Па матичната и не ти е толку битна. Не знам каде ќе се пораѓаш, но таму мораш да се консултираш со докторот што ќе те пораѓа, со анестезиолог и тн. Сега ако ти кажам дека не боли- ќе те лажам. Прагот на толеранција на болка кај сите е различен. Мене ми даваа кислород додека бев на бокс зошто губев воздух. Но, не се разочарувај, нема потреба од тоа. За се има решение, и за ова ќе се најде. Најбитно е да разговараш со тие што ќе те пораѓаат.
Мајки и јас раѓав и имав епидурална ставено, но болките беа неиздржливи буквално, одвај чекав бебето да излезе. Дали можеби ја исклучиле епидуралната кога ми го пукнаа водењакот, зашто по ваше кажување со пуштена епидутална би требало само напон да чувствуваш а не и бол?
А пред да ти го пукнат водењакот имаше болки? Кога ти наместија катетер и прв пат ти пуштија лек за обезболување не осети дека ти се намали болката? Може лошо да бил поставен катетерот. Кај мене се случи така и на почеток само едната страна ми беше обезболена, после двете, ама ми го корегира анестезиологот и искрена да бидам, ништо не сетив.
Нсвечер добив болки но не бев отворена, па ми ставија епидурална и тогаш поминаа болките, тек наутро кога ми заврши епидуралната осетив бол но ми ја продолжија. На визита веќе бев целосно отворена, дојде докторот ми го пукна водењакот и тогаш почнаа пак големите болки додека не се породив. Мислам дека ми ја исклучиле епидуралната, дури и две дози чист окситоцин ми ставија при раѓање за напон.
Јас бев со провокација со вагиналета, после плус окситоцин ми даваа, стварно ништо не сетив. Ама кај мене цел процес траеше околу 4-5ч.
Кај мене епидуралната на едната страна фати послабо, откако ми пукнаа водењак болките беа малку посилни но се издржуваа, е на бокс незнам дали ми ја исклучија и што се дешаваше ама немав ич напони само огромни болки. И мене ми даваа окситоцин, кислород, незнам уште што само ми ставаа нешто. На крај ми се качи докторката на стомак да притиска а одоздоле акушерката го влечеше бебето. Тие 2 мин ми беа најболни значи ѕвезди броев. Тука изгубив свест и следно што памтам беше бебето извадено од мене. Незнам дали има врска епидуралната со тоа што не осеќав напони ама мислам дека има. Кај мене епидуралот го забави и процесот на отварање претходно, иако само мала доза ми имаа ставено и не ја појачуваа. А и многу ми се повраќаше, имав нагони за повраќање ама не повраќав, исто мислам дека од епидуралот беше тоа.
ако си преплашена и ти е толку многу на мисла иако ти викаат дека можеш ама пак си во страв,најубаво закажи си царски.Секако каде и да одиш за пораѓај ќе им ја објасниш состојбата
Во Систина, прв пат кога ме провери Палчевски бев 1 см отворена, епидуралната после 2 3 часа ми ја ставија кога болките станаа неиздржливи и кога истече инфузијата.
Зошто да не раѓате со епидурална, ако имате таква опција? Раѓав природно, оти немаше епидурална, а не оти ми беше многу мерак да трпам болки.
Како што ми објаснија, болката не исчезнува туку се намалува времетраењето. Така ако треба болката да ти трае 1минута, со епидурал трае 20тина секунди и имаш одмор меѓу болки. Валда добро објаснив. Епидуралот го гасат на бокс бар кај мене беше така. А дека имав болки-имав, ама спиев, се будев во грч и болка, па пак спиев и бев многу одморена. Се траеше 5-6часа
Не сум раѓала со епидруална ама и без провокации природно ако раѓаш имаш одмор меѓу болките така да со епдруал сега се надевав ич да немам. Само што станува се пократок како доаѓаш до крајот, во тие 5 саати од прием до пораѓај кај мене последните 2 не се трпеа инаку баш имаш одмор меѓу болките да земеш душа
Јас со епидуралот пак имав болки можам да замислам без тоа како би било. И јас така си мислев безболен пораѓај ама нема такво нешто, сега може на некоја и се погодило па да не ја боли. Или овие во ремедика не ми ја пуштаа како што треба..
И без епидурал има растојание меѓу болките. Кај мене беа на 2мин и траеја 20 секунди. Со провокација бев