1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природна органска козметика

Дискусија во 'Лице' започната од crazylady, 19 октомври 2012.

  1. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Изгледав неколку видеа ,мислам дека има смисла зашто од кога користам природни состојки неможам да ја опраам кожава,до сега не сум имала толку нафрлано лице и многу црнки,имав да кога бев тинејџерка пред 15 год. ,што е нормално,почнав да исфрлам производи со масла и малце ми се исчисти лицето,но сеуште не сум ја нашла соодветната крема за моето лице,треба да истражувам
     
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ги препорачува кремите на биодерма, ама не која било нивна крема туку тие што се од линијата ходрабио. Едната е гел-крем, а другата е со фактор 30. Јас ја купив таа со фактор 30, а еден месец после мене ја купи и другарка. Двете сме презадоволни. Не се осеќа тешка на лице и е одлична подлога за шминка.
    Исто како добар cleanser го препорачува на биодерма гелот за измивање од линијата себиум или H2O мицералната од линијата сензитив. Јас го користам себиум гелот и сум презадоволна. Магично ја вади шминката и е единствениот cleanser што не ми ги иритира очите. Значи додека имам пена на лице јас ги отворам очите и не ме пече, а тоа е чудо за моите супер чуствителни очи. Кожата после миењето не е сува ниту затегната, што исто така не ми се случило до сега со ниеден cleanser или мицерална вода. А девојката не е спонзорирана од ниеден бренд. Препорачува да се одбегнува речиси се што е од Сефора затоа што им се преполни производоте со масла, исто вели дека се лоши и Neutrogena. Ги препорачува кремите за сончање на Paola's choice, кои ги нема кај нас, можат само онлајн да се нарачат. Вели дека и на Биодерма се ок, ама на Паола биле врв од се' што пробала. Често препорачува и по некој производ на Ordinary, ама не секој, бидејќи не им се сите ок.
    Се' што сум применила до сега од нејзините совети се покажало ефективно, за разлика од природната и органска козметика од која не добив ништо друго освен clogget skin, црнки, проширени пори, акни и чуствителна кожа. Никогаш повеќе!
     
    На Tam4yy и MiAmor им се допаѓа ова.
  3. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Веројатно формулата што си ја пробувала не ти одговарала а не тоа што козметиката била природна, не знам како си ги генерализираш впечатоците сите ли природни линии ги проба, Lavera на пример?
     
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Таман работа да ги пробувам сите природни. Реално немам толку пари, ни време за да екпериментирам со себе. Пробав две фирми, се покажаа најужасно што можеп да си замислиш. Пробував неколку масла-ефектот е никаков. Користам не природна козметика повеќе од година (секако, не било која) и кожата ми е одлична. Науката вели дека маслото ги затнува порите, а од порите излегува себум. Ако не може себумот да излезе на површина затоа што ти си ставила препрека-масло, што мислиш, што ќе се случи? Ќе си добиеш или црнка или мозолка, а со тоа проширена пора и clogget skin. Не е ли тоа баш она што не треба да му се случи на нашата кожа? А ние со едно масло му правиме на кожата се најлошо што можеме да му направиме да се случи. Попрво не би ставила ништо освен вода отколку уште еднаш да ставам масло на лице. И друга работа, маслото не хидрира! Маслото затнува! Логично е!
    Друго, сега е во шема да се корости сода-бикарбона како маска или пилинг или што и да е. Содата е алкална, а кожата е кисела, ако ставиш ти алкално нешто на својата кожа, автоматско му ја одземаш киселоста на кожата и ја правиш да биде поалкална. Со тоа ја нарушуваш пх вредноста на кожата. А содата е природна. И сега како таа природна сода е добра за кожата? Зошто е добра? Затоа што е природна? Смешки. Кожата е создадена да не трпи алкалност и крај. Па содата ако сака не природна, од Господ нека ми е подарена, не ме интересира! Зошто ми е кога ми прави само штета? Таа е за орална употреба а не за да се шлакаме со неа на фаца(facepalm)
     
    Последна измена: 26 август 2019
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не сите масла ги затнуваат порите, користам ноќен серум на Khiels, не е органска козметика ама е со проверен соств, ни на мене ниту на било кој што го познавам а го користи не им ги затна порите а е масло, односно комбинација од повеќе масла, ете пробај го може и тебе ќе ти се погоди. Е сега тука никој не кажа дека се што е природно е добро, значи не мислам дека кокосово масло се мачка на лице и не мислам дела содата е делотворна за секоја намена, баш тоа ти го кажувам дека непотребно си ги генерализираш работите со природна козметика како лоши, очигледно си пробала лоши производи како и сите веројатно
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Само да напоменам дека производите на Биодерма не се природни :) Козметиката на Биодерма е слична на La roche posay и на Vichy , а ништо од ова не е природно
     
    На Aschenputtel, CurlyBlossomGirl, maaraa96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Си ги погодов кремчињата на биодерма, истражував за секоја состојка во нив што е и зошто е. И супер ми е. Тука завршува мојата потрага. Не планирам веќе да експериментирам со нови производи, со ризик да ја уништам унавата кожа која конечно ја имам. Сепак фала.
     
