Многупати е говорено на темава. Епидурал не се дава на државниве бидејќи има недостаток на анестезиолози. Кога има еден анестезиолог на смена, нормално е дека ќе го чуваат за итни случаи. Жално, но вистинито
Немаат доволно анестезиолози. Еден/двајца и за царски и природно, а знаеме дека претежно жените се пораѓаат во државните клиники.
Кај нас на гинеколошко одделение воопшто нема обучен анестезиолог за епидурал. И за царски е тој од хирургија. Недостаток на кадар за жал.
И вo битoлa тaкa тoј oд хирургијa дoјде дa ми стaви спинaлнa и седеше сo мене нa цaрски. Еден е тoј нa сменa
Ни јас не сум чула, само за во државна знам сигурно. Еве овој пат бидејќи ќе имам врска, кандидат сум за епидурал (а и за присуство на сопругот), па кога ќе се распрашам ќе споделам и на форумов.
Се виткаш во положба на фетус и те боцкаат во рбетот. Искуството е идивидуално, целта е пораѓајот да е што е можно побезболен. На крај да ги осеќаш напоните но да ти се олесни процесот на отварање. Иакое тешко во тој момент, потруди се да бидеш опуштена и да не мрдаш додека те боцкаат.
Болката е минимална? И после колку време поминува отрпнатостта? Претпоставувам дека имаш искуство со епидурална па дали мислиш дека породувањето е подобро со неа?
Јас поминав супер, мислам дека не би раѓала повторно без епидурална Откако ми ја ставија почна да делува за десетина минути. Прво те боцкаат локално, па епидуралната, значи 2 пати. Го почувствував само првото боцкање, но имав контракции па тоа боцкање не беше ништо во споредба. Поминаа преку 3 недели еве, немам болки кај што ме боцкаа како што знае да се појави кај некој. Но има тука и со искуства дека не им фатила епидуралната, се надевам ќе немаш такво искуство.
Имам една неуспешна епидурална со провокација, една успешна и еден царски. Дефинитивно со епидурал е најдобра опција, но вториот пат ми ја ставија кога бев веќе целосно отворена, и без нејзе го минав скоро цел процес и беше подносливо. Секој е индивидуален. Некој се отвара побрзи друг побавно. Но кога се користи провокација болките се поголеми. Во текот на пораѓајот преку инфузијата регулираат плус минус средства за болка, па ќе гледаат да си покриена додека е пораѓајот. Не е како спиналната кога не ги чуствуваш нозете па да се осети некаква вистинска отрпнатост и да чекаш да мине дејство.
Нема ништо да ти е отрпнато ќе може што сакаш да правиш ама болка нема да осеќаш. Ако се пораѓав природно немаше да раѓам без епидурална оти 21 век сме и не гледам потреба да ме боли ако можи да не ме боли. Со лесно мајка
Ви благодарам на одговорите, прв пораѓај, големо бебе и нормално стравот е присутен, а имам шанса за епидурал, па да знам дали да ја искористам Со лесно на сите, па и на мене