Јас бев со спинална. Не можев ни да замислам поубаво. Напоните се сеќаваат а не боли. Трае 2 саати. Мене 10 минути ми требаше.
Моето искуство со епидурал е убаво. Да не бев толку запната за ептен природно и да го прифатев порано, и сеќавањето на целиот процес раѓање ќе ми беше сигурно убав, весел, возбудлив. Што се тиче болки, погоре прочитав, ако некој што е коркач и успеал без епидурал/спинал тогаш можат сите. Не се согласувам. Читајќи за искуства и слушајќи околу мене факт е дека болките се со различен интензитет кај различни жени. Не е болката една,универзална па некој ќе ја истрпи некој не. Отварањето и ширењето на карлицата знае да биде болно до тресење и онесвестување, како кај мене. А коркач не сум, до последно бев позитивна и насмеана. Болките ќе си ги процените сами дали можете или не можете да ги издржите, и ќе го слушате и докторот што ви препорачува. Јас бев своеглава и лошо проценив. А за напоните, јас ги осеќав и тоа како, уште првите кога почнаа почнав панично да викам по сестрите дека ми се оди по нужда и дека едвај држам. Последици немам баш никакви, кај мене ок помина се
па ке ти стават една алка на раката поврзана со катетерот и со притискање на копчето на алката додаваш доза да ти течи од анестезијата, повеќе од подесената, доколку болките ти се наголемуваат. Не треба да се претера и да се притиска на секоја болка оти така ептен ќе се здрвиш и нема да осеќаш напони. Секако, анестезиологот постојано ќе те контролира, но додека си чекаш отварање, преку дозерот може да си додаваш капка плус кога осеќаш дека болката станува посилна.
Јас за 8ч 5 прсти се отворив, последниот 9ти час одеднаш си се отворив скроз. Пораѓајот ми беше дури 1 минута, раѓањето баш тој момент ми беше уствари најлесен. Болките за отварање тие 8,9ч ми беа пострашни од самиот чин искачање на бебето, нит сецнувањето го осетив, ништо баш од што се беше ептен брзо. После тоа ме удри адреналин некој цела се тресев од возбуда, не ни обрнав внимание на болката доле. Само што споро се отварав, а бев тие саати со болки на 1/пола минута и не добив провокации, незнам зашто, но чим секоја болка ја преќутував и не се онесвестував и сл значи или имам јака толеранција за болка, или не биле толку многу јаки како кај други жени. Инаку сум слушнала искуства што и покрај провокации пак споро се отварале, значи се си е индивидуално, различно кај секоја жена. @Nikita7 што ако и провокации си доби, во 2 ноќеска водењак и пукна, се породи во 20ч вечерта. Мене дури не ми даваа ни да шетам, а барав да станам да шетам за побрзо да се отворам. Како божем сега со искуство, па се надевам второродка полесно да поминам.. но ке видиме Пак би одела скроз без ништо, нит спинал, ни епидурал..
Се согласувам дека не е иста болката кај сите. Среќа што кога почнаа многу јаки болки побарав епидурална, зашто додека се пораѓав испадна прво рачето напред да излегува па главчето (како Супермен ), па дополнително за 2 часа се пролонгира породувањето, за болките не сакам ни да помислам какви ќе беа. Ќе осетев и сечење и се (кое не беше мало изгледа ). Ако имам второ, воопшто нема да се размислувам туку одма ќе си побарам епидурална. Секоа чест на тие што се пораѓале без епидурал или спинална
Со провокација порагаат скоро во сите гратски болници.Особено ако термин е надминат.Верувам дека на гак и те како има провокација Јас со провокација се породив вториот пат и мислам мн поболно е кога ке почне да тече провокацијата
Прв пат слушам дека и со спинална природно пораѓале. Не можам да замислам како изгледа тоа, мене за царскиот само што ми ја стави анестезиологот во кичмата, од стомак надолу апсолутно ништо не чувствував.
Сигурно има ама зашто не ја употребуваат ,коментаров ми беше наменет за членка која имаше пишано во породилни приказни пред да го преместат тука , 14 саати се отварала што е премногу, мислам дека можеле да ја убрзаат работата со провокација. Инаку и јас сум породена со провокација, не бев воопшто отворена пред да ми ја стават ама мораше да ме породат, во сеќавање не ми се некои неиздржливи болки.
Јас се отварав 13 часа+3 на бокс за 16 завршив работа. Не ми ставија провокација, а прво тоа прашав кога на луди болки ме прегледаа 1 и пол-2 прсти отворена. Докторката рече ова си оди природно како по книга, ќе трае околу 12 часа а провокација не ставаме на вака убаво тргнато, може да ни искомплицира и царски да завршиме. Што беше убаво незнам ама ваљда процениле за провокација правилно
Има доста искуства каде и покрај провокации, не се отвараат побрзо, пак толку саати трае отварањето со појаки болки поради провокациите... Имам пријателка со многу надносено бебе решија да ја пораѓаат со провокации, она па ич не реаѓираше на провокациите, па кај неа мораше царски.
И јас се распрашував во темава и на крај решив да си барам епидурал. Арно ама пораѓај ретко оди како што сме си замислиле, па немаше можност да ми стават. Ама среќа брзо се отворив, без провокација, поради истата причина како и епидуралот. Болките ми беа ептен подносливи, до седум прсти немав мака, после некако одма напони ми дојдоа и правец на бокс. И втор пат да се пораѓам без епидурал ќе одам. Ама ако се има огромни болки нема зашто да не се стави епидурал, пријателка моја прелесно си помина, не и влијаеше на напоните. Иако ете, не е кај секој исто.
Феминки, а тоа епидуралната кога ја ставаат еве конкретно во Систина? Може ли сама да си ја побарам кога ќе почуствувам потреба или докторот одлучува? Ова го прашувам зашто често читам дека многу на крај од пораѓај ја добивале. Тогаш веќе болките горе-доле завршувале, а самиот чин на излегување на бебето не бил толку болен колку што бил периодот на контракции и отварање на карлицата. Некое искуство ве молам?
Феминки, а тоа епидуралната кога ја ставаат еве конкретно во Систина? Може ли сама да си ја побарам кога ќе почуствувам потреба или докторот одлучува? Ова го прашувам зашто често читам дека многу на крај од пораѓај ја добивале. Тогаш веќе болките горе-доле завршувале, а самиот чин на излегување на бебето не бил толку болен колку што бил периодот на контракции и отварање на карлицата. Некое искуство ве молам?
Бидејки присуствувам на предавањата од систина за трудници ,имаше предавање за епидурална или спинална анестезија ,мислам дека рекоа дека докторот одлучува кога да ти биде даден епидуралот ...ама ако неможеш да ги трпиш болките можеш и сама порано да си побараш да ти дадат епидурал или доколку ти е поставен да ти ја појачаат дозата на лекот .
Јас две девојки што ги знам што се пораѓаа на ГАК со епидурална ги пораѓаа. Ама мислам дека со врски беа и двете.
Претпоставував дека со врски, така ни функционира здравството. Ама братучетка ми имаше врски па трпела јаки болки со саати. На Една пријателка и спомнав дека сакам еве со анестезија и таа ми одговори :па така како ќе осетиш дека раѓаш Размислувањава на луѓево се