Непотребни коментари секогаш ќе има. Само не им е место, ама за жал неможеме да ги избегнеме. Затоа јас игнорирам се што не ми одговара. Ако си бараме анестезија не не прави помалку мајки исто како што не не прави помалку мајки ако се породиме царски наместо природно. Ти си знаеш најубаво како се осеќаш. Мене последно другарка што се пораѓаше само ми рече, да не се будалам и да одбивам анестезија. Зошто таа до краен стадиум одбивала и на крај од премор заврши на царски.
Леле тие муабети, не ги можам повеќе. Јас па кога реков дека сакам царски сите другарки вака беа . Знаев шо сакаат да кажат
На клиника анестезија само со врски. Снаа ми се пораѓаше само дека фатија врска инаку пак на приватно ќе одеше. И тоа врската седела со неа дур не и ставиле анестезија затоа што и рекла отидов ли јас, ти остана без анестезија
На почетокот се си ставав на срце. Прв пат бремена, не ни знаев како луѓето можат да бидат, да не речам, бесчуствителни. Непотребни (и непобарани) мислења за тоа како стомакот не ми се зголемувал напред, туку од страните, многу сум се здебелила, требало да движам многу повеќе, сум читала многу од интернет, ќе те прашаат за име, ќе им кажеш и тоа нема да им се свиѓа. Свашта решив да не се замарам. Мое бебе, моја бременост, мое тело. Ако сакам и десет анестезии ќе побарам. И така веќе не слушам коментари од никој, дрско одговарам на дрски прашања, без разлика кој е "коментаторот"
Врски обавезно. Другарка го почастила(побарал) анестезиологот 50е оти и пуштил уште малку од епидуралот за да ја сошијат...
Мене нештo не ми е јaснo oвде ... Дa фaкaш врски зa aнестезијa. Вo кoј век живејме? Кaкo се пoнaшaт сo тaa aнестезијaтa кaкo нa aнестезиoлoгoт oд џебoт пaри дa му земaш. Ќе си плaтaм aкo требa пoбoгу, сaкaм aнестезијa и гoтoвo не гледaм зoштo требa врски и луѓе 100 дa се нaјдaт зa нештo хумaнo зa кoментaрите кoн трудници несaкaм ни дa пoмислaм oти ми се гaди
Мислам дека не е за парите, туку проблем со персонал. Мора да те следи нон стоп анестезиолог, а знаеме дека на државно е најголема гужвата, па најверојатно немаат толку персонал. Друго е на приватно.
Не мора да те следи цело време. Ја става анестезијата, чека да фати дава совети и си оди. По потреба секако би дошол
Јас се пораѓав со епидурална Вистина е многу олеснително Мене ме зезнаа дека ми ставија индукција (или како се вика,не се отварав никако) И покрај епидуралната Господ го имам видено И уште нешто,овде ме советуваа пред да ми ја стават дека нема да имам осет за напон и дека може да треба со вакум да се пораѓам На крај така и беше За следен пат би размислила за епидурална
Епа тоа ми е. Да не сум отворена ич и да ми стaват провокација, зарем со саати да трпам јаки болки? Ама некои луѓе просто размислуваат. Треба да се вратиме во тоа време кога раѓале по ниви. Абе реков јас дека треба да се вратиме во 80-тите години кога раѓале тогаш. И после оделе приватно. Па како да не одиш. Само што е многу скапо тоа е друга работа.Еве јатрва ми и ставиле провокација без анестезија на ГАК и помодрела, повраќала од болки и под итно на царски. Значи ужас. Не знам веќе кај да одам. Од една страна сакам приватно, ама мм ме убедува дека е скапо ако излезе на крај царски, а за природно имаме. И сега имам трема, не знам веќе.
Не би рекла. Ако е епидурал мора да ја дозира правило, а со тоа треба да те следи. И да нема анестезиолог, тогаш има анестетичар.
Речиси невозможно, за жал. Роднина отиде со врски, кога побара епидурал и рекоја ааа тоа за 4 часа ќе почне да дејствува, а ти ќе се породиш дотогаш Какви 4 часа само не знам, за 10 минути веќе си обезболен. Кој може да земе - мој совет.
Затоа мене само една доза ми ставија и пораѓајот го осеќав. Цтг остана на мене само за пулс и ми рекоа тоа што ти го осеќаш е поверодостојно од цтг
Море не да осеќав напони, мислев ќе излетам низ прозор А на раката имав белегзија за дозирање, неколку пати додадов додека се отворав, на пораѓај дозирањето му го препуштив на анестезиологот и осеќав се, си давав напони. А цтг то кај мене не покажуваше болки, само слаби контракции Го пратеа бебуш на него, за мене не им служеше. Колку се нервирав кога ќе прашаа "боли" јас " да", а цтг речиси мирно. Убедени беа дека лажам
Два пати раѓав со епидурал, се прашувам за што ми беше и тој... трета среќа најверојатно би одела и без него.
Првиот не делуваше и имав општо лошо искуство. Вториот беше прекасно, бев претпоставувам веќе 8-9 прсти отворена, се породив после околу 10 минути. Беше многу многу тешко за време на најјаки болки и контракции да седнам во полу наведната положба плус и да не мрдам за да можат да ме боцнат во рбетот.