Ми дадоа во Чаир Спазмекс (венски), може и нешто др незнам, ама не беше од олеснување А и тој пораѓај споро ми течеше... по 5 часа болки дури 3,4 се отворив (а 8 дена куп раце окркав, зашто толку го надносив и пак дури 8ми ден со 1 прст отворена ме задржаа). По 6ч болки со 6 прста на бокс ме качија, па таму уште 2ч дремев на бокс качена за да се отворам... Ама како и да е епидурална ако даваат, колку толку ке олеснат и ке ја зачуваат силата за бутање... Јас не се ни сеќавам како го родив првото, не го родив јас, они го избутаа... 10 души ме пораѓаа
Епа за вакви ситуации е потребна епидурална, ќе ти ги преполовиле болките. Муабетот ми беше дека еве јас сум пример дека и да има не значи дека нема ниедна родилка да се мачи, бидејќи се бараат специфични услови за да може да се даде. Ама да имавме анестезиолози, барем избор ќе имавме.
Нека пишат и други искуство... зашто мислам дека некои ја добиле и на 1,2 прста отворени... А пола век ке помине па да стане рутина при пораѓање и кај нас, дали и по толку време...
Не добив. Ама бев повеќе пати прашана дали сакам да ми стават епидурална. Во принцип се става кога ќе си 3-4 прсти.. ама кај мене бидејќи бев со контракции 30 саати и веќе беа болни.. ме прашаа. Ама во моментот можев да ги поднесам па одбив со образложение дека уште не ме боли толку многу. На крај кога решија за царски, добив директ спинална.
Јас имав многу убаво искуство со епидурал, пишував и во другите постови.ако имате можност и ако докторот се согласи нормално,тогаш земете. Не чувствував болка ама ги осеќав контракциите за напон, лесно се породив и дефинитивно и за второто бебе ќе земам. Потоа бев свежа како да не сум се породила.немав болка ниту после тоа.
Во Вторникот се породив со Епидурал и сум презадовплна. Не дека скроз не осеќав ништо осеќав ама многу малку и благо. Баш во права смсла да се осетиш како мајка а да не те боли.
Женски да ве прашам за епидурална ме интересира, цела бременост ја поминав со низок притисок, а прочитав дека од епидуралната можел да падне наеднаш... па дали е тоа ризик за да не можам да добијам епидурал?
Мене само што ми ставија епидурал веднаш по 2-3мин ми измерија притисок за да не е паднал нагло, така што предпоставувам и да падне веднаш реагираат со лекови
Исто и јас. Ќе те.следат цело време со притисок пред и по епидуралот и после уштњ неколку пати дури трае пораѓајот
Може ли некоја да ја објасни постапката на ставање епидурална анестезија и дали е болно? Прочитав за спиналната дека е доста непријатна, а за епидуралната сите сте опуштени
Те боцкаат локална анестезија прво за да го утрнат местото. После ставаат епидурал/спинал. Не осеќаш ништо.
Јас се породив со спинална. Ми ја ставија кога бев 6 прста отворена, оти само тогаш беше слободен анестезиологот. Гинекологот ме предупреди дека за 2 саати минува дејството и дека најјаките болки ќе си ги изедам. Јас секако прифатив, поим немам оти Почекаа да помине една болка и помеѓу две, сестрата ме наведна а докторката ме боцна у грб. Немаше претходно други боцкања. не ни боли, затоа што од толкави болки, игра у грб не се осеќа И за среќа, место 4 саата да чекам да се отворам 10 сантима. од што се опиштив без никакви болки, по пола саат се отворив 10. Викнав по сестра, оти си лежав сама на боксот, и ми вика, рано ти е. Викам, јас имам напон, детево бутка напред. И демек ај дојде, пак вика, нема шанси, и кога стави раката одма почна да вреска доктороеееее женава у двојка раѓа!!! И еве ги сите, 2ца доктори 3 сестри и една бабица, за 3 минути родив Поубаво нешто нема Болка не сетив, ама сите напони одлично ги сетив. Ни епизиотомија сетив, ама слушнав крцццц...сечење.
Не е страшно исто ко комарец да те штипне. Прво го одредуваат местото ставаат лепенка те бришат со алкохол и те боцкаат па го пикаат цревцето кратко трае сето време си наведната над колена и те држи напред сестра да не случајно мрднеш.
Јас пред месец ипол се породив осетив ко комарец да те каснал и толку. Наредниот ден ми го извадоа цревцето