Природно породување - со или без епидурална анестезија?

Дискусија во 'Бременост' започната од kleopatra11, 3 декември 2009.

  1. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    92
    не разбрав баш дали сeга брзо си породена? инаку, да, се согласувам тотално со тебе!!!

    Господ да го благослови тој што ја измислил. !!! :rock: :rock: :rock:
     
  2. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    181
    Првиот пост сум го напишала додека бев бремена со второто детенце, а вториот сега (се породив пред 4 месеци) :)
     
  3. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    92
    :) Добро. Ете кој го искусил на сопствена кожа благодетот на епидуралот. Плус за второто дете, вредело! :)
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    ne sum bas zapoznaena , me interesira dali koga odis na poragjaj ti biras kako sakas da se porodis ili doktorot ti kazuva, dali ja ako sakam so epiduralna ke bide taka, za carski veke znam deka ako se mora se mora ??? :call:
     
  5. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    181
    Ако одиш во приватна клиника, може веднаш да си договриш безболен пороѓај. Јас се пордив на ГАК со епидурална, ама со мнооогу убедувања и врски...
     
  6. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    92
    Да, Инола баш убаво кажа. И јас се породив декември 2006-та на ГАК природно со епидурална ама исто со милион врски и убедувања. Од типот да почнеме без епидурал па ќе видиме, ајде, ајде и нашите баби раѓале на ниви, не знам што, а муабетот е што кога ,,те боцкаат,, поткожно, значи кога ја аплицираат иглата на која е надоврзано катетерчето /цревцето низ кое поминува анелгетикот си има протокол медицински до колку сантиметри отвореност се става. Збориме за природен пораѓај и истиот се аплицира на 4 максимум 5 сантима отвореност. Среќната вест е што сега веќе на ГАК не требаат врски туку си го плаќаш епидуралот (МИСЛАМ 6000 денари) ама треба да е најавен, значи кога си 8-ми 9-ти месец бремена да отидеш таму ( доле во амбулантата) да се информираш демек и да си најавиш дека ќе уплатиш и сакаш со епидурал.
     
  7. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    181
    Не се плаќа епидуралот на ГАК, само во приватните клиники се плаќа. И јас мислев дека се плаќа, ама на предавањата на ГАК ни кажаа дека е бесплатен, и навистина така беше. Не го добив бесплатно заради врските, туку затоа што навистина е бесплатен.
     
  8. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    92

    Е па навистина не ги разбирам!!! Мене ми кажаа дека го наплаќале. Тој што им е втор директор, нели економскиот менаџер сега по некоја случајност му е пријател на маж ми и поручек ќе го барам да ми каже сигурно. Бидејќи на 2 мои другарки им кажаа (едната 2009, другава 2010) дека не се плаќа ако е за царски или не дај Боже некој зафат хируршки, а за природно се наплаќал. МИСЛАМ беше 6.000 денари, а ако сакаш да бираш анестезилог плаќаш плус. Или пак ако сакаш епидурал ама да си го бираш сама и анестезиологот, нели сега може и гинекологот кој ќе те пораѓа да си го избереш, можеби за тоа е муабетот со плаќањето. Не сум сигурна велам. А за да бираш лекари 100% знам дека си плаќаш дека нели истите ги викаат вон работно време, да кажам по порачка и услугата е екстра.
     
  9. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    181
    Јас се породив во март оваа година...нас на предавања, значи јавно пред сите, анестезиологот ни кажа дека не се наплаќа епидуралот...и така беше.

    Мислам дека порано викале анестезиолози од другите клиники, и таа услуга се плаќала. Ама за ова не сум 100% сигурна.
     
  10. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    92
     
  11. mariovska

    mariovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Jas bi trebalo da se porodam za 2 meseci pa efektivno razmisluvam dali bez ili so epidural i vo koja bolnica?Dali
    nekoj se porodil vo Cair so epidural?
     
  12. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    38

    Zaboraviv da pisam se porodiv na 25 dek. 2009 :) so carski nikakov problem nemam do sega :)



    malce zakasniv :)) so odgovaranje
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.877
    Eте јас понапред сум пишала пред 1 год :) Jас немам никакви болки,дали сеуште е рано да ми се појават,но ништо не чуствувам во кичмата :^) некои велат зависело до организмот :?: Bи ја препорачувам јас многу лесно си поминав,ништо не чуствував :) исто како инола што рече сите нека ги носат бебињата,јас ке им ги рагам :lol: истото и јас го мислев кога се породив,од толку што бев задоволна :)
     
