И со самото тоа, сето она што ги карактеризирало нашите предци, денешниот модерен човек го манифестира тоа во поблага и поизбледена верзија - бидејќи човекот повеќе не живее во примитивна средина како животните (со развојот на психолошката свест, моралот, когнациите, интелигенцијата) тие карактеристики и реакции немаат толкав интензитет на употреба и, главно, прераснале во бескорисни делови од телото (од биолошки аспект), инстинкти и чувства на блага вознемиреност (од психолошки аспект). Одличен пример, кој всушност ме потсети и на никтофобијата, која е доста карактеристична за денешниот човек. Имено, познат факт е дека Homo Sapiens од неговиот настанок до денес не е променет во однос на неговата градба на телото и основните сетила со кои се служи. Меѓутоа, пред појавата на технологијата, нашите предци постојано внимавале на предаторите кои само ги интересирало да се нахранат од човековото тело. А да стане овој факт уште пострашен, повеќето од овие предатори ловат ноќе - времето од денот кога луѓето се особено ранливи во однос на тоа да бидат изложени на напади поради релативно слабиот човечки вид. Ова значи дека било многу важно за нашите предци да останат безбедни во средината на ноќта. Ако не, тие ќе умрат - овој дел е особено важен за оваа тема бидејќи оние предци кои не биле засолнети и ловеле навечер, биле напаѓани и убивани од другите животни ( и со тоа не преживеале за да се размножуваат и да ја пренесат таа особина на нивните потомци). Од друга страна, оние предци кои се засолнувале навечер од дивите животни, не биле често напаѓани и поради тоа преживеале и на нивните потомци го пренеле стравот од темнината и ноќта. Но со текот на годините, овој ноќен страв станал инстинктивен, а ние денес го доживуваме како форма на блага вознемиреност. Причината зошто го чувствуваме ова како вознемиреност е поради тоа што стравот од темнината сега го изедначуваме со стравот од непознатото. Ние не можеме да видиме добро што има пред нас и тоа е всушност она кое длабоко не вознемирува, бидејќи нашата имагинација се се полни со најлошите можни нешта, без разлика дали се тие рационални или не. За луѓето од Античкиот период, ноќни стравови биле лавовите и другите предатори (реална закана поради живеење во природата), а денес во градовите каде дефинитивно нема предатори кои слободно се движат, тоа се чудовиштата (имагинарна закана поради живеење во безбедно општество). Бидејќи со развојот на општеството не се присутни предаторите во нашите општества во кои живееме, луѓето ги заменуваат предаторите со нешто сосема друго - имагинарни нешта.
@Independent Girl, нема да објаснувам за природната селекција во природата, затоа што неколку членови веќе го направиле тоа, прилично точно и детално, туку ќе напишам збор-два за (не)применливоста на природната селекција во човечкото општество и бројните забуни кои произлегуваат од тоа. Природната селекција ја „бие лош глас“, пред сѐ, затоа што многу луѓе се обидуваат да ги екстраполираат нејзините законитости во своето секојдневие и поради тоа, ја перцепираат како „бесчувствителна“ и „сурова“, што воопшто не е точно. Гледано од биолошки аспект, нема ништо сурово во тоа најдобро прилагодените организми да преживеат и да го продолжат својот вид – напротив, целосно логично е. Од друга страна, општеството е вештачка (човекова) творба и фунцкионира според многу поинакви законтитости од оние на природата. Филозофијата на природната селекција ниту може, ниту треба да се применува во денешното општество и во нашето секојдневие – „успешноста“ на еден човек се дефинира по имагинарни критериуми измислени од луѓето и средината, а нивното исполнување апсолутно не значи по автоматизам дека тие што „успеале“ се „the fittest“, најдобри и најспособни во однос на сите останати. Барем не од аспект на природната селекција.
Проблемот со прашањето дали правилото "survival of the fittest" секогаш се применува во човековото општество е релативно, бидејќи луѓето, во суштина, успешно ги контролираат сите оние фактори кои во законите на природната средина би се сметале за "less fit". Со други зборови, нашиот главен извор/ метод за прехранување не е веќе ловењето бидејќи самите ја произведуваме сопствената храна, наместо да се засолнуваме во природата, ние успеваме да ја приспособиме околината според нашите потреби како живи суштества (ладење, греење, градење домови, прозведување облека...), бидејќи живееме во безбедно општество нашите животи не се загрозени од предатори, или поради фактот што сме социјални суштества, многу е ретко да живееме одделно и изолирано. Освен тоа, луѓето, од генерален аспект, имаат развиено емпатија и сочувство, што значи дека ги поддржуваат и им помагаат на оние луѓе кои би сме сметале за "less fit" - преку осигурување, хуманитарни акции, донации итн. Овие особини се целосно неприменливи во примитивната природа, меѓутоа постојат одредени ретки ситуации каде една "избледена" верзија од правилото "survival of the fittest" е присутно во човековото општество, но тоа настанува во исклучително ретки околности.
Оти бе? Јас пак мислам, дека и општеството функционира на природни закони... Без разлика од каков тип е. Само се 'адаптирани' на вредностите во тоа општество. Фитест е тој што се адаптира најлесно. Ако општеството дозволува да се добие 'успех' со лажење и глупавост, фитест во тој систем ќе биде тој што е најглупав и најдобро лажи (карикирам)
Општеството не функционира според природни закони. Сешто имаме конструирано по процесот на индустрализација (системски), нема никаква ,,природност". Природната селекција во својата нај ,,примордијална" дефиниција нема врска со денешните критериуми. Мерилата за успешност (од убавина), па се до системот на едукација, кариерно достигнување, амбиција се психолошки одраз на човековото ,,јасство" или его. Односно, чувството за контемплирање на супериорноста во бранши кои воопшто не наликуваат на суштинската човекова функција во природата, и се вештачки творби. Муабетот за "NWO" remember? Следно - Стравот од предатори што исто така го спомнаа погоре, денес се одразува најчесто во форма на надреални привиди, или состојби како ноќен терор, халуцинации и некои други поблаги по интензитет психолошки појави. Тоа е научен страв кој датира од пред неолитското доба. @EvAngelos Исчезнувањето на одредени видови се должи на неприлагодба на климатските услови. Историски гледано, глобалното затоплување и соларниот минимум ја одиграле својата улога во своето време и контрибуирале во исчезнувањето на одредени фосилни видови во природата. Еволуцискиот спектрум не е одговорен за нивното истребување.
видеово последниве неколку дена ми е нон стоп во рекомендед, па еве компјутеркса симулација на природна селекција
Зошто пишуваш како сиромашните да немаат челад (што се разбира не е точно)? Тој не е таман, фаличен е на многу начини. Кога убива пациенти, тоа не го прави зашто е повешт и поспособен, туку зашто е неспособен. Многу на темава влагаат у Хитлер трипови, нешо најпаметниот, најсилниот, најхрабриот, се стресе гората, додека реалноста е дека човекот кога станува бор за неговата заедница, законите на природата ги има оставено во далечното минато.
Како извлече заклучок дека сиромашните немаат челад? Се согласувам дека е фаличен. Ама опстојува, оти системот е фаличен, и ги 'одржава на површина' фаличните. Тие се 'д фитест'. Се' е во адаптацијата.
Следнава реченица делуваше како продолжение на првата. Реков да не сте забегале, али не сте, океј. Терајте.