Ставаат. Ја ставаат ако си 4ри прсти отворена, но ако си 8 не ја ставаат. Зашто? Јас знам дека ја ставаат и на пукнат водењак. Зашто може да е пукнат, а да не е жената повеќе од 2 прсти отворена. Во овој случај ке добие...
Не сакам да те навредам ама заостаната си. Ниту јас не сакам боцкања да се разбериме и никој не сака ама не ја гледам поенатата да трпам болка ако имам можност да не трпам. Разбирам дека од породилни болки никој не умрел и дека можеш да издржиш и без епидурална ама нема потреба. Се издржува на пример и без мобилен и без струја ама едноставно нема потреба.
Тоа си е твое мислење ,затоаа реков, можеби сум "заостаната", ама ете, природно би сакала и втор пат да се породам. Тоа е моето мислење. Башка, не сакам анестезии, како да кажам , сум имала целосна за друга работа, не дека нешто лошо ми се случило, ама верувај јас ни за заб не ставам. Страв ми е повеќе од анестезии отколку од болката.
Здраво женски, фсли може 2 пати дс се прима епидурална јас првото така го родив у систина со епид. сеа планираме второ ако може по втор пат да ми стават анестезија да раѓам ако не воопшто да не планирам.. Хахха
Јас се породив со епидурална анестезија и останав презадоволна, ни болки осетив ни ништо. На сите што се во можност препорачувам
Да , не дека не чувствуваш баш ништо , јас на пример чувствував тапа болка лево на моменти и тогаш буткав
Да , на почетокот немав осет кога треба да буткам и гинекологот ми кажуваше , се додека не ми се појави таа болката и знаев самата , ама тогаш бев ептен при крај по неколку напони бебе се роди
Ставаат епидурал на пукнат водењак. Мене ми пукна, бев отворена 5цм и тогаш ми ја ставија. Само што почнав да осеќам болки и ги снема....гинекологот ми кажуваше кога да напнувам и така бидна брзо без болки. Претходно ми велеа многу болело кога ја ставале епидуралот ама и тоа не осетив. Ко нормално боцкање, пример крв коа ти земаат...
Епидурал е закон работа.Јас своеволно потпишав изјава да ми стават.Инакуу толкави болки на 3 прста отворена а прагот на толеранција на болка ми е многу висок,али тоа не се трпеше. Се губи осет да,али со провокација и кога ке намали дејството се осеќа напонот.
Бев со пукнат водењак и ме чекаа најмалку 4 прсти да се отворам за да ми го стават епидуралот. При крај бидејќи не ги осеќав напоните, ми го намалија скроз. Но, тие неколку часа без болка беа незаменливи.