Здраво, дали може да споделите искуство со тие што сте прооден и во Систина. Кај кој доктор, дали ве прашуваат однапред дали сакате природно или царски (или се форсира царски по секоја цена?), дали ако е природно сами си бирате епидурална или спинална и сл. Како се ближи термин ме фаќа паника од неинформираност Видов имаа некои предавања за пораѓај но кога прашав дали се онлајн ми рекоа со присуство таму, па ако може и да предложите каде и како ги учете потребните техники на дишење и однесување за време на пораѓај (да не бидам падната од марс кога ќе влезам во сала)?
Пак јас ама многу ми е страв и сакам да ме посоветувате Еве веќе ми се наближи крајот за породување ке се порагам во Ремедика, ама имам многу голем страв од што ми е страв почнав навечер да станувам и по 2 саата да нрможам да спијам се си мислам како ќе биде, дали ќе ме боли (со епидурал планирам да се порагам) и уште 300 други работи ве молам за совет и како да постапам ми иде од своја кожа да избегам
Гледај, женското тело е создадено за да издржи пораѓај болен лесен спор каков и да е ќе помине дали имаш гледано или слушано некои видеа за дишење при контракции пред за време на пораѓање техники и сл? Јас би ти предложила да погледнеш нешто такво чисто да си "поспремна" за да не те фаќа паника и од тоа. Јас некако се фокусирав на тие работи и се наполнив со некоја самодоверба дека ќе биде ок дека ниедна трудница не останала непородена и тимот си ја знае работата, да те водат и смират низ процесот. Јас пример не читам нус појави добри лоши страни од епидуралот за да не се премислам за примање зошто така сама може да си отежнам да ме исцрпи болката читам само работи кои може да ми помогнат и некако едвај чекам да дојде тој момент. Си спремив слушалки за додека сум со контракции ама нели пред да почне пораѓај прво да не слушам други родилки а и секогаш ми помагала музика малце да смирам дишење и пулс. Исто на инста има една акушерка советуваше да си имаш чешле мало (оние старинските за вошки вадење ) и на јаки контракции да го стискаш во дланката за да се распореди болката и сигналите до мозок да стигнат од повеќе места. Не знам дали било што ќе помогне, дали нешто од ова ќе направам прво бебче ќе ми е ама секогаш сум се водела по тоа да тргнам со спремен мајндсет дека се поминува и телово е создадено за тоа па се надевам дека и ова ќе го пројдам смирено, за мене тоа е најважно да не викам непотребно да трошам енергија и да сум свесна за важните работи во тие мигови. Со лесно мајка You got this
Здраво. Дали треба да имам претходно договорено ако сакам епидурална на ГАК или и во моментот ако одлучам ја ставаат?
Здравоо.Сакам да прашам како е со епидурална анестезија тие што се имате така породено да пишете искуство.Кога ви ја ставаат? Какви се тие болки пред да ви ја стават дали се издржливи? Многу размислувам и незнам ни како ни што ќе биде ...
Да си бараш ако имаш можност, рај е тоа Не знам на колку прста не памтам сè мислам дека беа 7-8 ама контракции на 1мин најјаки од 5 до 10.30-11 згинав после ми ставија и ми беше најлабаво си одмарав си куцкав на телефон си муабетев со персоналот таму.
Со! Дефинитивно со епидурална. Првото го родив без ништо, и тешко беше ама се издржа. Второво и со епидурална, па пак трауматично ми беше. Да не ја добиев и таа епидурална мислам дека ќе полудев најискрено. Тие 2 саата додека беше пуштена беа одлични.
Со епидурална и барај си ја побрзо да ти ја стават при прва прилика зошто ако добиеш ко тракција во исти момент досека те боцкаат не смееш да мрднеш, што почести се контракциите толку појако е.
Може глупаво што прашувам кога најрано може да ја стават ? Мене докторката од приватна болница ми рече одма ја ставале ама не верувам...сигурно чекаат колку ќе бидеш отворена...Што треба кога ќе осетам мн болки тогаш да им кажам или...? Прва бременост ми е и незнам што како
Мене во Ремедика не ми ја ставаа на 2 прста, чекаа да стигнам до 4. 3 часа бев со многу јаки болки на 1м, дека со провокации... завршив царски поради др причини и не ја ни добив.
Со 2 прста ја ставаат. Јас секако бев 2 отворена и пред да ми пукне водењакот и ми рекоа дека може ако сакам да ми стават ама јас немав болки па затоа и реков да почекаме. Со второто имав болки и тоа јаки па као и за беља таа ме утна неколку пати а мора со главата наведната да си и да си ги трпиш болките.
Мене на 5 прсти ми ја ставија, а јас со индуциран пораѓај бев, умрев од тоа провокациите. Да си земеш епидурал, ич не се мисли
Iskrwno bash i ne cackav na tell mi pustija epidural na 5 prsta i nekako pak me boleshe se tegnev i koa se otv 8 prsta vekje se osekav dali mi ja namalia nz ama osekav se
Не знам јас освен напони што почнаа ама не ме болеа баш ништо не осеќав а бев отворена 10прсти, е завршив итен царски така да може ја намалуваат кај другите пред да почне пораѓајот не знам