Па искрено незнам. До мене беше цело време и гледаше, регулираше Па затоа и јас мислев дека треба да е тука. Ама ете неморало. како и да е. На државно за жал нема ниту за на повик. А не пак и да седи на пораѓај (ако некаде има потреба). Од една страна ако не се спремни и порано да ја нудат. Ама од друга штета што во 2020та уште не се спремни за ова
И јас се пораѓав во странство, намести анестезиолог анестезија и толку. Доктор, сестра администрираше понатаму, никакво копче за нова доза немав. Не знам, можеби дека брза бев јас, за 4 саати испорачав бебе. Ама стално некој од медицински персонал се моташе околу мене.
Не излажале, епидуралот може да има и негативни ефекти врз пораѓајот и последици. Тоа што, да кажеме, 95 % од жените супер го поднесуваат не значи дека е 100 % безбеден. Кај некои жени го успорува отварањето, кај некои фаќа на една страна. Ова што сум читала на овој форум, којзнае какви се случки има. На државно проблем е што нема персонал доволно да се реализира тоа. Можеш да бараш ама нема да добиеш.
Точно И спонтаниот пораѓај сам по себе носи ризик од секакви компликации па пак раѓаме. Не треба да се окупираме и да не се буниме за епидурал во државните болници тоа е нешто нормално насекаде
Да ете кај мене беше таков случај. Мислам дека згрешив што не ја послушав докторката да ми стават лајт спинал наместо епидурална. Тоа ми го предложи пошо отварањето кај мене одеше ептен школски, а јас многу добро ги поднесував контракциите. Ме примија во 14 часот со 4,5цм отворена, а во 16 часот веќе бев 7цм кога ми ставија епидурал, до тука издржав, за уште 3цм ќе издржев и може побрзо ќе се породев. Кај мене побавно одеше отварањето после епидуралот. Плус, на едната страна не ми фати. Напоните ми беа преболни, останував без воздух, се изгубив и не видов ни како го извадија бебе. Уште се обвинувам дека си го уништив најубавиот момент, башка што бебе се роди истрауматизирано и 3 дена го држеа во инкубатор заради тешкиот пораѓај. Дали на тоа влијаеше епидуралот, провокациите или само јас испаничив-не знам ама сега да сум не знам дали би ставила епидурал воопшто.
Не е исто, природно е природно, анестезија е анестезија. Не велам да не се прифати, ама факт е дека има ризици. За државно може да се буниш ама нема да добиеш. Нема анестезиолози, нема кој да ги плати. Подлабок проблем има оваа држава, не е епидуралот единствен проблем. Во некои болници ни основни услови нема. На државно раѓав, знам како е.
Ризик е се денеска, не само епидуралот, цел свет ја користи а вие исплашени од неа како да е којзнае што, нека ја има па нека бират жените која сака која не сака нека не ја става. Јасно е дека е проблемот што нема анестезиолози, ама раѓањето не е мала работа, не треба заради тоа да се тешиме и да прифаниме дека е најнормално. Анестезија е, заб кога вадат нели стават анестезија? Никој не може да ме убеде и да оправда дека до некаде е океј што не е достапна државно. Тоа шо ни е сјебан системот на се во здравството е друга приказна.
Ама кој оправдува? Нереално е да се бара епидурална, тоа сакам да кажам. Не е здравството сјебано, државата е, цела за никаде. Јас на државно бев, триста врски фатив за да добијам пристоен третман.
@mssuniquee јас да ти кажам првото многу тешко го родив и беше големо многу се измачив , исто за второто имав такви стравови дека ке биде мачење ама верви наболница ојдов 9 прсти отворена и со три напони го родив второто... многу многу полесно од првото дека веке знајш како се дава напон и се по ред ... сега пак исти страв како ке се одвива третиот пороѓај имам кошмари А се чудам во државно зошто толку им е мерак на докторите да не гледаат како се мачиме кога имаат епидурал .. значи се е за пари, ако не им полниш џеп ке си се мачиш
@minne992 Исто, верувај дури сонувам како се пораѓам од што цело време мислам. Сите ме тешат втор пат е полесно, побрзо иде и веќе го знаеш процесот нели.. Тоа е нашето здравство, пишував не е само за пораѓај туку за секаде сакаш неќеш треба да си платиш/врски за да те гледаат ко човек...
