Во последните минути ја гасат епидуралната но тогаш веќе не осеќаш баш болка туку нагон како за какање.
Освен ако не почне да турка на 8цм отворено и заедно со контракциите имаш напони..во тој случај не знам како е? Мене и двете на 8 ми туркаа. @Macimaxi3 ништо не е страшно, се издржува
Едноставно мора бебе да излези на било кој начин и најважно е соработка, дишење и оставање телото да си го направо своето, буквално. Најмалу нешто за што треба да се замараш е болката, фокусирај се на тоа дека ќе си го слушнеш најубавиот плач на цел свет и ќе гушкаш најубавиот мирис. Ич не размислувај на пораѓајот.
Pa nekogash ne mislam na toa mnogu si vikam ajde ako e so epidural dobro e nema da boli tolku se tesam ama nrkogash koa me fatat tie ,,ludite" da ne recam strasno e togash.
Осеќаш напон, болка не, а не се гаси кога имаш напон, ти тече цел пораѓај. Барем мене не ми рекоа дека ќе го гасат, јас завршив со царски ама до 8 прста осеќав некој напон. Болка не се осеќа воопшто со епидурал, не се сеќирај, мислам ја осеќаш таа до 4цм кога тееба да се стави, ама не е страшна таа толку, трае неколку секунди и поминува.После со епидурал буквално спиев, ништо не осеќав од болка.
Најдобро најди си по нет видеа за правилно дишење и однесување при контракции почеток пик намалување, дишење кога ти викаат да не туркаш и сл. Јас не сум плашлива по природа ама секоја мајка која за прв пат треба да роди е исплашена од непознатото и како ќе помине па затоа јас наместо да се фокусирам на кревање паника сега а најлошо на момент на пораѓај се насочувам на тоа да ги запамтам начините на дишење и си ги повторувам за кога ќе дојде моментот да не сум преплавена само со црни мисли ЛЕЛЕ МЕ БОЛИ туку преку правилно дишење и слушање на доктори цел персонал да се породам полесно а не да ми остане само траума. Може ништо од ова нема да помогне и ќе бидам ужас, но бар сега се трудам да ја контролирам таа паника и да не мислам на болниот чин туку на моментот дека конечно ќе го земам бебо во раце.
Чим јас две деца родив природно без епидурална, со првото 3 дена со болки, а сум страшно неподнослива на болказ не трпам ништо да ме боли, значи секој може да раѓа Притисок 150, кислородна маска, провокации, болки, у сред корона, и пак бебе искочи, сега дечко скоро 3 години што "ни ја вади душата" вака или така ќе искочи, пораѓајот р најлесниот дел од целото мајчинство, после тоа следува потешкиот дел.
Дефинитивно соработка и дишење е најважно! Не ти треба никаква помош доколку оставиш телото да си го направи своето. Јас со првото имав "поддршка" од маж ми и оставена на него. Не опуштен, паника он, јас вриштам, соработка нула. Со второто без маж, ми се погоди бабица злато, само ми повторуваше нежно да затворам очи и да си замисливам дека ме носи бран, toлку ми навлезе што стварно кога имав контракции се препуштав скроз и замисливав дека лебдам над вода, болката беше присутна тоа е нормално ( без епидурал бев) ама многу побрзо заврши се, оти не се стегав и соработував.
Здраво дали е доцна да почнам со прегледи во 30 недела на приватно во ремедика за потоа и таму да се породам?
Ќе одам кај др Котларова сите ја фалат неа гледам. Инаку да не треба нешто да се припремам или обичен преглед ќе биде само тоа.
Мене со второво ми дадоа анестезија, не ни прашав која но мислам дека беше Лајт спинал, имаше дејство два часа и јас ниту болка ниту натон осетив.. никакво цевче ништо, само ме боцнаа во половина и толку. Буквално во соба ќе родев, дур ме однесоа во сала и тој еден напон што го имав тие ме туркаа за стомак.. Се на се, пак да раѓам таква анестезија би побарала
А каква е таа лајт спинал анестезија ако може некој да ми објасни ? Јас 34 недела и имам многу страв и паника како ќе раѓам.Имам нула толеранција на болка мада мислам дека тоа е повеќе од што се плашам ...
Лајт спинал е како спинална анестезија за царски што ја ставаат само не толкава доза и помалце трае али тоа е да кажеме ако брзо би се отворила, а епидурална ти е како катетар те боцкаат исто позди во грб само имаш цефче и ја регулираат во текот на пораѓајот и ти ги намалува болките, мене скроз ми ги намали.