Ок, и пиши што ти рекла) Инаку за на државно мислам треба гоооолемиио врски да имаш за да ја добиеш таа анестезија. А знам случај што и покрај со врски, докторот и рекол нема шанси со анестезија да те породам кога може да си биде природно...Е сега, не знам, зависи...
Дали е можно да имам болки во грбот од епидуралот? 2ипол месеци откако сум породена и има денови кога имам мн големи болки во долниот дел од грбот
Не. Ама ако го држиш бебето во раце постојано и те како. Два спинала минав и немам проблем. Ама бебе ни со првиот син кога беше бебе, ни сега со второ у раце не држам предолго. Само по потреба Е сега ако цица тоа тешко малце... Ќе помине ми е муабетот. А тоа е најбитно.
И јас сум породена со епидурал ама никогаш немам осетено болка, ако лошо те боцнале ќе те болело од сам почеток
Луѓе ова се нуди за подобрување на болка во болницата кај што ќе се пораѓам. Некој ако знае да ми објасни што и како?
Homeopathy - Хомеопатија - третирање на болката со алтернативна медицина, најчесто со лекови базирани на растителна основа, јас лично не би се одлучила за оваа опција за породилни болки. Classic medications се мисли најверојатно на лекови за болка што се земаат преку уста, значи за ова и хомеопатија треба да си добро издржлива на болки за да можеш само со овие да поминеш. За PCA немам читано многу бидејќи мислам дека кај нас го нема, начин на третирање на болката со тоа што првата доза ти ја става медицинско лице, потоа сама си ја редиш следната доза во зависност од тоа колку те боли со машина која не дозволува да дојде до предозирање и те пратат цело време. Третото backpack syringe е онаа аналгезија класична што сите ја знаеме, те боцка во грб и анестезиолог ти ја намалува/зголемува дозата. Ако не издржуваш многу болки, третото или четвртото.
Не ја имав како опција, користев епидурална и дишев гас. Од она што читам, ги има истите последици што можат да се појават и од други опијати.
Како се наближува времето се повеќе ми е страв од породувањето. Иако бев противник сега размислувам за епидурал. Ако имам среќа да се породам како со првото супер, а ако не? Сакам вас мајки кои сте породени со епидурал да ве прашам.. Дали боли апликацијата на епидурал? Дали потоа имавте болки во кичмата..? Дали кога ве сечат осеќате или? Многу ме мачат прашањава, извинете
Пред да го стават епидуралот ставаат локална анестезија, болка не чувствуваш никаква. Мали болки во кичмата имав неколку недели после пораѓај но не постојани туку при поголем напор. Мене не ме сечеа но кога распукав сама малку осетив ама не бев свесна дека се работи за тоа. За мене, епидуралот беше добра одлука, мноогу големо олеснување е, посебно при крајното отварање.
А ова епидуралот во државно тешко да го добиеме, па дури и пред време да се договориме, па и да си платиме? Ако има некоја искуство да каже, и јас се мислам за тој епидурал, а некако ме фаќа страв уште од сега.
Не мила, на државно нема епидурал. Посебно за Чаир зборам. Прашав . А и ко што видов завчера дека немале греење на -2 нема шанси да отидам таму..
Лелее, како бе греење немале? Што е ова значи, сега и за тоа ли да се мислам треба... каде ќе се пораѓаш ти?
Санте планирам. Дури и сонував како сум била кај др Елма да ме пораѓа Од што цело време мислам Да, и маж ми кога прочита рече нема шанси да те пуштам таму.. Ако најдам линк ке ти пратам