Исто. директ од инфузијата за провокации у сала . И јас крив рбет абе 3-4 минути сигурно бараа како да ми ја турат анестезијава. Уште вика таа види ама и е крив рбетот ја у себе жено дај турај тоа анестезијата,не можаммм на секоја минутка контракција ако не и на пола. Малку се помачија, ама добро ме средија. Со спинална сум и јас. Кичмата ме болеше многу до кај вториот месец, веќе фала богу не
Јас имам тесна карлица. За неполни 10 мин се породив, во тие 10 мин ми вклучија цтг, ме боцнаа спазмекс, 2 пати ме прегледуваа, имаше уште еден обид да ме боцнат провокација и на крај со 2,3 напнувања се породив. Многу лесно поминав и бргу. Само 6,7см бев отворена, ама бебето ми беше 2600. Другарка се породи точно 4месеци (до ден и до саат) после мене, а е многу покрупна и со поширока карлица, бебето потешко 800гр од моето. Во исто време ни прсна водењакот, во ист час се породивме, само што таа беше царски, исто 6,7 см отворена. Имаше врски и бидејќи не можеше цел ден да ги издржи болките се одлучи за царски. Така да се е индивидуално.
хмм. вака, имам две деца и сега вака ќе ти кажам првото го родив без анестезија при раѓање од големи болки изгубив свест но мина се во најдобар ред покрај огромите болки, второто дека напатена барав да ми стават анестезија и автоматски немаш контрола вистинска па се случи гушење на бебето како резултат на тоа што неможев природно да “туркам“ сега знам ќе речеш стават провокација, но јас ќе ти речам дека природното дејствие “туркње“ кое доваѓа како резултат на болката е најдобро за плодот, мајки сме така не создал бог и ќе трпиме , ако се решам на трето мада ми влегоа годинките иако знам дека ќе имам големи болки ќе го раѓам без анестезија, не би сакала во ниеден случај да го загрозам бебушот (како што ми се деси со второто иако за среќа се помина без некој сериозни последици), најголемиот проблем кај мене се колковите или како што велиш карлиците, колку и да се шират секое тело си има максимално колку можат, првиот плод ми беше 3,70кг, вториот 3,90кг, машко и женско се согласувам дека се е идивидуално но 2600 и 3600 воопшто не е исто, поготово не кога раѓаш
Да, во право си. 3400 го роди она, ама 2 како мене има во неа. Не е битно тоа. Имаше една 5кг бебе без епизиотомија го роди, без ништо, брзо и лесно.
Тотално те разбирам, и јас исто размислувам вака, незнам каде не се разбравме. И мене првото ми е без никакви анестезија, и бидејќи знам кое исцрпување на организмот е, многу би сакала да искусам раѓање без болка т.е. со епидурал но знам дека пак нема да го доживеам. Можеби што викаш и подобро така. Штом си ги родила двете природно, ти немаш никаков проблем со карлицата
Се индивидуално две или три епидурални без никакво дејство беа кај мене. На крај контракциите речиси и да ги снема.
При крај сум со терминов и страв ме фаќа некако планирам природно во државна ама незнам дали ќе го издржам сето тоа ... Ако неможам да истрпам што мислите која варијанта е подобра царски или со епидурална? И колку се наплаќа за епидурална?
Сигурно не се плашиш, колку ја што се плашев. Ама страв не ти треба никако. Само позитивна мисла. Во 12 ч ме примија и тоа одма провокавија ми ставија до 16.30 се породив. 4.5 ч ко минута ми поминаа, џабе страв. Ќе помине пораѓајот, чувањето е потешко
Ќе истрпиш. Програмирани сме да раѓаме. Во ДНК-та ни е меморирана таа функција. Јас раѓав природно, без медикаменти. Со лесно нека ти е.. Па да си се радуваш на здраво-право бебенце
Ако имаш шанса барај си епидурална. Царска работа е. Секоја жена е различна и не секоја има ист праг на толеранција на болка, но кога се ќе заврши и ќе го видеш бебето, сите болки се како во сон. Само позитивни мисли.