Каде се форсира царски? Во државна камења ќе паѓаат ама царски додека не почнеш да се губиш и додека не се губат тоновите на бебето не ти прават.
Бесплатно е ама тоа нема врска. Лично знам жени што се пораѓале во систина дека прво пробувале природно па царски. Ама во државна се претерува со чекање за природно. Гледаш дека не оди гледаш ризична бременост, повозрасна родилка зашто мачење од три дена неми е јасно.
Само јаки врски а дури и тогаш тешко. Евентуално да си платиш доктор да те пораѓа па може тогаш ќе ти стават. Јас молев, божем врската ми обезбеди ама не, ме излажаа.
За епидурална не знам, но препорачувам да си побарате лајт спинал. Имам познаник анестезиолог, порано беше во Чаир сега е на Гак. Самиот ми кажа имаат лајт спинал и епидурал но ваљда со врски. А за Чаир мн тешко, ги имав најголемите врски и не добив. За второто примив лајт спинал. Топ работа е. Те боцкаат кога си веќе полу отворена да не трпиш болка. Има дејство од 2 часа. Најдоброто нешто според мене, камо среќаааа и за првото да ја имав примено.
Што е разликата мегу овие две? Јас во приватна добив епидурал откако бев отворена пет прста порано не ја ставаат и тоа ми ставија мала доза за проба да видеме како ќе издржувам болките, доколку сакав уште требаше да побарам од докторката доколку болките ми станеа неиздржливи.
Епидуралот ко што знам се става и се дозира по потреба, а лајт спинал се боцка еднократно и има дејство од 2 часа. Иначе обезболена бев но се осеќав, крајните контракции убаво ги осетив. Но напони немав па мораа они да туркаат да излезе бебе
Аха, е да епидурал ја ставаат во зависност од потреба, кај мене така беше, инаку јас и напоните на бебе си ги осеќав, не е лоша епидурал, само да не се претера со ставање, не е добро ич ништо да не се чувствува.
Ја ставаат и порано, мене ми ја ставија на еден прст отворена зашто не можев да издржам веќе. Не може да се претера, си знае анестезиологот. Мене конкретно пред да ми ја стави ме праша колкави ми се болките од 1 до 10. Откако ја става пак те прашува споредено со претходно колкави болки осеќаш и ја дозира додека не ја снема болката, а да ја осеќаш контракцијата. После само ме проверуваше на 10-15мин.
Јас природно се пораѓав во Чаир и искрено да не се лажеме за мене болките беа неиздржливи , ги трпев 12 саати а само 5 прста отворена и немав веќе сили искрено се изнамачив па со тешки врски ме однесоа на царски инсче ке те остават да се мачиш. Во Чаир нема епидурал мислам а да имало одма би ја земала.. зошто со оваа напредна медицина да се мачи некој да трпи такви болки а некои без врски ги оставаат по 2 дена со овие болки. Треба да се искористат бенифициите на напредната медицина каково мојот случај што не можев веќе да издржам од болки Па дури да си речам веќе никогаш не раѓам. Здравје ако некогаш де одлучам за 2ро одам само приватно и ако треба се ке примам да не го трпам пак тоа низ што поминав
Kolku sto imam slushnato treba da si go fatis anesteziologot i nego da mu dajs nekoj denar i toj da dojde da ti stavi i da sedi so tebe dodeka trae poroduvanjeto. Vaka imam slusnato deka pravele.