Jas prvpat slusham deka aktivniot kislorod rak predizvikuval. Eve i koleshkata moja go koristeshe pred edna godina, ama neznam veke tuka ako ima nekoi naucni dokazuvanja... ama sega napravija deka i vozduhot predizvikuva rak... neznam. jas eve go koristev zasega sum ok
Абе не знам веќе во што да верувам. Јас ќе го купам па сеа еве чим вас ништо не ви е значи лага е. само да ми исчезнат акниве сакамм
Девојки еве што најдов прочитете го ова http://www.prirodna-medicina-recept...rivena-opasnost-za-organizam-savet-dr-skacka/ Hidrogen ( vodonik peroksid) se može primeniti samo na koži. To je vrlo jak oksidans, koji ubija gotovo sve bakterije, čak i pri vrlo kratkom kontaktu s njima. Тоа е последната реченица, го прочитав целиот текст и сфатив дека на кожата не е толку страшно, на краток временски период.
Јас правам смеса од сода бикарбона и паста за заби ја ставам на акната и оставам да се сусши во зависнос колку е голема акната постапката ја повторувам и следнот ден.
Девојки чувствувсм дека ке ми излезе акна ме боли тоа место и црвено ми е..Нешто да ја спречам ако знаете би ми било од корист..
Јас направив комбинација со 100% природно масло од лаванда + купив масло од аптека од чајно дрво + маслиново масло , една лажица маслиново и по две од другото заедно измешани во темно шише и помогна 100% на блиска личност која имаше проблем со бубулици веќе подолго време откако и го дадов маслото лицето и се исчисти.
Есенцијалните масла не се добри за лице, можат само да го иритираат уште повеќе. Најубаво да се користат само како арома терапија. Има многу видеа од дерматолози за тоа, али еве накратко кои треба да се избегнуваат. https://www.marieclaire.com/beauty/a23622314/essential-oils-for-skin/
Дали чајното дрво е штетно? Користам скоро еден месец ама лицево ми е катастрофа ниту ми помага ниту ми прави проблеми
Не се става чисто,јако е многу. Јас кога го користев ставав две капки помешано со кремот што го користев за лице
Јас користам чај од жалфија и бетаметазон маст. Се вари чајот и се остава да се олади малку. Кога ќе се олади се става тенок слој од маста (не е препорачливо да се става многу). Може и замена за таа маст. Ќе прашате во аптека. Се меша смесата, внимавајте колку ставате. Маста е многу мрсна. Јас обично ја нанесувам пред да легнам. 2 до 3 пати неделно. Јас сум многу задоволна.
А за акни по тело од депилација,бикини зоната и нозете? Многу сум бела имам бел тен и ми искачаат после депилација страшни акни на бутовите и позади на нозете се до колена, тоа страшно нешто ми е срам фустанче да облечам, пред некој ден кога се погледнав позади и го соблеков фустанот ,се изнарвирав надвор беше жешко за хеланки фармерки а морав тоа да носам....од секаква депилација ми се појавуваат сум пробала со секаква значи, шеќерна, со ленти, со крема значи од се ми се појавуваат. Најмалку од кремата ама пак не сум без акни! Како да ги уништам неможам веќе. Нежна осетлива кожа имам.