Жено ако отидеш пустата како мене 6 прста отворена и без избор има да раѓаш и уште да бараш. Мислиш ја сакав краЉица да се праам ау натурал да раѓам
Првото со епидурал беше така? Знам дека за второто брзо се олесни па ме занима како го доживеа второво искуство со оглед на тоа дека беше ем пократко ем без анестезија...? Јас сакала-неќела ќе мора да стискам зуби ама па се надевам овој пат да не ги искршам од стискање
Хахаха ме изнасмеа со последново Да ти кажам среќа што беше кратко. Им симињам капа на тие што раѓаат без епидурал. 2.30 по полноќ се разбудив. 3.30 бев во болница. Во 4 ме прегледаа. Во 4.55 родив. Болки малтене имав цело време а морав да трпам земање врисеви, крв, кклизма итн. Од друга страна, полесно се опоравив, вагинални болки никакви уште одма. Немав епизиотомија. Брзо помина и лесно. Само со 3 напони. А болките одма ги заборавив. И да првото беше со епидурал. Во 8 ми пукна водењак. Во 2 се породив
На таа пара ако сакам и сестра ќе вреска заедно со мене, не па анестезија да не ми стават. Ептен лесно си поминала штом си прифатила без анестезија
Кој рече дека сум прифатила? Немав избор, не може во било кое време да се стави. Па колку пари сакаш дади. Е добро акушерката ме галеше а докторот лице ми миеше #краЉицарулз
И мојот доктор се погоди таков фин, ама супер би било да трпам болки саат-два наместо 4 саати (после пукање водењак) како првиот пат. Глас не пуштав ама ми идеше шипките од креветите да ги изгризам
Бар плати помалку? Јер нели избор не можеше да направиш а во цената е вклучена таа анестезија која ради немање на избор не ја прими?#ПрашањаКоиМеМачат
Ne. Vlaga u pake Ne se doplaka dopolnitelno kako Plodnost pa za da ne ja platam. Ne znam tocno, ama koga me kacija na boks i vekje "mozese" da me bockaat (gotovi rezultati od krv, procistuvanje itn) bev 9 prsti otvorena
Мислам до кај 5 прсти негде, мене на пола саат ми влагаа сестра и доктор во соба да ме прашаат дали сум се предомислила зашто нема да може понатака ( кога кажав дефинитивно дека ќе трпам бев мислам 4 и пол-5 прсти) многу брзо после тоа почнав да припаѓам од болки па ги викнав да кажам дека сега сакам Малку се напнаа, се растрчаа, одма дојде анестезиолог и брзаа да ме боцнат.
И јас кога бев 5 прсти ми рекоа ќе стават, ама се заакаа пола саат. Тогаш беа најголемите контракции и сигурно се доотворив уште неколку кога се вратија и ја ставија. По 15-20 минути бев веќе породена.
Тука негде е границата изгледа, 5-6 прсти, не сум слушнала на некој покасно да стават, баш ме интересира зошто е тоа така..
Мислам дека е различно од случај до случај, јас до крај седев приклучена со епидурал, малку го намалија, напони осеќав болни но издржливи. Нешто коментираа за напоните дека треба да го намалат уште епидуралот за посилно да ги осеќам да буткам, е тогаш веќе беа јаки ама кај мене целиот процес одеше тешко со препреки така да не е ова правило
Самите напони те тераат и ти да напнуваш (исто ко во вц што одиш ). Со епидурал не ги осекав во празно пробував да напнам и прекинував, зошто ништо не осеќав. Видоа не оди работата така и ја изгасија. Тогаш толку брзо се се случува што немаш време да мислиш дали ќе боли или не
Јас со второто за 15 мин.Влеговме во болница во 08 часот,во 08.15 се породив,докторката немаше време да се пресоблече(дојде со нас)