Нема шанса. Еве јас познавам жена што и со врски не доби епидурална во државна болница. Многу, навистина многу тешко е да добиеш епидурална во државно.
А внуката на Шпишичка,филипче и остала фела,за нив може и кога нема потреба.За никаде сме значи.Мизерија
Здраво женски, гледам темава одамна не е активна, ама сепак да прашам. Дали има некоја членка што се има породено во Прилеп со епидурална (и знам дека би било со врски) па ме интересира колку платила ако може да се каже?
Кога веќе праша @lavinija28 ми текна да ви пишам тие што сакате анестезија на ГАК. Можело да се добие епидурална само требало сами да си ја купите и вие да си фаќате врски со анестезиологот.
Колку што знам, гинекологот што те пораѓа е важен за епидурална, тој ако не му каже на анестезиологот, тој самиот ништо не може. И со анестезиолог сум зборувала, истото ми го кажа. Ова за ГАК.
Баш и јас имав спомнато со ова купувањево, ама кај нас во Зегин ја нема, треба да прашам во приватниве. Јас сеуште немам одлучено каде за пораѓај, дали државно или приватно, ама се имтересирам за да знам што опции имам за во последен момент да треба Кај вас во Ск во кои аптеки ја има дали знаете? И која е цената?
Мамички едно прашање...која е разликата помеѓу спинална и епидурална? И дали мора да одлучиш пред да почне пораѓај или може и после да побараш...Сакам без анестезија ама што ако се премислам а е касно за да ме боцнат...
Со спинална не осеќаш ништо. Не можеш да мрдаш ништо во долниот дел од телото. Не се користи за природно пораѓање, туку за царски. Со епидурал не чувствуваш болка, ама чувствуваш сензации. Значи ќе можеш да мрдаш, да го туркаш бебето. Ако треба да те прават царски изборот нема да ти биде спинал или епидурал туку спинал или општа анестезија. Ако се пораѓаш природно изборот ќе ти биде епидурал или ништо. Ако е касно да те боцнат мислам дека не те боцкаат, а и која е логиката да те боцнат ако си пример 9 прсти отворена. Ако издржуваш доволно долго за да е касно за анестезија, значи дека си дошла до самиот крај на пораѓајот, веројатноста е дека ќе те боли порано па ќе ти стават анестезија. Јас касно сфаќам само ако касно си стигнала во болница и блиску си до пораѓај па те качуваат на бокс одма без анестезија. А ако си во болница па таму чекаат да се отвориш не се замарај ич не може да е касно.
Ти благодрам на објаснувањето..уште нешто епидуралната како ја аплицираат и таа е во рбет или тече како инфузија?
Zavisi kaj ke se poragas Vo drzavnive i da sakas nema da ti ja stavat. A vo privatni si plakas i sekako ti sleduva i se stava vo grbot
Да, да , во државна нема епидурална анестезија...Посебно не сум слушнала за кај нас (во пп). И јас сакам да ја имам како опција, ама нема