И двете ги родив без епирдуал... И шиена и све... Првото го родив овде во МК, второто во Германија.. За второто јас сакав епирдуал, но ми констатираа многу несакани работи и ми предложија ако издржам без неа ок, ако не ќе ја стават.. Пошто и ттие самите не ја препорачуваат епирдуалната анестезија.. Да олеснителна е многу, ама и постојат многу ризици... Така да се одлучив поарно да трпам болка еден ден, одколку цел живот.. Немора да значи дека на сите и се има нешто случено,ама баш имав случка, со родилка во иста соба бевме, таа неможеше да стане од кревет многу се жалеше на болки во кичма, а јас трчав ко да не бев ни родила... Така да не би се одлучила на епирдуал..иако и двата пораѓаја ми траеа баш долго...
Една моја другарка со дебели врски на ГАК доби епидурал . Само од неа што сум слушнала никој друг на државно до сега друг не сум сретнала сем нејзе што се пораѓал со епидурал .
За епидурална ви треба врска анестезиолог, гинеколозите немаат врска со тоа, освен ако некој не ви е доволно близок или волен да ви среди со колега анестезиолог.
Болки во кичма од епидурал? Не верувам дека е баш од епидуралната анестезија, зошто таа не се аплицира таму. Немаат воопшто допирна точка. Многу луѓе ја мешаат со спиналната... Од спинална да можни се болки во кичма.. на промена на време итн, но од епидурална не. Јас сум породена пред 3 години со епидурал не осеќам никакви промени болки или сл. Во 20:45 се породив во 00:30 веќе бев станата.
Епидурална се аплицира горе во епидуралниот простор каде што се наоѓаат нервите кои излегуваат надвор од спиналниот канал и одат во различни делови од телото. Тоа ми беше кажано од анестезиологот. Доколку се аплицира во кичма како ќе ти го префрлат цефчето со катетар за апликација горе.
Можно е, јас не добив никакво објаснување од анестезиологот, беше арогантна и ништо не ми кажа. Ете имало разлика, не сум знаела.
Искрено, по првиот пораѓај, ако некогаш се одлучам за втор и не биде царски, не ми е гајле дали е епурална спинална, минална, дај шта даш.
A каде се аплицира епирдиалната? На истото место е.... Пишав не значи кај секој, ама има многу и со последици, жени што лично ги знам завршија на физиотерапија...
И јас мислам на исто место се. Првото ми беше со епидурална, второто спинална. Многу полесно е со епидурална, како да не си била под анестезија.
Се согласувам со тебе. Ептен е супер работа. Единствената маана што и ја даваат на епидуралната е дека можеш поспоро да се отвараш. Последица јас немам од епидуралот, а и колку што осетив не беше во кичма туку малце подоле од средина на грбот али далеку од кичма.
Девојки здраво, Дали вие што сте породени спонтано со епидурална анестезија сте искусиле константни главоволки? Породена сум пред месец дена, секој ден имам главоболки, прептпостваувам дека би биле од епидуралот...
Кажете какви симптоми болки имате пред да се породите на природно... Снаа ми има болки од време на време од болница ја вратија и викаа почекај уште некој ден затоа што немала големи болки и не е отворена ...прво и е
Времето меѓу контракциите ќе се намалува, болката ќе се зголемува, може водењак ќе пукне. Како и да е ќе мора да оди да ја пеоверуваат. Со лесно нека и е
Менструални болки но со повисок интензитет, поболни, на почеток понаретко, како одминува времето се намалува временскиот интервал. Јас од првите болки за помалце од 9 часа се породив
Јас уште 10 пати да раѓам пак ќе изберам со епидурална, ризици постојат ама многу мали, инаку епидуралната не се става во кичмата туку погоре, па болки во кичмата после пораѓај не се од епидурална. Јас имав многу добар анестезиолог и ми обајсни се до детаљ додека ја аплицираше, ништо не осетив и многу ми беше лесно после неа, завршив на итен царски и пак беше со појачана епидурална и сум без последици, еден ден ме болеше местото ама ништо значително, ако имате шанса јас препорачувам, туку каде што живеам они сами препорачуваат без да бараш.