А оти да му сликаш? Пошто нив не им е работа тоа Сликај ти ако сакаш и 30000 евра, ако нема анестезиолог, пак ќе си останеш без епидурал. Парите не можат да создадат анестезиолози.
Оти видов со свој очи во болница Цела нок жена кукаше никој ама баш никој не ја погледна и згора на то ренде ја направија и на живо ја шиеја, а мене не зошто јас ете имав фатено докторка и на секој 5 мин ме гледаше и со анестезија ме шиеше Значи ако сакаат се можат да прават!
Анестезија за шиење и епидурал не е исто. Анестезија за шиење е локална анестезија. Епидурал и она што ви го ределе странство еднаш и сами да си го попуштате, не е исто. Тие се две различни анестезии. Во пораѓање во вода нема анестезија никаква. Епидурал на државно нема затоа што нема анестезиолози. Немојте да се зезнете да ви ветат и да не ви стават пошто имало и такви случаи. И никој не обожава да ве гледа кај што се мачите па затоа не редат. Некогаш не можам да верувам што читам. Системски е проблемот со епидурал и анестезиолози, не е до сестрата што се погодила на смена па сака да ве мачи, интересно и е.
Кај мене после епидуралот потешко беше отварањето. Можеби јас сум во тие ретките случаи со несакано нејзино дејство. За шиењето ми ја попуштија и ништо не осетив и за време на пораѓај ме одмори малку. Само за тоа ми беше добро, друг бенефит од неа не видов, ми го пролонгираше пораѓајот и за втор пораѓај би се пораѓала како во 19ти век, без неа, зошто и сега ги осетив сите болки само плус уште 4 часа кои ми беа мене битни. Ризик плус од страв што качив притисок и од чекање дур се одмарав на бокс. Секој со своето искуство. Анестезиологот не мрдна од мене, и за рака ме држеше дур напнував. Моето искуство е вакво, на други е убаво. Секоја нека си одлучи сама
Ти благодарам јас сепак сакам без епедурал и заради проблеми и да пробам во базент здравје ќе се консултирам со доктор
Тоа е секој со своето искуство. Јас планирав да се пораѓам во градот од каде што сум и фаќав врски доктори, сестри, бабици, но по сплет на околности отидов на ГАК и поминав одлично без врски, без пари, без ништо. Не знам дали така ми се погодија добри доктори и сестри на смена ама сите беа премногу фини, заангажирани, и ете си добив анестезија кога ме шиеа.
Ама работата според мене е пошто никој не се буни и зошто да плаќаат анестезиолози? Ќе си отидат во приватна да работат или во германија и ајт. Нема побарувачка нема понуда - просто. Да почнат жени да искачаат на улица да се збори погласно дека е ненормално да немаш избор за медикамент да видиш како лесно ќе се најде добра плата и како тој анестезиолог ќе работи на гак. Ние сме такви општо ќутиме а баш напротив не следува. Плаќаме секој месец за тоа здравствено осигурување. Не следува да бидеме човечки третирани. Дури не излеземе на протест уште докторите ќе ни викаат "Слатко ти беше дури го праеше сега мачи се" Како да сме во не знам каква земја. А пази молим те се борат за Европска Унија... зошто? Не ни треба...може да си живееме вака заробени, без права жената да одбере обезболување на природен пораѓај. Тоа е...
Кај мене ја попуштија а шиењето ме болеше баш си викав од таа болка ќе се спасам ама ништо. Којзнае зошто вака кај сите различно
Различни сме, јас читајќи овде искуства и ја побарав, стварно ја сакав, и ете ништо не осетив за шиење.
И ја осеќав болки како тебе ама анестезиологот ми рече болки ќе осеќаш само времето меѓу нив зголемено ќе биде и ќе одмараш Ги молев да ја појачаат ама не можело среќа што брзо се отворив, а па без неа кузнај како ќе ми беше Ај за со вторите побрзо ќе се породиме
Јас планирам во када да седам, цело време додека имам болки, за пораѓање на бокс, спремна сум на 12 сати мачење, без епидурал. Ако веќе до толку не можам да издржам ќе викам епидурал да ми стават. Вака лесно е да се каже ама секој ден на тоа мислам богами.
Седење во када намалува болки? Не сум знаела супер е тоа чим имаш таму таква можност Многу ме интересира колку кошта пораѓај таму во државна болница?
Цк, не оди таа работа, на бокс со епидурал. Или со време епидурал или без него. Препрашај си, ама јас вака знам.
Како што сум слушнала да, и се отвараш побрзо во млака вода. Имам таква можност и баш ќе пробам да видам. Мислам дека е 10к спонтан, а царски не знам може повеќе од 20к.
Баш ќе ни споделиш искуство како е во када знам и @PurpleMind пиша дека е во када ама мислев само те опушта онака супер чим намалува болки
Намалува болки ама не мислам дека нешто посебно. Вода е сепак, колку може да намали. Инаку и кај нас има опција за во вода, во Плодност.
Ама плодност има за пораѓај така?ова е друго во собата имаш када и се опушташ дури дојде време за раѓање па одиш на бокс Бар ја така ги разбрав девојкиве
Знам дека ко ќе се отвориш не ти даваат и да викаш лом да прајш, ама на почетокон ако ми е мачно одма ќе барам епидурал. Знам Аустрија месец пред породување потполнуваат формулар дали ќе ја примат епидурал, па сигурно пишува за последиците во него, дека ако ја примаат сами ќе си ги сносат. И така се потпишува пред време. Ама тука не е така, може директно таму да се бара, само не пред крај секако.