Нафтени деривати - Mineral oil, Petrolatum (Во козметичките препарати главната цел на нафтените деривати е задржување на влажноста на кожата. Значи, кога ќе се намачка на кожата парафинот формира тенок слој, еден вид на заштитен филм кој ја задржува водата во кожата спречувајќи ја на тој начин дехидратацијата на кожата. Меѓутоа, на тој начин кожата неможе да дише. Ако губи премногу вода секако дека се суши тоа е повеќе од сигурно, меѓутоа доколку таа не успее да размени вода со надворешните услови постои ризик да со преголемото задржување на водата на површинскиот слој на кожата се формираат бактерии кои одлично се развиваат во услови на преголема влага и се појавуваат инфекции. Многу важно е да се напомене дека сите овие деривати воопшто не се компатибилни со кожата, односно со нејзината структура и немаат никакво хранливо дејство. Многумина сметаат дека се канцерогени, меѓутоа Европската Унија ги класифицираше како канцерогени состојки од 2 класа што значи дека сеуште нема докази за директна поврзаност со формирањето на ракот.) Силикони - Dimeticone, Cyclopentaxiloxane (Силиконот се добива по хемиски пат од силициумот и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се масовно користени во производите за нега на косата. Силиконите се антистатички, отпорни на високи температури и што е најлошо не се биоразградливи. Главната улога на силиконите е таа да ја омекнат структурата на еден производ ,односно кога истиот е нанесен на косата или кожата даваат ефект на мазна кожа и сјајна коса кој всушност е лажен и краткотраен. Силиконот нема никаква улога во негата на кожата, Дејството му е да створи заштитен филм (маска) на кожата меѓутоа не ја негува, дури во одредени случаи ја суши уште повеќе. Значи ако кожата ви е сува, силиконот прави еден слој врз неа, на допир изгледа мазна и прекрасна, меѓутоа после неколку миења (доколку не го употребувате повеќе) кожата ќе ви остане сува. Ист ефектот имаат и на косата. Значи силиконите имаат краткорочен ефект затоа што со континуираната употреба се јавуваат контраефекти како што се сува коса и оштетени врвови)
Фала ти многу Инаку ладна просторијата,на овие температури без никакво загревање Го дотрошив,ќе си земам пакистото го забележав и кај тоа на Институт органика од макадамија. Целата сум масленат.е има и дел со шеа путер има
минерално масло, петролатум. циклопентаксилосан...според мене маслото од арган со оглед на тоа што се наоѓа после згузнувачот карбомер (кој не е природен) е застапено околу 0,5%...
Дали некоја има искуство со производите на cosnature? Се работи за органска козметика што неодамна ја донесоа кај нас. Јас ги разгледав производите но сеуште ништо немам испробано. https://instagram.com/cosnature_mk?utm_source=ig_profile_share&igshid=1athrcdcdq6bn
Драга јас немам искуство ама ја зирнав на нет на еден италијански сајт и ми се допаѓа не е лоша а башка на сајтов кошташе по 1,50 до 3 евра...мислам дека е нискобуџетна со сертификат Натруе од типот на алверде само што не е органска (кај алверде има состојки од органско потекло означени на пакувањето, а овде не) Ама повторувам има одлична декларација (видов 4 или 5 производи). Мило ми е што се шири палетата на природно во Мк. Поздрав.
А јас сакав да прашам, дали некој пробал нешто на Weleda? Гледам ги има во Зегин, па пишете по некој збор ако сте пробале нешто.
Здраво девојки Дали ќе може препорака на природни креми за лице? За млада и дехидрирана кожа ми треба. Пс. Може да споделите и искуства со употреба на масла. Фалааа
@Biodevojka ми ја препорачаа кремата со заштитен фактор од Logona. Сакав да прашам за мислење или дали да одам со некоја поефтина варијанта? Фала ти
Ако мислиш на Еко Козметикс одлични се користи ја слободно. Друга од Логона не знам не сум видела, евентуално да ми постираш декларација. Поздрав.
Што велите за ова? Девојката е skin coach и зборува за тоа колку е бесмислено да се плашиме од хемијата и да ставаме храна и масла на кожата. Има свој јутјуб канал на кој што зборува за нега на кожата, а најмногу е активна на инстаграм преку лајвови и стори. Советите што ги кажува на инста и јутјуб се секако бесплатни, но ако сакате да ви помогне конкретно за вашиот проблем со кожата и за тоа што е најдобро да користите за вашиот тип на акни или било што друго, треба секако да и' платите. Има и своја нет страна olenabeley.com
ББ кремата на фармаси е далеку од природна а тек органска, иако и мене совршено ми одговараше покривноста и структирата, сепак ми направи штета на кожата, откако се заинтересирав за составот сфатив и зошто и отиде во корпа.
Откако видов дека некои производи на Lush не се со баш природни состојки, страв ми е да го купам повторно део сапунчето, значи дека на форумов сте разговарале за составот и е безбеден? Го користев повеќе пд пола година и на сите го препорачував, многу ми се допадна
Да да многу членки го имаат користено, и @Biodevojka мислам дека ни го оддобри можеш да прочиташ повеќе на темата антипреспиранти