Епидурална - за мене вистински избор. После година дена од пораѓај немам никакви последици. Посебно ако се работи за пораѓај со провокации тогаш е вистински избор. Недела дена после пораѓај имав одредена мала болка/нелагодност на местото каде што ми беше ставена, после тоа до ден денес никаква трага од неа нема. Не знам зошто кај нас зошто се зборува за епидуралната како ризична а царскиот рез се смета за лесно и "безболно" решение. А истиот тој следи после спинална анестезија што е слична на епидуралната. А за таа анестезија никој не вели дека може да остави последици. На оваа напредна медицина голема штета е пораѓајот да ви остана како болно, измачувачко а за некој и хорор искуство. Јас уште три би родила со епидурал и не би се мислела.
Да се споредува епидуралната со, царскиот нема логика. Затоа што царскиот, не е дека по сопствена волја се решиле. Секоја анастезија си има свој ризик. Не е само кај нас тоа, јас се пораѓав во Дубаи, прво ми одржаја “предавање” кои последици може да ги имам со епидуралната и од кога ќе слушнам да се решам дали ќе ставам. Мора да се научите дека ако вас ви се погодило да е се океј, нормално баш би ми било мило на сите да е така, кај други жени не е така. Сопстевното искуство некогаш треба да знаеме на каков начин го искажуваме, без да го наметнуваме.
Си кажав јас за мене од мое лично искуство. Никаде не реков немојте да се мислите, морате исто да сторите. Не знам каде е границата за вас помеѓу споделување искуство и наметнување мислење. А споредбата со царски беше тоа што дека и тогаш се користи слична анестезија, па ете после толку голем број на такви породувања барем јас не сум слушнала дека некоја завршила со тешки последици.
Кои се последиците од епидурал? Навистина не знам, освен што слушам болки во грбот некои што се жалат. Јас со двајца познати доктори кај нас разговарав и ми кажаа дека нема последици, нормално како и за се може една во милион да се јави кај некој. Мислам дека членката споредбата за со царски ја направи, затоа што кај нас во приватна болница сами си бараат царски, докторката што ме порагаше ми кажа дека уште од врата ми бараат царски иако нема потреба. Друго е да мораш, а друго е од желба за со царски. И јас пред 5 години со епидурал се породив без никакви нус појави.
Царски рез е операција,знак дека нешто тргнало на лошо(недај боже)па морало така,природно си е природно дали со или без епидурал природно е
Последниот дел ми звучеше така, не е само за твоето пишано со наметнувањето на мислење туку општо беше кажано. Знам дека и јас некогаш несвесно самата го правам тоа. Сега на памет ми паѓаат три личности што имаат последици ( нормално дека не се тешки последици). Нормално дека не треба по секоја цена да се трпи болка јас сум за тоа, но не треба да се занемарат и не дај Боже последиците. @anggell од главоболки, проблеми со кичма, проблеми со одење…
Последица ми е притисокот после епидурална, до ден денес, 9м по пораѓај пијам терапија, и за време на пораѓај со неа, се оддолжи чинот на породување за 2-3 часа, ќе беше се побрзо. Кај мене престана отварањето, бебе заспа, заспав јас, намалија контракции, јас качив притисок висок, и ја сопревме и се породив со болки кои траеа многу кратко. Ете кај мене направи проблем. Здравје боже за втора бременост, не би одбрала епидурална анестезија. Ова е мое искуство и мислење, сепак имам многу голем праг на толеранција за болка. За друг пат ќе знам, да не одберам.
И јас имав вакво слично искуство со епидурална и кај мене се закочи цел процес плус бебето беше качено скрос горе и тешко на двете беше. А кај мене се искомплицира и со тоа што многу рано ми ја ставија и процесот се закочи. Али како шо рековме сите сме со поинакво искуство
Јас се породив со лајт спинал во Ремедика и да треба пак да бирам пак одбрала без размислување. Све си осеќав само болка таму кај шо не треба немаше. Немам никакви последици фала богу.
Исто е и моето искуство, само што фала богу, немам никакви последици. Ниту осетив кога ми ја ставија, ниту кога ми го тргнаа катерот ама ептен ми го успори отварањето. Контракциите ги осеќав, не беа болни, прво се опуштив ама после ми се покачи пулсот и почнаа ужасни болки на бокс. Немав напони само болки гоооолеми. На 7 прсти отворена требаше да одберам лајт спинал, 2 саати побрзо ќе се породев. Пошо ептен брзо се отварав пред епидуралот. Епидуралот кај мене не фати скроз на едната страна.
Јас обратно од девојките горе. Благодарение на епидуралот се отворив доста побрзо се породив во 3 по полноќ(пикнат водењак во 18ч епидурална ставена накај 22ч) а не очекуваа пред 8 сабајле. На бокс се породив за помалце од 15минути. Нема да лажам имав болки и со неа, но кратки па можеше да се одмара и да бидам одморена на бокс. После пораѓај имав болки во кичма, но не знам дали од епидуралот или од самото кревање на бебе,доев искривена на почеток итн... 9м поминаа немам никаков здравствен проблем фала богу.
Се породив и со епидурална и без.Двата пораѓаи ми беа со провокација.Првиот пораѓај ми беше со епидурална кои ми ја ставија на 5 прста отворено, додека делувше се отворив 10 прста.Не осеќав болки, ниту напони ниту осетив бебе како излегува. Ми ја ставија во 00ч, се породив во 1:43ч.Немам никакви последици фала му на Бога. Вториот пораѓај ми беше без епидуеал.Цело време се плашев што ако отидам во болница отворена 7 прста нема да ми стават епидурал. Како ќе издржем такви болки.На крај провокацијата ми траеше една недела со огромни болки без епидурал.Пред да се породам ми го пукнаа водењакот на 2прста отворена и почнаа породилни болки на 2 мин.Не ми беа толку болни како од провокациите.Напоните па ич не ме болеа.Осетив и бебе како излегува и како се бутка со нози.Преубаво чуство.Пораѓајот од пукање на водењак ми траеше максимум 30 мин. Ако одам на трето ќе одам без епидурал,ама го препорачувам топло за прворотките.
Јас се породив два пати и двата со епидурал. Со шѕо во вториот пораѓај покасно ппбарав да ми пуштат анестезија. Поминав супер . Немам никакви последици ,и 3то дете да имам ќе ми биде со епидурал. Брзо лесно и безболно . piece of cake. Ако ск во раце на добар анестезиолог не би требало да има никаков ризик. По она што го знам за епидуралот треба да биде милиметарски прецизно ставен, бидеќи поминува низ самиот рбет.
Лајт спинал те боцкаат еднократно во грб и има дејство 2-3 часа, јас имав најдобро искуство со пораѓај зафаление на лајт спиналот. Се си осеќаш а немаш болки. Јас напоните само ич не ги осетив. А епидурал се аплицира со цевче и се дозира по потреба..
Благодарам,а дали има одредено кога се става лајт спинал? Јас ќе се породувам во Ремедика па сакам да си побарам,се мислам меѓу двете.