Да ти кажам јас порано имав хпв со цин,па после само хпв,одкога го пиев тоа лекот со виното и ренот хпв повеке немам фала му на Господ.Така да можно е и тоа да помогнало
И мене ме мачи истото,прво хпв и цин 1, а сега на 6 месеци правам пап, само хпв. Значи мора да го направам лекот. Ај те молам кажи ми како се прави и колку време се пие?
Разгледај во природни лекови за забременување.Одамна го имам пиено не памтам баш.Одприлика 400гр рендан рен во литро бело домашно вино.Да одстои недела дена на светло.Јас го ставав во тегли заради ренот не го собра во шише.Се пие на гладно по мало чавче од ракија. @Tweety Sweety Мислам додека не се испие скроз.Многу лути.Јас пиев голтка од него голтка од вода со мед.
Лековити растенија за полесно зачнување Ана Метикос, 1.2.2016 Лековитите растенија се дар на човештвото против многу болести и несакани состојби. Тука можеме да ја споменеме и храната која исто така може да биде лековита. Клучни зборови: зачнување растенија лековити неплодност Во 40% од случаите, неплодна е жената, во 40 % мажот, а преостанатите 20 % и двајцата партнери. Околу 15 до 20 % од паровите се неплодни (не можат да зачнат и по една година незаштитени односи, додека само 1 до 2 % се стерилни. Од оние кои бараат помош, половина зачнуваат природно или со медицинска помош. За полесно зачнување, можете да се обидете и со алтернативните методи акупунктура, акупресура и хомеопатија. Техниките за опуштање можат да го намалат стресот кој понекогаш придонесува за неплодност. Исто така можат да помогне масажа, јога и медитација. Микронутриенти Цинкот e важен за плодност кај двата партнера (додаток од 15 мг на ден). Со него земајте и бакар. Недостаток на цинк влијае на лош квалитет на спермата. Цинкот го има во спанаќ, мешункасти растенија, џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина, морков и суви сливи. Витамин Ц се покажал добар кај машките, бидејќи ја зголемува количината на спермата. Витамин Б6 се покажал како добар борец против неплодност. Најмногу го има во спанаќ, мешункасти плодови, банани, тиквата, кељ и брокула. Фолна киселина се препорачува во првото тромесечје од бременоста. Ја има во посно месо, риба, мешункаст зеленчук, овошјето и интегралните житарки. Аргинин им помага на мажите со мал број на сперматозоиди. Најдобар извор е сончогледот. Останати извори се кикирики, бадеми, леќа. Лековити растенија Мацина трева (очајница) е лековито растение со кое жените традиционално се лекуваат од неплодност. Од оваа трева се подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да забремени. Не смее да се пие за време на менструација. Шведска горчливка – се прави чај и се пие редовно повеќе од еден месец. Честославица – една мала чајна лажичка од честославица се потопува со врела вода и се остава 5 минути. За жени. Имела (сок) – наутро на празен желудник се зема 25 до 30 капки сок од имела. Исто толку капки се земаат и навечер пред спиење. Сокот може да се купи во аптека, но поделотворен е свеж. За жени. Ѓумбир - значајно го зголемува бројот на сперматозоидите и нивното движење. Може да се зема во облик на чај или како додаток, зачин во храната. Малина – чајот од листовите на малината се препорачуваат за поголема плодност, а и на трудниците за смирување од иритација на матката. Причина за секој втор спонтан абортус е неможноста плодот да се развие. Најважен знак по абортусот (до 3 месеци) е крварењето. Знаци на абортус кој настанува подоцна (од 3 до 7 месец) се слични како породување. Вркута – на жените кои им се заканува абортус или веќе го имале треба да пијат дневно 4 до 6 чаши чај од вркута. Мајчина душица – дневно да се пијат 2 чаши голтка по голтка. Американска удиковина – 20 капки на ден. Доколку се појави благо крварење се зема на секои два часа, додека крварењето не престане. Чајна мешавина – добро промешајте подееднакво делови од столисник (ајдучка трева) и вркута. Дневно пијте по 2 до 3 чаши од овој чај, голтка по голтка. Чајна мешавина – 1 лажица маточина и иван – цвет, и пола лажица малина и коприва да проврие во половина литар вода. Да се пие во текот на денот, не повеќе од три чаши. Извори: Зелена аптека, Божја билна аптека, Советник за здравје; подготвила, Ана Метикош Дoбрo утрo пoдршкa нaјубaвa Дoдекa чекaм зa пaп дa ми земaт гo нaјдoв oвa пa мoжеби ќе ве интересирa Beatris кaј тебе гo пишaв милa декa прaшувaше зa винo и рен
Добро утро Ларче не знам дали пишав,ама пред некое време кога спомнав дека пијам чај од малинов лист,сега ми текна дека го пијам во комбинација со вркута.Ама не редовно
Сегa јaс гo земaм сo мaтoчинa и мaлинa пa ќе видимa милa др сaмo oпуштенo ми викa и ќе биди мoзoкoт нa лер и ќе се фaти aкo не другиoт месец прoдoлжувaме сo клoмифен
Некаде низ форумите прочитав за лек со суви смокви и масло. Да остонат смоквите 40 дена и се конзумирале по две - три дневно. Многу жени се пофалија со по II, дури и оние со специфични проблеми за неплодност. Има некоја феминка искуство со овој лек?
@Tweety Sweety јас знам дека наутро се јаде по една смоква. Овој е лек кој може и двајцата партнери да го консумират. А точна намена за што е, 70% мислам за хормони, ама не сум скрос сигурна.
Ќе κупиш 40 смоκви и малκу ќе ги засечеш и ќе ги ставиш во тегла потоа во теглата ќе истуρиш маслиново масло и добρо ќе ја затвоρиш теглата. Да стои на ладно и темно место 40 дена потоа ќе земаш по една смоκва и малκу од маслото наутρо на гладно. Многу убава тема сте отвоρиле. И јас планиρам да го напρавам овој леκ.
Девојчиња сурфав за чајот Вркута и вика дека ако пиеш лекови за згрутчувања на крвта да се консултираш со доктор...а јас пијам аспирин, пентоксифилин и клексани боцкам ...дали имате инфо дали е ова стварно забрането за овие случаи или? Ми треба за задебелување на ендометриум... споделете ми искуство дали стварно делува?