Ваму јас каде што сум е без пари пораѓај за тие што имаат документи За тие што немаате 260 евра природен пораѓај и 260 евра седење на болница една ноќ ... царски е 2400 евра
Има и епидуралот ризици, и базенот има ризици Во вода поголем е ризикот за инфекција на бебето, ризик да вдише вода итн, прочитај си на интернет. Ризиците секако се прилично мали, ама и од епидуралот се мали ако е се' изведено ко што треба.
Иначе со осигурување не плаќам ништо јас. Аман прескапо е. Еве во болницата како изгледа собата, ова од гугл што можам да најдам. Значи, када, бокс, одма тука. Може и да излегуваш и да влегуваш. Ама јас мислам ко ќе ме фатат болки, нит када нит ништо нема да гледам пред очи. Мислам дека и кревет и бокс се прави, не сум сигурна.
Знаете што, може и во најубавата соба на свет да се породува човек и најлошо да помине не дај боже. Сакам само здраво и право дете да родам нема врска каде како што.Се тоа е небитно. Битно е тоа да излезе живо и здраво, читам има случаеви на крај некои го губат бебчето од тоа имам најголема траума.
Дада јасно само јас дека сум со медицински проблем како што пишав пукнат претпоследен пршлен и сега имам последици болки во половината во ногата на таа страна и кога се менува времето .... не ми се верува да ми ја препорачаат само за во случај да ја препорачаат дали да ја прифаќам или одбивам незнам ... фала ти ќе си прочитам секако
Има жени што го изгубиле бебето и во најубави соби, има жени што на паркинг се породиле и се било ОК. Не читај глупости и не си го замарај мозочето Уживај си и кажи си дека се ќе е во ред. Зошто да знаеш дека ич не е убаво да поминеш некој убав период во стрес правејќи разни сценарија, а на крај се да испадне ко што треба и кога ќе се свртиш наназад да го памтиш периодот само ко стресен наместо како нешто убаво. Од искуство ти кажувам.
Секако дека може и најубавата соба да е ама не се оптиварувај тие трауми и лоши искуства некогаш се дешаваат заради услови, необрнато внимание од доктор итн... Супер изгледа. Многу е битно да си во хармонија и смирена и да знаеш дека некој се грижи за тебе. Тоа треба да ти биде убаво искуство
900 евра е една ноќ, кој ти кажал вака те излажал. Во која ќе се пораѓаш во Матер Деи или Сант Џејмс?
Додека не држам бебе во раце не можам да се смирам. Тешка бременост имам, па се надевам со убаво олеснување ќе се заврши. И да најмногу ми е мило што маж ми ќе биде покрај мене додека се породувам.
Од билинг порака .... Во матер деи И разговор со доктор... Ако јас или сопругот имаме ид тогаш е без пари пораѓај и ти треба последна пресметка од платата ако немаш си плаќаш по овој ценовник е после ако имаш пресметка можеш да побараш рефундација на парите
@BabyD0ll имав ризична бременост и со песна одев на пораѓај, ниту еднаш не помислував на лошо. Цело време лесните приказни си ги мислев на другите и се надевав и јас на такво нешто. Мора позитивни мисли, сепак што и да биде под надзор си и се ќе биде на крај во ред. Со лесно
Леле па ова е ефтино. За документи е точно тоа бидејќи твојот сопруг има осигурување и тоа покрива се,а ти бидејќи немаш мораш да платиш. Само да знаеш дека царски во краен случај идат биди спремна на се. Се надевам ќе се породиш лесно. Сликава ако не ти пречи ќе ја зачувам. Уште нешто во Матер Деи работи Олга мислам Србинка ако успееш да ја исконтактираш и да те породи супер.
Е тоа веќе ми се свиѓа. Идат царски само во краен случај. Исто моја другарка во Шведска што се не пробаа ама успеа природно. Мислам дека само кај нас толку мн се форсира царски.. Ај да не те мачиме големо бебе, ај да не те чекаме ај ова она..
Се сложувам, царски прави многу компликации затоа е и скап за разлика од природно, секако ќе си има тим на луѓе околу неа нема да е сама. Со среќа на сите
Дада знам дека на последно идат за царски.Слободно зачувај слика. Иначе ќе видам или Олга или Тања двете се наши само многу пофалби имав од Тања па ќе видам.Ти благодарам женска
Оние шти се пораѓаат во када тврдат дека намалува болки, инаку мене ме ставија во када со топла вода за да се опуштам и да се отворам. Мене не ми успеа, ама препорачувам, опушта многу. Јас за првпат дремев во када над 2 часа. Нормално, ова под лекарски надзор.
@Alishan30 исто и ти како мене.. Мене епидуралот исто ме опушти си дремнував меѓу контракции ама мислам дека дефинитивно можев и без неа. Стварно немав ама ич болни контракции, и кратки беа плус, убаво си ги издишував ама од пусти страв да не ми стане на крај неподносливо болно, ете ми ставија Секој има различен праг на толеранција на болка, не можеме да се мериме.. Со епидуралот морав цело време да бидам мониторирана и јас, и на ЦТГ уклучена, немав можност да се движам многу и да се местам со положба на телото што ми одговара за полесно да ги минувам болките. Исто на бокс, при напнување некако ич не ми беше природна и пријатна положбата, како да какаш во легната положба-не ми идеше баш. На секого различно му одговара и тоа е тоа...
Ние двете, ете исто или многу слично сме поминале. Со 6 прсти отворена отидов, ќе родев побрзо, сум издржувала, незнаев дека трпам болки но можев и без неа. Прегледот со рака ми беше страшно болен и мислев нема да издржам, затоа ја побарав. Сега за следен пат ќе знам, па нема да избрзувам. Се се заборава, битно да сме и ние и бебињата добри
Кога се пораѓав со првото собата изгледаша слично на таа на @BabyD0ll .Креветот од страните има рачки и се дигаат каде жената да се држи и долу кај нозите се прави гиниколошки стол.Имаше исто када и маса со две столчиња и 3-4шишиња вода.Спроти столот има работни маси каде стои умивалник,комода за преблечување, вага итн. Епидуралот не боли ама јас имав конта ефект ме чешаше стомакот многу.Глупо чувство се чешаш ,а ништо не осеќашАма немав некои други несакани ефекти како болка во половината. Се надевам овој пат ќе ме фатат природно болките без провокација и ќе се породам без епидурал(демек второ и брзу)
Мислам дека Струга во државната исто во краен случај прават царски, е сега во приватните се ми изгледа за $$$ дека прават така.