1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природно породување - со или без епидурална анестезија?

Дискусија во 'Бременост' започната од kleopatra11, 3 декември 2009.

  1. Macimaxi3

    Macimaxi3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2023
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки далеку сум од терминот за пораѓај, имам прашање кое ме мачи плашлива сум многу и многу имам страв од пораѓај и се мислам да одам со епидурална на приватно, дали може мислење да ми кажете со епидурална дали е полесно за пораѓај.
     
  2. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    1.706
    Пол:
    Женски
    Полесно е во текот на отварање бидејќи ги намалува болките речиси скроз додека да се отвориш. Во самиот чин на туркање мене ми ја исклучија за да осеќам напон и тогаш веќе осеќаш нагон за какање не е баш болка..
     
  3. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Јас првото го родив спонтано без епидурална, а второто исто така спонтано, но со епидурална. Искуството е неспоредливо! Благодарение на епидуралната не се осеќаат болки при контракциите и како што кажа и членката погоре- и мене ми ја исклучија/намалија само во текот на породувањето за да чувствувам кога треба да напнам и буквално се осеќа само нагон за какање.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Macimaxi3

    Macimaxi3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2023
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Jas bidejki sum mnogu plasiliva i plus znam kako e kaj nas vo drzavno ako se poragash (sto mi imaat kazuvano site bukvalno), dodeka vo privatnite e poskapo ama mislam deka e podobro, i samiot cin poragaj me plasi pa nekako povekje sum za epiduralna da ne osekam nishto.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Ако имаш опција оди си приватно и породи се со епидурална и готово не си ја мачи душата. Во денешно време кога има милијарда начини за намалување на болка зошто да не се искористат :)
     
    На Martka, *Milicka*, Алек*** и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    Зар нема никаква шанса за епидурална на ГАК?
     
  7. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Веројатно со многу јаки врски има.
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    Хм има некоја причина или? Стварно не сум упатена, имам уште време до пораѓај се надевам во безбедни недели ама не ми е јасно зошто не ја даваат ?
     
  9. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    25.953
    Пол:
    Женски
    Зошто се идиоти
    Мерак им е да гледаат кај што патат со болки
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.197
    Пол:
    Женски
    Оти целокупниот здравствен систем е во распад и не дај Боже таму човек да стапне. Согласно последниве сознанија за аферата од невидени размери на онкологија, мене би ми било страв од сите таму.
     
  11. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Само дебели врски, ако имаш.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    Добро тоа секако стои и не запрепасти сите. Но за жал не секоја има 110.000ден да ги даде за породување во приватна болница.
     
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.197
    Пол:
    Женски
    Знам, јасно ми е мене тоа дека нема секој. Ама државното здравство исто како да не постои, ниту имаат лекарства ниту имаат персонал. Чиста среќа е да наидеш на совесни кои соодветно ќе се погрижат. Ова се однесува за било што, не само за породување. Не се за џабе потресени сите, луѓе влегуваат во тешки долгови само за да отидат на приватно. Дур народот ќути, така ќе биде.
     
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.685
    Пол:
    Женски
    Затоа што нема доволно анестезиолози.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    Фала, тоа прашувам :)
    Зошто знам колешка лани се породи на ГАК со епидурал, па сакав да знам дали да барам луѓе со време ако одлучам или пак нема исклучоци.
     
  16. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Анестезиолози имало и порано а и сега, ама епидурал едноставно не даваат, тоа спазмекс и кетонал венски е поим да дадат не па нешто друго. Ептен јака врска кај гинекологот или анестезиологот да имаш.
    И мене ми е рано ама размислувам за на гак. Ама како би издржала втор пораѓај без епидурал, не знам баш
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.685
    Пол:
    Женски
    Нормално дека има анестезиолози, но нема доволно за на сите родилки да можат да аплицираат епидурална.
     
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    13.327
    Нема доволно анестезиолози. И да ти е врска некој, ако има итен царски кај друга родилка, ти нема да добиеш епидурал.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Ако одиш приватно земи си епидурал и не се мисли и мене ми ставија со првото, никакви болки само напони осеќаш. Не сфаќам зошто да трпиме болки кога има решение поздрав и со лесно...:hug:
     
  20. Macimaxi3

    Macimaxi3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2023
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Toa naponite dali bolat i tie kako gi osekate?