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е. И одлична се. За разлика од природните кои ги имам пробано и кои ми го уништија лицето.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Претставникот од каде сте ја земале требало да ви каже дека само производите на Др Туна се органски, а останатите не. Има бб од чајно дрво од таа колекција е
     
  10. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Во принцип точно е дека секој треба да си користи она што нему лично му се допаѓа или одговара.

    Јас и покрај тоа што имам дијаметрално спротивни искуства и убедувања од тебе, сепак се сложувам дека никому не треба да му „се наметнува” некакво користење на вакви или такви производи.

    И од конвенционалните производи постојат прифатливи варијанти (секако и тоа е субјективно кој што прифаќа) и од природните постојат производи кои ќе предизвикаат контра-ефект од очекуваниот и обратно. Сепак, тоа не значи дека самиот производ не чини, туку дека едноставно не постои универзален производ што одговара секому, затоа и има на сите страни напомени за каква кожа/коса и сл.

    Исто е и во исхраната, јас сум на пример интолерантна на авокадо, шитаке, речни риби и сл. не значи дека авокадото е нездраво и лошо, туку едноставно мене лично организмот не ми го прифаќа. Тоа важи и за козметиката.

    Сепак, јас не го застапувам мислењето дека може толкава група на производи (природни и органски) да се стави во ист кош и да се тврди дека сите не чинат, а ги има илјадници од стотици производители од сите краеви на светот.
     
    На do-re-mi, Autumn_, Luminary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Не велам дека сите природни производи не чинат. Туку дека најголемиот дел на природни производи содржат масла кои без разлика на типот на кожата единствено што ќе направа е clogged skin. Ако кожата е сува тоа значи дека лачи помалку себум и ќе треба подолго време за са создадат акни и митесери, а доколку кожата е мрсна тогаш побрзо се лачи себум и ќе биде потребно многу кратко време за да се појават акни. Она што не е за кожа-не е, колку сака природно нека е. Ако е природно тоа не значи дека треба да е за се' и за секаде. Ако не па ај да земеме во очите да си капиме масло оти природно е. Друго, есенцијалните масла се всушност мириси (perfume, fragrance) и се токсични. потеклото на самиот збор значи есенција-мирис (есенција на растението). Зошто би ставала мирис на кожата? Зошто би ги затнувала порите со масла кои се комедогени? Тоа што е токсично и комедогено важи за сите, а не само за одредени типови кожа. Разликата е само што кај едни нус појавите ќе се покажат побрзо, а кај други за подолго време. Јас ова не си го измислив. Ова го вели науката. А вие го слушате тоа што ви го кажува некоја компанија за органска козметика. Се плашите од хемија? Водата е хемија (H2O).
    Алергија е едно, а мозолки е друго. Тоа што ти ми го опиша е алергија.
    Баш гледав експеримент на девојка на јутјуб зо масло од јојоба. Девојката за да докажи на сите тврдоглави дека маслото ги запушива порите, реши да става масло од јојоба 28 дена и тоа на нејзината чиста кожа, без акни. За 10 дена таа имаше акни.
    Каде беа тие масла пред 5 години? Кој се шлакаше тогаш со масла? Демек маслата сега ги открија. Зарем му беше потребно на козметиката 21 век за да открие дека маслата се супер за кожата? Нема смисла. Логично е. Заслепени сте од маркетинг и од поимот "природно". И отровот на змиите е природен ако гледаме така.
     
