Мене пораѓајот ми помина лесно, самото раѓање бидна за помалку од минута. Највеќе болно ми беше чекањето 3ч со болки на 5мин, па 6ч на 1мин/30секунди. Дај боже лесно да се отворам и побрзо со второво, не би сакала епидурална бидејки чинот на искачање на бебето најлесно го поднесов..
Полесно и побрзо е вториот пат Мариз. Вториот пат и кај мене беше испаѓањето најлесно, отварањето беше поболниот дел. Споредено со пораѓајот со Тео кој исто ти беше без епидурал, како песна ќе биде сега
Ууф дај боже овој пат и ке чекам дома болки до крај, не се давам лесно да не се акам таму низ ходници... па таман од кола на бокс право
Потпишувам дека не треба ич за второто Појдов 9 прсти отворена.. Буквално со смеа и вицови го родив.. Дури на акушерките на пракса јас им објаснував какп оди процедурата Шала на страна, пунктирана сум два пати во кичма, плус имам спортска повреда на лумбален прешлен.. И не ни помислував игла..
Јас па обратно. За следно би зела епидурал од порано, а не 6 часа да трпам болки во различни временски интервали ( цело време такви ми беа) дури да се отворам 7 прсти. Откако продејствува ептен ми се олесни Јас дете без епидурал не раѓам. Но, бидејќи имам искуство со изместен катетер и пребоцкување, ќе мо биде повеќе страв за второ отколку за прво Ама, рано е за тоа...
Вчера сабајлето се породив без епидурална. Кога појдов В болница тоа ми беше првото прашање дали има епидурална и ми рекоа да има. Кога прашав за епидурална кога може да се даде бев отворена нецели 2 прсти, ми рекоа барем 3 да бидам па може да ми дадат. И следно кога решив да прашам за епидурална бев 9 прсти отворена и не ни побарав, за брзо се породив. А мислев нема да можам без епидурална.
Јас се породив со епидурална.заминав на болница бев отворена 5 прсти.почнаја болките да идат на минута и ми ја ставија тогаш јас побарав а можев усте од отпочеток ама чекав.и кога почнаја се почесто и појаки болките ми ја ставија и ништо никакви болки немав.ги осекав само контракциите.јас сум за епидурална секако кој може да си допушти оти скапа е.зборам за во приватниве а за државна нз колку е.ама доколку родам пак би одела со епидурална ке си собирам пари уште од сега
Едит: заборавив да пишам дека се породив во странство, каде што епидурална се дава на секоја трудница и е бесплатна. Но касно ми текна да ја барам. На 9 прсти отворена немаше смисла. Што значи болките беја издржливи и јас мислев дека не сум повеќе од 5 прсти отворена, кога ми кажаја 9 искрено се израдував.