Здраво девојки.. дали има накоја од Прилеп што сега брзо се породила? Или некоја да знае дали имаме некој што работи со епидурал? 30та недела сум и веќе ме фаќа страв и паника...
Ако има друг итен случај, нема да добиеш, па плати и 1 000 евра. Нема анестезиолози, тоа е проблемот.
Ми кажаа дека само еден доктор работел со епидурал ама и тој во моментов не работи.... Не знам како да си го смирам мозокот, многу се плашам ич не сум толерантна на болка..
Муабетот ми е ко е твој човек шо не е на смена тогаш ќе дојде и ќе ја боцне па каков сака нека има итен случај ако на смена има уште еден анестезиолог. Можат и венски преку инфузија да ти ставаат да ти ги намалат болките само не е дека скроз ќе ти ги снема како со епидурална.
Zdr imam golemi bolki vo predelot na levata strana od polovinata nekogash od sto premnogu me boli koga odam nakrivnuvam dali e toa normalno ili?
Каква е таа венски што се става а намалува болка? Или збориш ,а обичен лек како спазмек или нешто такво?
мене спазмекс ми ставија кај 8 сабајлето на првите контракции кои шо ми беа на 5 мин смешки,не ја ни осетив инекцијата дека нешто намали болки
Ве молам за помош сеуште сум во дилема ќе се породувам во ремедика кај докторка Котларова жената е стварно супер и неверојатна ама сеуште се размидлувам дали да одам царски или со епидурална бидејки многу се плашам од болови ај ве молам за помош.
Пробај природно со епидурална, може ќе успееш и брзо ќе се породиш. Царски не бега секако, ама не е полесна опција, болките се после тоа. Како и да се породиш едни болки ќе тргаш ама вреди се кога ќе го видиш бебушко
Гледам дека сите пидуваат со епидурална дека е полесно нема толкави болки и се мислам докторката ме праша како сакам јас и реков да пробам природно оти после со царскиот знам дека се има како некои последици рана,болки и тн па затоа се мислам знам дека и со епидурал може нема да е лесно.
Јас од искуство и со двете опции, би ти препорачала доколку имаш шанси за природно да си пробаш, пола саат ќе имаш јаки болки додека да излезе бебуш после тоа ако те шијат зависи дали ќе те сецнат ќе имаш малку болки при седење ама брзо поминуваат, а царски додека те прават не осеќаш болки ама отпосле е многу потешко барем за мене е така кај мене беше итен царски.. како и да е поминува вака или така. Со лесно