Природно породување - со или без епидурална анестезија?

Дискусија во 'Бременост' започната од kleopatra11, 3 декември 2009.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    А не може ли некако да се договори човек таму со епидурална, да гарантираат дека ќе стават?
     
    Последна измена од модератор: 10 мај 2017
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.149
    ^Може да се договориш за епидурална, ама само ако имаш ептен врски, во смисла докторот што ќе те пораѓа да биде тука и да им каже на сестрите на време да ти ја стават.
     
  3. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    582
    Сум слушнала дека таа епидурална колку е добра толку е и штетна...
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Фала Неса. Страшна работа е ГАК. Зошто така не ставаат у п.м. ги штедат ли анестезиите, што е работата, бог да чува :(

    Значи само среќа да ти е врската на смена!

    Не е штетна ако ти става искусен анестезиолог
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416

    И јас истото го имам слушнато :) Мене луге од страна ми предложија доколку одам на царски да биде со
    епидурална но јас сепак сакам природно.Незнам зошто толку многу се плашат мајките од природно породување.Јас имам 24г ова ми е прва бременост и воопшто не ми е страв ;) Можеби кога ке дојде моментот тоа ке се смени или за втора бременост но сега за сега сум убедена дека доколку е се во ред со бебето ке одам на природно.Сепак тоа е најдобро.
     
    На Forko и pepita82 им се допаѓа ова.
  6. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Прво си многу помлада од мене, а мене ми е прво :) Велат дека се е полесно е помлада, особено раѓањето. Второ, мене прагот на болка ми е многу низок и не издржувам никакви болки, затоа многу ми е страв. Уште кога ги видов двете црти ме фати стравот :D
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    329
    Јас си го прашав културно мојот докторот за се во врска со епидуралната анестезија... бидејќи што повеќе читам туѓи мислења се повеќе не знам кој пат да го фатам.

    Во пракса.. на сите трудници кои се пораѓале природно им ја нуделе епидуралната им објаснувале за што служи за тие што не знаат и во пракса сите трудници ја прифатиле. Од сите пороѓаи кои биле направени во нивната болница немало никаков проблем после и за времетрање на епидуралната. Меѓу останатото нагласи дека... никој во болницава не е толку луд да и стави на трудница нешто со кое може да го загрози нејзиниот или животот на бебето... никој не сака да се влечка по судови или да заврши в затвор ( го кажа ова во контекст, доколку би била штетна епидуралната т.е. доколку би му наштетила на мајката или бебето ). Тој најпросто ја спореди епидуралната со локална анестезија на заболекар. Вика со помош на локалната анестезија.. ти стоиш мирен, а заболекарот на раат си ја брка работата.. со помош на епидуралната.. ти не чувствуваш болка, се пораѓаш природно, докторите ти кажуваат што да правиш и само за 3 саати си на нозе и се шеташ низ болница олеснета од бременоста среќна со бебето. Меѓу другото објасни дека во некои земји ширум светот не ги ни прашуваат трудниците дали сакаат или не туку само им ја ставаат..

    Така да, мојот став е ДА за епидурална... породи си се ко човек без болка на раат, трчај за неколку саати и раскажувај колку лесно си поминала... :clap:

    Епидуралната се наплаќа екстра 6000 денари.. не беше сигурен ама рече дека мисли дека цената на епидуралната е толку низ сите болници во Македонија. :geek:
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. love4ever

    love4ever Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    37
    Јас сум во странство и овде планирам да се породам.Тука секој кој сака може да добие епидурална,не е како кај нас. На последната контрола во 9-ти месец те прасуваат дали сакас со или без епидурал да рагас. Инаку бесплатна е, само доколку прифатис да бидес со епидурал потписувас некаков си документ. Е сега безболно нормално дека е подобро,ама пак ако е 100% безбедна,без никакви последици за мајката или бебето,за сто служи тој документ,и зосто воопсто се потписува? :?: Којзнае,ама според мене пак постојат санси да тргне несто наопаку, па тие за да се Чисти,го имаат потписаниот документ,не знам. А кој не би сакал со лесно и безболно да помине... Имам усте некој месец за размислување,па ке видиме. :)
     
  9. Aleksandra1977

    Aleksandra1977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    96
    Дали некој знае колку чини епидуралната аналгезија?
     
  10. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    752
    Треба да е бесплатна но јас колку што слушнав кога се пораѓав (на ГАК), ја наплаќале 100 евра. Незнам дали е точно.
     
  11. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    и сеа бесплатна е на ГАК или не? Планирам и ја со епидурал да се пораѓам- здравје ако имам среќа пошто кога е во прашање државна услуга, само среќа треба да имаш.
     
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    752
    Невеста, законски е бесплатна.Но нема да ти ја стават додека не му платиш на докторот. А имало случаи и кога на договерено и на платено пак не ја добивале. Едноставно немаат анестезиолог на ГАК и ако им спомнеш за епидурал знаат и да ти се изнасмеат. Катастрофа. Демек бараш нешто што не е возможно. Мој совет ти е или да си го прифатиш фактот дека ќе се породиш без епидурал, или да фатиш врски ортоми за да не те зезнат. Јас кога се пораѓав само на директорката некоја роднина се породи со епидурал.Другите што молеле,колеле, биле договорени- сите беа извисени.
     
  13. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    па наводно ќе имам врски, ама ете се ти е лутрија .... сепак фала што сподели свое искуство, ќе се потрудам од повеќе страни да потегнам конци ;) па со господ напред ....
     
  14. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Кој може да им поверува во тоа „немаме анестезиолог“?! Па ако треба не дај боже итен царски, што ќе прават? Само лажат бреееееее :@
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    10.873
    Ти сакаш верувај им, сакаш не, они ќе си кажат и нема да ти дадат анестезија. Кретени се невидени, имам право јас на безболен пороѓај или не, нив не ги интересира. Ова е бетер од фашизам, на овој век да потплаќам за нешто што ми следува?! Мамицата нивна, на се користат. Нека им служи на чест! :@
     
  16. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    море да видиш како ќе си ги соберам парталите од сред пороѓај и ќе киднам у систина хахахаа :D
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    10.873
    Ке гледаш само да се олесниш мислам дека... Жени сме, створени да раѓаме. ;) сето тоа е толку природно, а ако не е, има царски. Докажано е, имам читано на повеќе места дека ако се концентрираш на себе и на болката, потешко се пораѓаш. Доколку се концентрираш на тоа дека во моментов ти се раѓа чедото, се ослободуваат доволно хормони и што се таму за да го олеснат породувањето. А на крајот на краиштата, некој многу по лабилен на болка, 50 евриќи на некого во џебче да му е топло на цицето, и три пати Оче наш, за да ти се услишат молитвите да не те заебат за епидуралната... :rofl:
     
    На Vetruska, TSS и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  18. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    1.059
    Колку си оптимист :D :D :D ко ќе се пораѓам ке те барам да ми збориш дека сум створена за тоа :D :D по могучност додека го давам мажето со една рака со друга ќе зборам со тебе на моб и ке си тускам 8)
     
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    359
    :lol: добра си епидурал препорачувам зашто кога постои да се мачиме
     
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    1.059
    Имаш право, само во болницава во Тетово колку ќе имам можност е знак ? ... другарка моја се мачеше 2 дена не можеше да се отвори па никој не ја загледа, ни епидурал ни провокација |(
    од сеа ме боли меѓу нозе а не тогаш |( , ко ќе ми текне на тоа одам ко по јајца да газам :D