Zalosna pisi dali tretoto poroduvanje e potesko i pobolno od vtoroto? Sneze pisi kako e treto poroduvanje. Dali e pobrzo i pobolno od vtoro
А кажи ми бидејќи веќе имаш искусено за колку време се породи, дали зема епидурална? Бидејќи и ја ќе морам вака а многу се плашам
Бидејќи бев 10 дена после термин, а абер немав од породување, ни отворена, ни болки, па со провокација решивме. Ме примија во петок наутро, се породив во сабота попладне. Кога се отворив 4см ми ставија епидурална. Тоа беше околу 7ипол-8, во 14 часот се породив.
Колку сте со епидурална во Чаир што сте се породиле? Ве молам за одговор Јас сакам со епидурал и ќе се породам во Чаир,но слушам муабети дека неможело да кажам таму дека сакам епудурал,морало да имам врски за тоа...а јас немам... Навистина ли е така?
За жал, и со врски тешко дека ќе добиеш. Досега немам чуено некоја да се пораѓала во Чаир со епидурална. На другарка ми анестезиологот ѝ беше врска, ама пак се породи без анестезија.
Мора да биле големи врски. И јас имам познаничка породена со две таму, доби епидурална и не ја сецнаа доле, ама јака врска, не една, повеќе..
Апсолутно не мора ништо да истрпиш! Тоа "жена си, ќе трпиш све" кај мене не проаѓа. Јас имав елективен царски (иако и самата докторка што ми ја водеше бременоста, уште во шестиот месец ми кажа дека се сомнева на царски). Јас најдобро си го познавам телото и ЗНАМ дека не би поднела природен пороѓај. Не те наведувам на царски, изборот е само твој, твое тело. Што и да одбереш, со среќа. А тоа дека нешто мораш, извади си го од глава, ништо не мораш Се извинувам, сакав да одговорам на една членка која веќе имаше добиено одговор од Wild ама испадна дека само на Wild сум и' одговорила. Смотаница сум посабајле.
Да бевме во нормална држва, немаше шанси да ти направи доктор царски, а да нема медицинско оправдување зошто го прави тоа. Иначе, можеш и со епидурална да раѓаш... Нема да 'трпиш' ништо, освен напони. Не оти 'жените треба да трпат се', туку оти вистина е дека физички можеме да 'истрпиме' пораѓај (ако сме здрави и ние и плодот), со денешната медицина посебно...
Живеам во Австралија. Не би рекла дека не е нормална држава и уопште не реков дека единствената алтернатива е царски. 21 век, нејзина одлука.
Ама имаше медицинско образложение, зошто те направиле царски, така? Иначе, можеш да им швркниш тужба, и да ги солупиш од пари... милиони долари! Царски не е 'алтернатива', па да си одбере родилката 'оти така сакала'.
Докторката која ми ја водеше бременоста и ме пораѓаше (и која btw не добива повеќе пари доколку породувањето е со царски, во текот на бременоста на неколку наврати кажа дека имам многу тесна карлица и дека бебето нема баш простор да се спушти), потоа на последниот вагинален преглед, остана запрепастена зашто ја дигнав ординацијата у воздух и ми кажа дека е сериозно загрижена како ќе се пораѓам, ако вака реагирам на овој преглед. И дека остава на мене да си одлучам. И си одлучив. И не зажалив
Ок... имала сомнение дека ќе треба царски, па ти дала да одбериш, и воедно да потпишеш дека се согласуваш.... Јасно
За потпишување, кога доаѓаш на пороѓај, све си потпишуеш (било да е царски или природно) без потпис нема пораѓање но и да немав никаква индикација, можев да одберам начин на пораѓање. Не знам дали има некаква врска тоа што бев приватно осигурана, но знаев од старт дека моја е одлуката како ќе се пораѓам. по
Иако, морам да признаам, кога отидов на закажаното породување, на неколку наврати добивав прашања дали била моја одлуката за царски или докторката ми влијаела, сакаа да бидат на чисто