Јас природно се породив и до 8 прсти отворенс шетав пред Гак без глас да пуштам. Второ ќе родам природно повторно. Епидурал не ни може кај мене оти имам искривен 'рбет, така да оваа опција не постои за мене. Издржливо е и се заборава брзо на целиот процес. После бебето ништо не е важно веќе.
КАко што ве читам си викам „тууу, за второ одма се отвараш, одма раѓаш“...Ми праите одма да останам трудна
Јас не спаѓам во тие Абер немав да се отворам... баксуз невиден, толкаво бебе искочи од мене... не попушташе грлото и за второто
Какво искривување имаш? Јас имам скулиоза (поголем степен, ептен приметливо), и се помачија за спиналната, но успеаа да ме боцнат... а и јас многу се плашев поради тоа
Се пораѓав со провокации, без епидурална, без спинална, без ништо. На државно. За болење, боли, поприлично ама само што излезе бебето, како ништо да не било.
Природно не сум раѓала, кај мене тоа не е во опција а царскиов го поминав баш царски Да можев природно од врата ќе барав епидурал не се правам херој ако нема потреба
најголема улога е колку си јака, како физички така и психички, ако си слаба поготово на крв боље ти е анестезија, и секако друга битна улога е колку си широка во колкови, колку пошироки колкови толку полесно, значи и години и сето друго е некој мал мозеби и небитен фактор
Се.согласувам. имам голема кралица, лесно излезе бебето. Природно. Дека болеше - болеше отворањето, неама викам не, ама самото раѓање кај мене помина ептен лесно
Нема никаква поврзаност анестезијата со гледањето крв, со епидурал исто си будна и све гледаш околу тебе. Мада јас воопшто не видов ни крв ни постелка, како што бев залегната на столчето воопшто неможев да видам што истекува надоле. Во врска со карлицата таа природно се шири во секоја бременост за да може природно да излезе бебето, но во ретки случаеви знае бебето да биде многу крупно и да неможе да помине низ неа. Познавам жени по метро и 50 што раѓале деца по 4-5 кила. Анестезијата е повеќе да се обезболи процесот на отварањето на матката, што според мене е најболниот процес.
Сколиоза и кј мене е тоа е. Јас директ на целосна би прошла ако морам, но епидуралот некако страв ми е да помислам. Паничар сум си јас.
Мене не ме ни прашаа.. во сала приметија дека имам искривување... + локално анестезија прво не добив, директ спиналната... но покрај јаките контракции, на таа болка баш не ми текнува. Битно ја погодија и за кратко изгубив осет од пола надоле... а сега немам никакви последици.
Отварањето е поболниот дел. После ќе соработуваш и ќе напнуваш кога ќе ти кажат. И мене директно спинална ми ставале. Се изненадив дека има друг начин. Најлошо е ако има контракции баш кога опипуваат и ја ставаат. Не смее да се мрда а превиткан и боли .
Јас како што знам од 4 прста се става епидурал максимум до 8.Ако си 8 прста отворена нема епидурал,раџаш сакаш нејќеш. Јас знам дека мене само што ми го ставија епидуралот бев 10 прста одма отворена.Па ме оставија да чекам друга имаа за пораѓај.За на крај да снемам напони.Па ми даваа капки за напони да добијам.А бев со провокација јас олеснување не осетив напоните се осеќаат ама во поблага форма.Мислам дека е добара иновација и не се плашите од нус појави.Јас немам проблем со болки во рбетот.Ако имате шанса за епидурал земете.А и јас бев краЉица докторката ме галеше за раката, а мм ме ладеше со картон Едит: Пораѓајот е налесниот процес оди чувај дете да те видам милион грижи што како и милион прашања без одговор.Затоа не се плашите од пораѓајот на некој побрзу на некој подолго трае ама минува и се заборава.Со лесно на сите
Ќути... трпев болка, чекаа да помине и брзо одма боцкаа, ама шипки варени на 30 секунди имав контракции и баш иглата кога беше во мене тогаш ме фати пак болка Покрај контакциите и со првото, ова мислам беше најболното нешто што го искусив во животот.. контракција + боцкање во кичма, да признаам плачев во моментот
Исто, најјаки контракции имав тогаш, мислам дека до крај се отворив во тој момент. Од напор цел водењак доистече во тој момент.