    На Natasa. P му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.801
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во Чаир ама природно, не со епидурална, породувањето ми беше многу лесно, со 2 напони, ама хигиенските услови беа катастрофа (пред 4 год., сега не знам како е), топла вода немаше секогаш, многу брзо се трошеше, едни спаваќи што ги даваат крути како штиркани (не беше дозволено од дома), и ако немаш свој човек многу многу не те рецкаат. Со лесно нека е на сите идни мамички :)
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    42.399
    Пол:
    Женски
    Имам две деца родени по природен пат во Систина.
    Првото ми е 7 години,а второто 5.
    За првиот пораѓај немаше сеуште епидурална АНАЛГЕЗИЈА која се дава за намалување на болките при природното породување.Имаше епидурална Анестезија,која се дава при породување со царски рез.Овие два поими треба да се разграничат.Знаачи при природно породување се дава аналгезија,а при царски рез -анестезија.
    За второто дете ми понудија да добијам епидурална аналгезија и прифатив.Аплицирањето на оваа аналгезија не беше ни малку болно,претходно местото(кичмата)се прска со локален анестетик(како спреј кој се користи на забар) и се става додека трае контракцијата .Инаку се става кога отприлика жената е отворена 4-5 прста затоа што дејството на аналгетикот е пократко.Оваа аналгезија има за цел намалување на болките за околу 80%,и да болките се многу намалени ,но контракциите се чувствуваат.Ова придонесува за побрзо отварање,бидејки мускулатурата е поопуштена (нЕ е во грч при секоја контракција).И нозете не се одземени,можеш слободно да се движиш(не е анестезија).
    Јас на сите идни мамички би им ја препорачала епидуралната аналгезија,потполно е безопасна(за оние кои природно ке раѓаат).И да не се прими аналгезија,раѓањето е еден преубав чин,болките веднаш се забораваат кога ке го слушнете најубавиот плач на бебето и кога ке ви го стават на градите.
    Со лесно на сите ... :)
     
    На Natasa. P, m1lani и Lady-PinkHeart им се допаѓа ова.
  16. kika84

    kika84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    zdravo na sire jas sum bremena vo 5 mesec pa kaj i da e treba da odlucam kade da se poragam ama drzavna strasnio me plase dali nekoj skoro se poragal tamu i kako e da kaze a za epiduralna anestezija od mnogu sum slusnala deka sakaat da im stavat a koga ke otidat tamu ne im jas stavaat neznam zosto e toa taka i sestrite katastrofa nikoj ne doaga da te vide osven ako nemas nekoj so vrski. Imam komsika raboti tamu mi rece deka sega i doktor ne moze da te poraga koj sakas neli da go platis posto noviot direktor im bil mnogu storg i ako ne e na rabota ne moze da dojde osven ako saka parite da gi prefrli na ziro smetka od bolnicata i strasno sum vo dvoumenje a za vo sistina i remedika znam deka e 60 000 obicen 90 000 carski mislam deka e malku previse i mnogu sum vo misla ve molam ako ima nekoj nesto da kaze da me utesi neka pise fala v i odnapred poz do site.

    [mod-kirilica:1ayfnjg4][/mod-kirilica:1ayfnjg4]
     
  17. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    поздрав до сите слатки трудници :* :* :* да си се породите по природен пат е најдобро,најдете на интернет вежби за дишење и вежбајте ги мене ми помогнаа многу - инаку така се породив со близначките мои пред 10г.,движете се што е можно повеке и најдете си врски за да не ве кројат како „стока“-се извинувам ,ама тоа е страшно и ми го направија мене пред 20г. па пораѓајот не ми беше толку болен колку шиењето.епидурална или било кој друг начин на породување направете доколку навистина има потреба од такво нешто,зошто последици секогаш има порано или подоцна, и да си се олесните со убаво сите до една со господ напомош :* и ве сакам сите :* :* :*
     
  18. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    67
    има ли некој кој е пораган со епидурална анестезија ама при природен порагај оти имам слушнато дека во систина ја користеле и за царски мојот бебуш почна да се мести главично па сакам да земам епидурална ако е можно :)

    има ли некој кој е пораган со епидурална анестезија ама при природен порагај оти имам слушнато дека во систина ја користеле и за царски мојот бебуш почна да се мести главично па сакам да земам епидурална ако е можно :!:
     
    Последна измена од модератор: 9 април 2017
  19. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    283
    Сестра ми и скоро сите другарки, се породија природно со епидурална анастезија. Сите топло ми ја препорачаа, да не се правам јунак, да си побарам епидурална, си имам право, и онака се доплаќа, не ти ја даваат за џабе.
    Незгодна била додека ја ставаат иглата во р`бетот ама после тоа било големо олеснение. Во моментот ја преполовува болката во граници на издржливост, а сепак доволно за да се чувствуваат контракциите и да ти остане сила до крај.
    При природен пораѓај знам дека анестезиологот ја дозира во текот на пораѓајот во неколку дози, а при царски рез веројатно се става одеднаш за целосно обезболување.
     
    На Elenika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.940
    Допаѓања:
    104.723
    Пол:
    Женски
    Епидурална анестезија за природно породување и спинална анестезија која се става кај царски рез не е исто.
    Кај епидуралната анестезија нема болка, ама напоните ги чувствувате, односно, чувствувате сè освен болката. А кај спиналната ништо не чувствувате од половината надолу ;)
     
    На Natasa. P и AIT им се допаѓа ова.