Јас се пораѓав без епидурал и повторно би избрала без. Издржав иако се пораѓав 10 саати, би избрала да станам после без проблем. А имам и сколиоза па шубе ми е се околу епидуралот.
Мене не ми ја даваа, тука кај што живеам не даваат иако као има опција, ги молев ама не ми ставија. После ми кажаа дека сакаат родилката да го осеќа процесот, да знае кога да соработува и да го осеќа подобро напонот. Ммогу ме се разбирам искрено кој дел од процесот си без болки со епидурална и дали и напонот не го исеќаш ама така ми рекоја. Јас бев во волки 18 саати, од кој 10 саати активен пораѓај. Сега за недела-2 треба пак да одам на пораѓај, ќе издржам и без епидурал.
Осеќаш напон, не осеќаш болка, јас не дојдов скроз до крај за да го осеќам баш напонот ама јетрва ми се породи со епидурал природно и рече дека се осеќа кога треба да туркаш и без проблем знаеш што треба да правиш, а и бабиците те насочуваат секако. А за станувањето, не знам зошто мислиш дека нема да станеш без проблем @GoldLeo јас со царски и епидурал станав во првите 12 саата и сама се туширав.
Може да ми кажеш колку степени си искривена сколиоза , дали имаше мака со кичмата,дали беше со природно или царски итн ? Бидејќи и јас имам сколиоза па затоа прашувам.. Мило ми е што си успеала, да е здраво и живо
Епидуралот е за додека си во фаза на активен пораѓај, да не ги осеќаш јаките контракции како многу болни. Јас бев со епидурал и сѐ осеќав, само болките со намален интензитет. Додуша кај мене и не фати добро на едната страна епидуралот, ама сепак колку-толку помогна, па болките беа издржливи. На бокс мислам дека го гасат, за напони да осеќаш. Е јас напони ич немав туку само болки огромни на бокс и мислам дека тоа беше последица на епидуралната, така читав после. И кај мене процесот на отварање се забави, па заради тоа морав да примам и провокација, да не ставев епидурал сигурно 2 саати порано ќе се породев зошто пред да ми ја стават сѐ се одвиваше брзо. И после пораѓај (се породив во 8 навечер) не ме оставаа сама да станам, ме стана сестра во 6 сабајлето.
И јас сум со сколиоза, а вториот пораѓај ми е итен царски со спинална анестезија. Од прва ме боцнаа. Само треба убаво да се наведнеш и да си мирна, си ја гледаат они кичмата што како си е и си знаат кај да си боцкаат. Нема врска сколиозата. Вториот пораѓај многу полесно се опоравив и многу полесно се движев. А првиот ми беше природен (со душа вадење) Нема правило... Едит: Башка како што ме држи сеќавање, боцкањето беше малку подоле од средината и тоа е веќе доста доле од поголемото искривување на сколиозата. Не е баш на најголемата точка на степенот на искривување...
Ова не го сфатив баш, ај појасни ако не ти е тешко. И јас сум со сколиоза, мене горе ме боцнаа, од прилика меѓу плешките. Со царски бев. Немав проблем никаков ни за време ни после породување. Го виде докторката искривувањето кога се свиткав за боцкање, лежев мирно, ништо не осетив.
Леле искрено заборавив колку степени, не знам каде ми се анализите да проверам. Природно се пораѓав, за чудо најмалку болки во грб осетив баш кога бев бремена. Ќерка ми се имаше наместено така да немам терет
Многу високо тебе Мене ми рекоа да се свиткам најмногу што можам во седната положба и подоле од средината ме боцнаа. Некаде отприлика тука Spoiler: Слика Додека тој дел што ми е највеќе искривен (30тина степени сум јас, немам правено 10тина год снимка нова незнам точно), ми почнува над делот кај што боцкаа... Јас со кичмата никаква мака немав, освен на крај колковите (што веќе е и нормално). Две износив, две родив, килажи качив, големи бебиња носев, немам никакви последици фала богу... Вака и на нет како што барам, доста пониско од плешки се става и епидурал и спинал... незнам дали океј објаснив. Обично искривувањето на сколиоза на горен дел од кичмата е полошо, највеќе искривена е таму кичмата. Почнува од средината, и горе е најкриво, тоа објаснував... додека доле е малку поправа кичмата.
Не знам зошто мене толку високо ме боцнаа Плус не ме боцкаа во седечка положба, легната бев на лева страна и така се свиткав. И сколиозата и кифозата ми ги забележаа и врска немам зошто толку високо. И навистина никакви проблеми немав ни во бременост, болки никакви, а ни после бременост. Освен што имав малку болки како укоченост додека не почнав да вежбам. Еве и во оваа бременост немам болки. Никогаш не сум се снимала и врска немам ни степен ни ништо. Ја гледам сликава и анализирам. Едното рамо ми е малку потспуштено, ама незабележливо, само јас го гледам бидејќи знам. На сликава доста е покрива едната страна отколку што сум јас.
Здраво! Да прашам дали почнаа на ГАК да ставаат Епидурална? Преку повеќе луѓе се обидов да фатам врски за да ми стават епидурална, ама сите ми кажаа дека не ми требале врски и дека по ново можело да се договориш да ти стават. Од друга страна не знам никој што успеал да се породи со епидурална на ГАК....
Другарка се породи во декември. Имаше долг и комплициран пораѓај. Докторката што го водела породувањето сама и предложила да и стават епидурална без претходен договор.
Мајки, какви последици имавте од епидурална? јас се породив пред 3ипол месеци, но од тогаш навака многу ме болат нозете и ги осеќам како отечени а не се реално отечени. Во бременоста не ме болеа нозе воопшто. Крвна слика и ддимери се супер. Не знам дали би можело да е последица од епидуралната?
Јас немам никаква последица од неа и после толку години. Супер поминав. Пак би бирала епидурал само не знам следна бременост морам со клексан па читам дека поризично е со клексан да се прима епидурал.
Сосема е исто, јас бев до последен ден со клексан и епидурал и на крај царски со епидуралот ме направија. Никакви последици ништо немав максимум саат време на интезивна дали бев и ме префрлија во мојата соба и бебе беше таму
Стварно сакам да знам како е со епидурал царски . Јас бев со спинална . Со епидурал исто не ги осеќаш нозете ?
Не ги осеќаш, само што после операција кај мене брзо попушти и сама си се префрлив од еден на друг кревет како ништо да не е.
Јас ги осеќав, ги мрдав дури и пред да ме однесат во сала сама бев до вц, на операциона маса сама се качив. Единствено болка не осеќаш. Со спиналната не ги осеќав ич, а исто ме попуштија и двете анестезии, многу брзо беше.