Не знам колку е точно, да не биде да шириме дезинформации Иначе да, и по групиве многу се фалат од Санте. Таму имам и блиска која е сестра и она мн ми ги препорачува..
Има епидурал во Чаир. За во Чаир ти требаат само јаки, јаки врски или директ анестезиологот да си го фатиш, ама има да знаеш.
Не се плаши воопшто од епидуралната, колку инекција обична ете толку боли. Ништо не ми е на кичмата. Ти за прв пораѓај штом си истрпила отворање до 10cm и раѓање без епидурална, нема смисла да и се плашиш, пошто ем не боли и боцкањето е прекратко - колку инекција обична. Со лесно.
Леле како ме фатил некој страв, не ни мислев на тоа воопшто, не ми ни беше страв, сега последниве денови само на тоа мислам, па болка, па да не ни се случи нешто.. затоа и за епидуралов почнав да се распрашувам.
Навистина ли? Со првото кога се пораѓав анестезиологот ме будеше откако ме шиеја, и ептен се спријателивме и на фб го имам. Баш ќе му пишам. А за врски имам нели зборев директорот ми е врска. Сестра од таму прашав рече ептен тешко. Ај баш сеа ќе му пишам на анестезиологот и ќе ви кажам
Женски има епидурал и во Чаир! Анестезиологот веќе не е во Чаир туку на Гак, и ми рече доколку навистина има индикација побарај му на Исмаили ќе ти ја даде. Само и рече полека, чим првиот пат си се отворила 10цм сега може и полесно ќе ти биде. Баш се расположив сега
Мора да има епидурал во секоја болница ама тоа што мора да платиш јако за да добиеш и да имаш соодветни луѓе што ќе ги бараш како последно да ти е, не е ама ич на место ни па хумано. Немаат сите пари да се пораѓаат приватно, скоро сите веќе и имаат кредити па не се во можност да земат друг за да се пораѓаат приватно, епидуралот треба да е достапен на секоја жена што ќе се пораѓа природно или бар на оние што се со индикации како што рекол анестезиологот како на пример што се отвараат тешко, што се знае дека повеќе часа ќе има до пораѓајот, и бар некаква анестезија на крај кога се шијат. Јас лично сметам дека за оваа проблематила треба малку да се дигне прашина низ јавноста, и по медиумите, сите го знаат ова ама ништо не се превзема и пораѓајот за секоја жена е како играње руски рулет, незнејќи како ќе помине, страв и паники од болките и шиењето. Дури и мислам после коронава може и протест да се организира.
Точно. Мора да се превземе нешто во врска со тоа. Ете имале епидурал но не давале, не сум слушнала на некој да дадат. Дури овој сам ми кажа; Кажи му јас те пратив" Никој нема ни мерак ни вишок пари за фрлање за по доктори, но кога се работи за мој живот и животот на моето дете е тука не гледам. Патем тука ни следува на сите ист третман а не да се плашиме за помислиме на второ дете. Некогаш за жал си приморан да бараш чаре( врски) И не е само за породување, само ние знаеме што трпевме лани кога снемаа хемотерапии за свеки, а мораше да ги прима. Кога мм фати врски, терапијата си ја доби уште утредента
Се зезате ли? Видовте ли какви услови има во болницата во Битола? Со месеци се чека за снимка, за физикална, за специјалистички преглед. Една сестра е на 20 30 кревети, кој ке запосли толку анестезиолози за секоја жена што раѓа да има епидурал? Во некои болници ни доктори нема, од други градови одат.
Што ќе се дигне прашина со грото што сум зборела што се породиле по ГАК ми кажале дека сум будала што ќе примам епидурална таа била штетна и жени останувале инвалиди Некој прај добар маркетинг за женј да ќутат и да не бараат ништо по државниве
Не е дека нема епиридурал. Има секаде. Нема анестезиолози. Ако жена се пораѓа со епидурал треба анестезиологот да е цело време присутен. Тоа може да трае и со часови. По државниве едвај да имаат по еден анестезиолог, кој е зафетен при операции и итни случаеви. Нема анстезиолози за родилки. Тука е проблемот
Во мојот случај анестезиологот не беше цело време присутен. Ја намести анестезијата и на апататот на кој беше приклучена имаше копче за кое тој ми кажа дека јас можам сама да си пуштам нова доза по потреба. Најмалиот временски интервал на кој реагираше копчето беше 15 минути. Откако ја намести анестезијата не го видов повеќе.
Види, реално си носи ризици. Можам да ти кажам од блиско искуство на снаа. Не можеше да стане, а камо ли да оди. Татко и и маж и ја префрлаа од кревет на кревет. Таква ја пуштија од болница, не знаеа што да и прават. После одеа на некакви терапии со струја, среќа се среди работата.
Исто беше и кај мене во Систина. Ми ја наместија анестезијата околу 2ч по полноќ и ме оставија да спијам. Сабајлето околу 7 и нешто кога кажав дека осеќам болки и напони, ме однесоа на бокс тогаш дојде анестезиолог. Во 8 се породив.
Верувам Овде се збореше дека во чаир и на гак не давале епидурал па се надворзав на тој мубает. Мислам, јасно е дека немаме услови ние тука за такво нешто. @TeddyGrey Тоа е веќе друг муабет. И јас супер поминав во систина. Ама како што знаеш таму ако некој повика анестезилог, тој се појавува за 2мин. На државно ако е еден и едиствен и е зафатен на друг случај, ќе се породиш додека го дочекаш Муабетот ми беше дека: да може, да епидурал има. Ама нема доволно вработени за да го нудат тоа регуларно. Затоа ако си фатиш врски може и ќе ти средат. Тоа сакав да објаснам зашто функционира така.