Ja подарувам кремава, завчера ја купив и само е пробана еднаш. Сакав да купам саглам природна крема со заштитен фактор ама за жал, не ми одговара, прејака ми е. Ја препорачувам за многу светол тен, сува до нормална кожа (јас имам комбинирана/масна кожа). Спојлер Бидете фер, пишете ми во инбокс само ако навистина би ја користеле ама не можете да си ја дозволите.
За да не бидеме во недоумница ајде постирајте кој има некој производ од оваа марка за да ги видам. Јас лично не ја познавам, ама ако ги видам декларациите ќе може да разјасниме за што станува збор. Секако декларацијата постирајте ја во соодветната тема за декларации. Поздрав
http://www.biocosmos.mk/organic-cold-pressed-jojoba-oil оваа ли е маслото од јојоба што го имате пробано?
Тоа е маслото што го користам и многу сум задоволна. Некогаш го има и на намалување во продавниците на Био Космос.
Да и јас сум задоволна од маслово,зимава го користам и како подлога за пудра,ама забележав дека кога е во ладна просторија мрзне @Biodevojka нормално ли е тоа Го имам на Еси од чајно дрво,ама не се менува,течно е иако стојат во иста просторија.
Истото го забележав и јас, па за да можам да го користам го чувам во топла просторија. Се сомневам дали е во ред промената од течна во цврста состојба.
Мене ми е чудно бидејќи другово што го спомнав погоре не се менува,демек и двете се природни органскидали зависи од составот или не знам од што Се надевам ќе добиеме одговор од Биодевојка
@Biodevojka Може ли да ми кажеш каде можам да ги најдам производите на Bare Origin ? Во Јавна соба ми рекоа дека го нема веќе тоа продавничето таму . Или евентуално каде на друго место да побарам масло од шипка ?
Здраво девојки ако добро разбрав станува збор за масло од јојоба? Не би требало да менува структура. Моево е секогаш течно. Обично кокосовото се стврднува на ладно...не знам што да кажам... Драга ги повлекоа од пазарот производите. Нема веќе Bare Origin во Македонија за жал. Поздрав.
Многу ми е жал што го фрлив млекото за тело од Арган од Фармаси а заборавив да ја сликам декларацијата. Во неговиот состав ги имаше сите можни штетни состојки наведени во темата за декларации на козметички производи. Полош состав немам видено.
@kala21 зависи колку ладна е просторијата. Маслото од јојоба се стврднува на некои 10тина степени целзиусови, нормален процес е. Во принцип, козметичките компании додаваат друго масло во јојобата кое се стврднува на пониски температури (рицинусово обично), за да не се стврднува толку лесно. Баш тоа што се стврднува значи дека е чисто масло од јојоба.