    Последна измена: 28 август 2019
    На nevermet18, Angie1432, sofija014 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    @moon1 потполно се согласувам со тебе. И за мене е најважно да ми одговара на лицето нешто , па било да е органско или не.
    Имам испробано милион креми и др продукти за лице , ете на Логона не ми одговараат нит кремите, ниту средствата за миење лице , ми го мастат лицето за неполн саат (баш сега втора шанса и дадов на кремава со нане)додека на Клиник кремите - иако не се природни - најмалку од сите ми прават проблеми , ни акни ни црвенила ми се појавуваат на кожата..
    Значи нема правила :) секој нека си користи што му одговара :)
     
    На bela.m, Sexybaby86, CurlyBlossomGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Веќе половина година не се плашам од хемија и од хемикалии создадени од човекот и кожата ми е прекрасна како никогаш до сега. Па кој го интересира нека погледне :)
     
    На xxx-ba и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Се согласувам скоро 100% со @moon1, единствено не би ги осудила сите масла. За есенцијални (етерични, како и да се викаат), исто се согласувам, не се добри за користење, немаат никаков придонес за кожата, можат само да ја иритираат.
    Е сега, зошто не се согласувам дека сите масла се лоши? Па, пред сè, ако не сите, огромен дел од кремите кои ги користиме содржат во себе некој вид на масло, од кои најчесто е сончогледово масло, но и арганово, за кои знаеме дека се добри за кожата. Исто така, како што спомна и moon, не е за потценување и комедогеноста на маслото, и не сите масла се исти. Маслото прави како обвивка на лицето, но не мора да значи дека е тоа лоша работа :!:.
    Всушност, маслото е како еден вид occlusive (не го знам македонскиот превод) кој спречува транс-епидермичка загуба на вода (trans-epidermal water loss = TEWL). Ако некој гледал видеа или читал за серуми, зошто секогаш се вели серумот да се става пред хидратантната крема? Затоа што хидратантната крема во себе содржи occlusives кои нема да дозволат сите тие активни состојки да „испарат“ од кожата, туку ќе ги задржат во неа преку правење на еден вид на „обвивка“ :headbang:.
    Јас сфаќам дека на ист начин функционираат и некомедогените масла и затоа и се ставаат и во креми. Покрај ова, ги заоблуваат рабовите на кожните клетки, па затоа и кожата изгледа помека на допир. :inlove:
    Јас лично (неколку пати имам пишувано по различни теми на форумов), имам користено ему, арганово и rose hip seed масло како последен чекор во рутината и можам да ви кажам дека ниедно не ми ги затнало порите, а имам кожа на која лесно ѝ затнуваат порите, особено од помрсни креми (иако имам посува кожа).
    Што се однесува до тоа како да се знае кои се комедогени, а кои некомедогени масла, мора постојано да истражувате. Сепак, лани открив нешто што многу, многу, многу го олеснува ова истражување. Се погодила некоја напатена душа и направила еден огромен список од масла и ги рангирала според степенот на комедогеност: https://www.holistichealthherbalist.com/complete-list-of-comedogenic-oils/. Не се разбирам до тој степен за масла, можно е на листата да се ставени и есенцијални масла, па пред да купувате нешто, проверете дали, покрај комедогеноста, маслото случајно е и есенцијално. Најдолу на листата напишала и критериуми за комедогеност на маслата :inlove:.
    Што се однесува на борбата природно vs синтетичко, споменаа и погоре, и од едната и од другата група на состојки има добри и лоши, па треба постојано да се истражува (знам дека е напорно, ама тоа е :sweat:). Еве ви овде природни состојки, кои според научниците можат да се иритирачки и треба да се избегнуваат, а кои се добри за кожата: https://www.paulaschoice.com/expert...organic-ingredients-better-for-your-skin.html. Еве уште една листа од најчести иритирачки состојки во производите (мешавина од природни и синтетички): https://www.paulaschoice.com/expert...in/how-sensitizing-ingredients-hurt-skin.html.
    Некои почести состојки што јас лично читам или слушам дека ги користат луѓето за лицето, а што сметам дека не би требало се: мириси (пробајте да најдете производ без мирис - ни природен, ни синтетички, а да не е за чувствителна кожа, на прсти се бројат кај нас, а малку ги има и на светско ниво), кокосово масло, маслиново масло, лимон, лавандово масло, ментол, (denatured) alcohol (има деривати на алкохол кои всушност се добри, како cetyl alcohol) - најчесто во средства за чистење или тоници, понатаму некои екстравагантни состојки кои се ставени повеќе за звучност, за да се чувствувате полуксузно, отколку што навистина се корисни за кожата и физички пилинзи.
    Многу е важно да се напомене дека е важна концентрацијата на било која состојка, бидејќи има состојки кои се добри, но само доколку се над или под одреден процент, така што не е сè така црно или бело. Тука е и претпоставувам проблемот на оние кои се против тоа само-подготвување на производи, фактот што не знаеме дали таа конкретна количина или концентрација на состојката што ја подготвуваме е добра, или може да нанесе штета на кожата (која не секогаш е веднаш видлива, но долгорочно може да е штетна).
    Верувам дека сите знаете, но не е лошо да се повтори: состојките на пакувањето се подредени по застапеност, т.е. првата состојка ја има најмногу, а последната најмалку. Многу компании рекламираат магични состојки на пакувањата, а кога ќе видите во состојки, се наоѓа состојката при крајот, значи многу малку, а можеби таа состојка не е иритирачка да ја има во поголеми концентрации :?:.
    Верувам дека тие што читаат подетално за нега на кожа, го знаат ова (и повеќе), меѓутоа за останатите, на кои им недостигаат извори за информирање за овие работи, ако сакате можете да ја пробуричкате страната на Paula's choice: https://www.paulaschoice.com/, каде ги има нивните производи, но кај Expert advice можете да најдете: 1. Ingredient dictionary, каде буквално можете да ја барате било која состојка и да дознаете дали е добра и која е нејзината функција, и 2. Skincare tips, каде може да одберете едно од многуте прашања кои ги имаат одговорено подетално. Понатаму, тие исто така го водат ова: https://www.beautypedia.com/, каде што даваат мислење за милиони производи од стотици брендови, земајќи ги во предвид состојките, ефикасноста и „чувството“ за производот, односно несебично го „фалат“ или „разоткриваат“ производот, иако е од друга компанија. Покрај производи за нега на кожа, даваат мислење и за шминка.
    Зошто ви ги препорачувам нив? Па, одамна имав истражено за овој бренд. Основач е Paula Begoun, која себеси се нарекува како „полицаец на козметичката индустрија“. Како млада имала огромни проблеми со акни и тогаш одлучила научно да пристапи на проблемот. Има издадено 20-тици книги за нега на кожа и шминка и се посветила на креирање на бренд кој прави производи од состојки за кои научно е докажано дека се добри за кожата, без разлика на трендовите во козметичката индустрија. Всушност, ако читате некое од одговорените прашања за кои ви споменав, најдолу се наброени научните студии од кои ги црпат тврдењата напишани во нивните статии. Исто така ми се допаѓа beautypedia, која индиректно фали производи и од други компании, што е доста несебично.
    Ако зборуваме за јутјубери, би ги споменала (без посебен редослед): lab muffin, dr dray, hyram, mixed makeup (susan yara), liah yoo, а во попознати спаѓаат и james welsh, gothamista и beauty within. Ако пробуричкате можете да најдeте и други дерматолози покрај dr dray. Нормално, не значи дека сите овие луѓе 100% се согласуваат за сè, иако мислам дека за „покритични“ работи горе-долу се согласуваат. Јас само ви кажувам повеќе извори од каде можете да истражувате и сами да донесете заклучок според тоа што ви е најлогично ;).
    :*::*
     
