Се спремам за инвитро но покрај витамините сакам чај да пробам на природна база за забременување. Стојанови или Матија кој се подобри или доколку имате искуство со некои Ве молам кажете.
Здраво, сакам да прашам дали има некој искуство со природен лек за запушени јајцеводи? Правев HSG на кој се покажа само дека левиот јајцевод е запушен а со хистероскопја се покажа дека и двата јајцеводи се запушени. Склона сум кон создавање на миоми и 2 пати на 2 години се имам оперирано за да ги отстранам. Од природни лекови за жал ништо ми нема помогнато или јас не сум конзистентна 6 месеци да правам нешто, 3 месеци сум приела чаеви против миоми, лен со мед и вода, чувар кука со мед... Како искуство доколку на некој му е потребно (пред да ја знам дијагнозата со запушени јајцеводи) го имам пробано рецептот со вино со рен имам пиено 5 стаклени шишиња по скоро 1 литар и не ми помогна