Фала на сите за споделеното. Мене не ми е воопшто страв за боцкањето и од се што прочитав за епидуралната, сфатив дека секаде се користи рутински, и нема зошто да се трпи болка ако има решение. Па се надевам се ќе пројде добро.
Камо да стаса и кај нас да е рутински, во приватните има, ама иначе тешко. На државно во Скопје само со врски, за другите градови може само ако татко ти е анестезиолог. Нема анестезиолози, и за тие што се со врски триста молења се да дојде анестезиолог да те боцка.
Јас планирам да се пораѓам во Чаир. Не сакам царски, но боже ако веќе мора ок. Сега во последно време почна да ме плаши тоа што скоро секоја мајка што се породила ја сечат доле.. јас не би сакала и јас да бидам сечена.. Ако веќе мора да ме сечат, подобро би се породила царски. А епидурална анестезија пред пороѓајот ли кажувам дека сакам да ми стават? Инаку ќе одам без врски во Чаир. Евентуално ако нешто не ми се искомплицира во овие два месеци па да морам да барам врски.
Доле сечат за да не распукаш сама, зошто тоа може да е многу покомплицирано. А не се споредува тоа сечење со сечењето на царски. Можеш да им кажеш дека не сакаш да те сечат, ама само за тебе е потешко така, особено за прво дете. Јас сум сечена, па повеќе болка имав од хемороидите него од раната што бев шиена. Без врски во Чаир анестезија нема шанси да добиеш. И со врски е тешко. Така да на тоа да не си планираш.
Колку што сум читала искуства овде, во Чаир тешко за епидурал . Не знам дали се слаби со анестезиолози, ама не ставаат. Јас да сум од Ск, ако веќе одам државно би одела исклучиво Гак. Друго е клиника, се има за не дај боже . Во однос на сечењето во заблуда си. Тоа сечење и сечењето за царски немаат врска едно со друго. Секогаш би избрала да ме сечат за епизиотомија пре него ножот за царски..Едното е класична операција, другото е речиси рутина за пораѓај, многу полесно заздравува и немаш рана. Всушност сечењето долу е понекогаш за да го олесни пораѓајот. Јас испукав сама на втор напон, не сум сечена, ама пак шиење имаше. Ако одам природно очекувам да пукнам пак, а може и ножици ќе видам сега....
Не ставаат епидурална во Чаир дури ни со врски, ептен тешко. Неколку другарки имам со врски што беа и ги убедуваа дека поарно без, ке успееле и без неа. Инаку боље да те сецнат, него ли да испукаш сама. Полесно е рецка сецната да сошијат, него ли распукана рана...
Сечењето не е ништо страшно. Јас го замислував како некоја хорор дешавка ау. И сега после пораѓај дури смешно ми е. Се породив во Чаир,без епидурал секако
Па не баш. Анестезиологот треба да биде присутен за време на целиот пораѓај. И е комплицирана работа. Имам прва братучедка анестезиолог на државна и баш зборевме за ова. Ми објасни дека се дефицитарни со анестезиолози и затоа не ставаат епидурал. Ми вели најчесто сум сама на смена и е потребна на итни случаеви и нема време и простор за да седи на пораѓај. Пример вели има сообракајка и повредени и јас морам итно да сум таму, понекпгаш и со часови. Трудниците не се воопшто приоритет. А сепак епидуралот е доста комплициран и треба ептен прецизност, внимание и надгледување. Затоа и со врски е тешко да дојдеш до епидурал. Нема да остави итна операција ради трудница Во систина до мене во салата цело време беше присутен анестезиологот
Јас се породив во странство и анестезиологот откако ми ја стави, потоа не го ни видов. Цело време со мене беше само акушерка и таа го регулираше епидуралот. Пред самото породување викна педијатар, а гинеколог дојде за шиењето само.
Епидурал само со врски. Ова важи за ГАК. Таму се пораѓав. Не сакав епидурал, а и да сакав немаше да можев да примам.
аууу кај нас ако ме остават со епидурал на акушерка - не фала! Овде со мене цело време беше и гинекологот и аместезиологот и две акушерки. Педијатарот дојде пред крајот
Кај нас и анестезиолозите може да згрешат нешто, не па акушерка. Кога би било рутина да се става епидурална, сигурна сум дека би обучиле и помошен медицинсли кадар за тоа како во странство, ама далеку сме од тоа уште.
Јас како што знам за епидурална мора да има анестезиолог кој те следи, зашто иглата останува на тебе и се дозира цело време (ако 10ч се отвара жената, мора тие саати да се дозира и следи), па на крај пред пораѓај ја намалуваат за да се осеќаат напоните. Додека постои и лајт спинал, таа боцкаат вадат игла и трае додека трае, па ако не се отвориш додека трае пак ке те начекаат јаки болки...Таква прими комшикава на Гак. А рутински шипки ја има секаде, камо да ја имаше...
За низ Европа и во САД пишав дека се користи рутински, зошто 100 видеа изгледав и текстови прочитав за епидуралната (за и против епидурална). Инаку во Систина ќе се пораѓам, таму секако ја даваат ако ти сакаш.
Аааа јас те сфатив за тука... Јас во Ремедика не стигнав да ја добијам, 3ч бев со јаки болки и само 2 прста отворена, ја ставале на 3,4 прста отворено... Ама завршив царски поради заматен водењак и паѓање на тонови на бебе. А со првото во Чаир 9ч бев со јаки болки и секако дека не добив епидурална... @Kaetana ти во Ремедика рече дека 1 прст само си била отворена доста време... епидурална доби?
Јас во Чаир бев 15 саата со болки, отворена 1 прст. Ми дадоа инекција дијазепам за да заспијам зошто пред болките бев будна цел ден (значи преку 32 саата не бев спиена), отспав 1 саат, пак болки 3 саата без да се отворам. На крај се отворив од 1 до 8 прста за пола саат. И да даваа епидурална немаше да ми стават под тие услови Сакав да кажам дека анестезија не даваат таму за пораѓај, ама еве даваат нешто во некои ситуации.