    Последна измена: 25 февруари 2020
    На Рапунзел.*, MeowMeow, moon1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за производите на Паола. Само што кај нас не се достапни во продажба, а да нарачаш се скапи. Е сега во Европа и Америка не се вбројува нејзиниот бренд во оние скапите, ама за наш стандард и тоа како се скапи. Ја имам пробано само салицилната киселина и навистина им е најдобра од сите што ги имам пробано. Да не зборивам за ужасните формули на наши лосиони со салицилна киселина во кои на второ место на листата, по состојката вода, е алкохол. Зошто? Бидејќи салицилната најлесно и најбрзо се раствора во алкохол. Паола успева да создаде производ со салицилна без алхохол :clap:
    Од јутубери ја почитувам lab muffin и би ти препорачала да ја погледнеш Olena Beley https://www.youtube.com/user/lovelysunshining
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Не можам да те прашам во приватна порака, па мора тука: дали некогаш си порачала производ од Paula's Choice онлајн, но не од нивната страна, туку од препродавач? Знам дека ги има на look fantastic, и само што пробав да порачам нешто, но ми вели дека немаат испорака за мојот регион. Не знам дали се однесува само на производите од Paula's Choice, или за сите (иако гледам дека многу луѓе го споменуваат look fantastic, па претпоставувам дека и порачуваат оттаму). Ако не може оттаму, дали знаеш друго место од каде би можело? :):$
     
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Немам нарачувано од таа страна. Јас купив од Германија, пред неколку години :)
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissMissMiss

    MissMissMiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    8EB76C63-A0C4-4D57-BEB2-3BB9DB4B2D84.png @Biodevojka дали би можела да ми кажеш дали овие состојки се во ред? Гледам дека овие Juice Beauty се водат како органска козметика, па ме интересира конкретно пудрава дали е органска. Ти благодарам однапред.
     
  19. Nikolinaaa.123

    Nikolinaaa.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дали козметиката на зиаја е од природно потекло?
     
  20. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Не
     
    На Nikolinaaa.123 му/ѝ се допаѓа ова.