22.000 денари. Јас во декември се породив и епидуралот ги доплатив 12.000. Сега била поскапена на 18.000, се зачудив. Сепак од секаде најефтино доаѓа.
Да поскапена е не се нормални.јас пред 3месеци се породив платив 59.600 зборам си епидурална за скапо прескапо е ама така е кога не ни чини болницата
Не е толку скапо во споредба со Систина и Ремедика. А врвна услуга има. Јас за парите сум задоволна. И повеќе.
Јас се породив пред скоро 2 години во Плодност,платив скоро 70.000 ден.62.500 беше царскиот,епидуралот ми ја напатија 6.000 (оти прво почнав со природен пораѓај,затоа имав епидурал). 1.300 за анестезиологот. Вкупно 69.800
Да да и јас не да сум задоволна презадоволна сум.услуга на високо ниво.а да поскапо е во систина.и јас не жалам за парите.
Normalno ke bide poskapo vo sistina i remedika. Vo skopje se, a toa sekogas znaci deka se e poskapo Plus najdobrite doktori se tuka
+ Епидурална анелгезија вака се вика анестезијата за безболно породување? прочитав во плодност за природен пораѓај дека се доплаќа плус 12 000 ама дали е морална да ти ја стават или можи да си ги кркаш болките без нејзе т.е без да платиш
Не е морална ,ама сепак ти се знаеш себеси до кој степен можеш да трпиш болка ,не е секоја жена иста ,ниту секој пораѓај исти Со првото на пораѓај имав ужасни болки во половината и опашката ,а уста не отворив ,плачев во себе и успеав без да викнам ,а со второто за малку дома ќе родев ,имав менструални болки напон имав одма штом стигнав во болница го родив ,исто без уста да отворам насмеана го родив ,како на шала ,амааа .. третово не е чудо маста да ми ја извади како што почнало уште од сам зачеток Само да ни се живи и здрави ,болката е само неколку минути или часа среќата и најголемата љубов према чедото ќе направат за секунда болката да ни биде како низ магла
Да секоја е различно ама ко ќе видиме дека порано бабите наши и мајки без анестезии поминале па енеги здрави прави си викам шо па јас да барам анестезија ко ни прва ни последна сум.. Како велат за лепота се се трпи ама ова е најголемата радост на секој чоек па вреди и болките и се мене прв пораѓај ќе ми биди рано е ама баш размислувам дали приватно или државно..
Јa знaјш пoгoвoркaтa кo ќе ти дaвaт земaј кo ќе те бркaт бегaј? Акo ти нудaт земи си сигурнo се издржувa и без неa aмa немa пoтребa
Кога си размислувам и јас државно или приватно си кажувам на глас па маж ми мѝ се смее ,кажувам државно -касапница да те страв дете да родиш ,а приватно -финансиски гледано нема шанси ни кредит да земам не можам ,па така да се смеам на своја сметка иако си кажувам само Господ да не чува и заштити од лошо каде и во која болница да идеме од пишаното не се бега ,како е пишано така ќе пројдеме (сепак зависи и во какви раце ќе бидеме во болницата) ..Ти која недела си ? Не се потресувај со мислења околу пораѓајот , тоа иде се спонтано ,подоцна кога ќе се сетиш ќе се смееш на што се си мислела ,а скроз различно било
Јас првиот пораѓај 3ч бев со болки на 4м, после пукање на водењак бев 6ч со болки на 1мин/30сек и ги дишев без глас да пуштам, кога имав контракција си го стискав креветот од страните и си викав во себе помина помина помина 9ч ми требаа да се отворам... а мислам супер ги издржав, без урлање пораѓајот беше полесниот дел (боли и тогаш многу), ама поминува па за брзо. Два напона и искочи синко... Сега имам вклучено епидурална, но незнам дали би ја земала... искрено ми е страв од неа, незнам зашто... а дека втор пораѓај, се надевам на побрз процес на отварање мене ме копка дали само за контракциите да не се осеќаат е додека се отвориш, или и при раѓањето е намалена болката?
I pri ragjanje, so toa sto vo sistina, za remedika ne znam, ostavaat malku da pusti anestezijata koga ke dojde vreme za ragjanje za da osekjas koga da butkas
Да баш пријателка скоро породена таму ми кажа дека и исклучиле кога дошло време за раѓање, за да осеќа контракции.. е во Ремедика незнам како е, сите што ги познавам се царски породени, па немам искуство. Како биде така, ке видиме кога ке дојде време дали ке ми треба
Напоните ги осеќаш и со епидурал Јас добив епидурална ама не се отварав па ме зезнаа со индукција и исто ми беше како да не сум ја земала Овој пат во болницата ме предупредија дека е подобро воопшто да не земам ако отварањето оди бавно