Девојки здраво Ми треба совет.... Јас сум во странство Малта- ќе одам на 7ми на болница треба доктор да си одберам и како ќе се пораѓам ....Е сега тука на пораѓај кажува ако си за со царски ако не природно.... Имаш да одбериш сакаш во базент сакаш на бокс јас сум за природен во базент решена е сега треба да одлучам дали со епедурална или без.Пред некоја годни околу 6 имав повреда на половината на претпоследниот пршлен беше пукнат уште ден денес имам последица-болки во половината на промена на време и сл.Што мислите за ова да одбирам анестезија или сепак да одам без заради ризик ? Секој совет е добре дојден секако ќе се консултирам и со доктор
Кај мене па обратно ја едвај 3 прста отворена нејќеа да ми стават толку рано ама инсистирав. Не можев да трпам а за лајт спинал никој не ми кажа...Ми ставија и за неколку часа брзо се отворив и породив. Немав никаква болка за време на напоните нели тогаш и го гасат. Поише ме болеше шиењето него било што друго...
Не реков дека е исто. Само се си има свој ризик. И тоа не им дава за право на државните клиники да не го нудат кано опција кога е достапно сегде во свет. Зошто да трпиме болки како да сме 19ти век. Така е само на Балкан. Еве на принер во загреб абортус прават вп државните без анестезија. Тоа е тука ќе ќутиме и трпиме. Наместо да се излезе на улица и да се протестира за тоа што ни следува за наши пари. Сите плаќаме здравствено секој месец и згора на се морам на приватно за да добијам човечки третман.
Искрено ја за каменец барам со памукче да ми стаат од таа анестезијата не знам медицински како се вика Зошто да трпам? Не трпам и тоа е.
А провокации ти ставаа? Нема врска, секој со различно искуство, секој различен организам..мислам дека кај мене и провокациите играа улога за тоа што се деси.. Ризиците си се сепак тука, ете кај мене се погодија така. Како и да е, се освен последните неколку минути беше лесно и брзо и уште 5 деца би родила само не би избрзувала со анестезии и провокации
Може ради провокацијата ти предложиле спинал може има некоја врска тоа Не бев со провокација со пукнат водењак и 1ипол прст отворена ме примија. Нејќеа да ми стават демек на 3прста ќе сум завршела царски ама инсистирав ме фатија болки. И реално ја имав доста болки не ми фати ни мене нешто многу. Ама болките беа кратки и си задремував измеѓу и имав сила за пораѓај. Штом ме качија на бокс ја гасат за да ги осеќаш напоните. Мене напони уште во соба ме фатија така да и со неа ги осеќав. Ни ја не ги разбирам што е и како е битно помина
Сигурно мерак имаат да ве мачат сфаќате ли дека нема анестезиолози?! Клучни лица за било каква анестезија? Не се пораѓа една жена на два саати, може пет жени истовремено се пораѓаат. Ако една од нив е со царски, а има само еден анестезиолог во болницата, кај која ќе оди, кај оние природно што се пораѓаат или кај таа со царски? Кога се пораѓав со второто, царски бев со целосна - анестезиолог на ГАК немаше, викнаа од друга клиника. Ако ме оставеа да се мачам, по твое, сега не ќе го пишував ова. Затоа не пишувајте небулози, дека сакале да ве мачат.
Мислам дека не можеш и базен и епидурал, или-или е изборот. Кај мене базен отпадна пошто одбрав епидурал. Викаат во базен полесно било ама немам искуство да споделам.
Ако оди брзо за второ не верувам дека има има потреба од епидурал. Ви пишав второто во лифт ќе го родев ,а 4 кг бебе. Болки претходно 2 саати без да приметам дека се крајни. Каква епидурал, какви бакрачи за второто.