlePinky, zekzeki и gentle.girl им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Се што е претерано не чини ама се што е умерено и во граници на нормала за мене е ок.Почитувам природен изглед најмногу,посебно ако девојка има чисто лице,се воодушевувам ама сум и за дискретна шминка која го освежува лицето и ги покрива недостатоците.Ама не сум за тоа дека по секоја цена мора да се стави пудра.Еве пример јас имам флеки од акни и ми искача по некоја нова ама не ставам пудра,не се кријам зошто не се срамам од тоа,а на кој му смета нека не гледа и готово.Јас лично не би ставила силикони ама не ги осудувам тие што сакаат да стават,ако тоа им е желба или им враќа самодоверба нека си стават,нема зошто на друг да му смета.Сум и за други естетски корекции зошто еве лично и јас имам корекција на нос направено и убаво се осеќам,тоа го направив лично за себе а кој како сака нека збори.На времето носев и фиксна протеза зошто тоа ми беше желба и не сакав да останам со природниот изглед зошто едноставно ми сметаше и сега се чувствувам задоволна и исполнета.
    Затоа секој човек има право што сака да прави со своето лице и тело без притоа другите да го осудуваат.
     
    На LaraSolare и gentle.girl им се допаѓа ова.
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Jас ако некого ценам, ценам без разлика дали е нашминкан,со корекции, со силикони или без.Ако ми чини некој како човек ќе го ценам, апсолутно нема да ми прави никаква разлика ако решил нешто да смени кај себе ниту пак ми треба некој ако повеќе или помалку ме цени ако решам да направам нешто со себе.Општо и не гледам така на работите,демек оваа сега цела е природна и затоа мене повише ќе ми се свиѓа.Визуелен тип сум по природа и ако нешто убаво ми изгледа, нема да ме предомисли и да дознаам дека не е нели"природно". Па и да вежбаш секој ден во теретана и да работиш на раст на мускулите, убаво цврство ќе изгледаш, ама пак тоа не е твоето тело природно, туку си дошол до тоа.

    Исто сведоци сме на многу разубавени јавни личности со корекции, нормално во правилна мера направени и сосема природно е такви повеќе да ни се допаѓаат него претходно.Мислам дека кај нас е табу тема дали и се природни градите или носот или не знам што, во поразвиените земји и обични луѓе лесно можат да си дозволат корекции и си ги прават.Па на крајот на краиштата еден е животот, зошто да немам цврсти гради,нос каков што сакам,подолга коса, вакви или онакви нокти, да носам тешка и лесна шминка...

    Не се сите родени со изглед каков што посакуваат и честопати тоа пречи на самодовербата, зошто да не се смени тоа и да се чувствуваат поубаво?Многу неумесно ми е кога луѓе скокаат на вакви теми,а за некого се навистина болна точка и им било потребно и време и финансии и храброст да се нафатат на некоја корекција. Никој нема право да осудува и да"цени'' или не што другите си решиле да прават со сопственото тело.
     
    На LittlePinky, Oxymoron, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Prirodnata ubavina sekogash bila na povisoka cena i taka i kje ostane.
    Toa shto gledate prenashminkani, koregirani, operirani lica, tela ne znachi deka prirodnoto ne se ceni, tuku deka nekoi od zhenite kon koi prirodata ne bila darezhliva sakaat da se odrzhat nekako vo chekor. Toa e se.