Sekoja zena si E razlicna taka da neznaci nie kako sme pominale deka i drugi taka ke pominat sekoj so svojata srekja jas sto vikam. Koga jas se porodiv prirodno msm deka site ke se porodat a bev mn isplasena i se mislev i za carski ama fala mu na gospod pominav super prirodno prvorotka za pola saat se porodiv.❤️
Се заглави бебо со раката преку глава зошто до сам крај беше странично кај мене под ребра и кога влезе во канал се заглави. Докторот 15мин пробуваше да го намести ама немаше успех и јас веќе не бев ок кренав притисок, тахикардии
Јас две без епидурална, и ако би одела на трето би бирала епидуеална, само да не ги трпам тие болки повторно! Па после тоа колку сака нека ме боли кичма.
Два пораѓаји едниот со епидурална другиот без. Со епидурал осеќав контракции до кај 4-5 прсти и после ми ја ставија, но до крај не ги чуствував нозете, бебето потешко излезе не осеќав напони, ми направија епизиотомија. Епизиотомијата ме болеше месец дена не можев да седам. Вториот пораѓај немаше време за епидурал па до крај ги осетив сите можни болки, бебето полесно излезе осеќав кога да напнувам иако не бев спремна за толку силна болка. За моја среќа многу кратко траеше раѓањето па издржав. Двата пораѓаи ми беа со провокации. Совет за тие што не раѓале не се плашете мајките добиваат сила и издржливост кога најмалку очекуваат, тие се моменти на адреналин и возбуда и природата има свој начин како телото да се справи со тоа. Јас сум многу плашлива и не трпам болка затоа првиот пат со анестезија се пораѓав, вториот пат беше склоп на околности и испадна да биде без, да боли ама во моментот едноставно се концентрираш на целта и тоа те води до крај за да издржиш.
Ми успори пораѓај, а имам голем праг на издржливост за болка вториот пат толку кратко траеше што не зажалив што не земав епидурал. Последица имам покачен крвен притисок од првиот пораѓај и до ден денес еве скоро 4 години пијам редовно терапија. Ако пак би раѓала, ќе биде без. Првото го родив со 170/100 притисок, второто со 120/80. Секој си го знае своето тело, јас секогаш со многу болни менстр.циклуси бев спремна дека ќе боли.
После мачењето со првото, дефинитивно без епидурална не би одела. Башка и си раѓам и така поголемки бебиња.. Или природен со епидурална или директ царски. Душа да ми извадат, да незнам кај се наоѓам првиот месец.. не фала Да сум била од тие што одат отворени на пораѓај, некој час болка и бебе искача.. ќе беше друго. Ама надносено, големо, неотворена, болки со саати со 30 сек пауза меѓу... никако @MissDior јас со првото не бев со епидурална... со јаки болки бев од 21ч, од 00 веќе на 30 сек ме фаќаа... и се така до 6ч сабајле. Од 4 до 6 бев качена на бокс и не се ни сеќавам убаво на пораѓајот. 24ч башка не бев спиена веќе, а требаше да иам сила... 3ца ми буткаа стомак и влечеа, ме испосекоа машала. Ме успаа и чистеа со вакум. Ме шиеја два пати.. од кое второто шиење беше 2ч по раѓање на оладена рана, без анестезија на живо скроз. 3,4ч ме оставија на бокс покриена со кебиња... така сеуште со раширени нозе И после кога ме дигнаа, паднав во несвест. Ме освестија со урлање по моето име, шамарчиња и алкохол под нос. Па после како царски да сум правена ме однесоа во соба, со кревет легната. Ме тркалаа да ме пренесат на друг кревет. И така не станав од кревет 2 дена, зошто ми се припаѓаше у несвест на секое Месец дена дома бев крш. После ова без епидурална, јок бее. Дури и со епидурална, ако не оди... царски и ајде. По секоја цена природно, не.. Второто ми е итен царски поради мекониум во плодова и пад на тонови на бебе... ама опоравувањето ми беше одлично. Сама станав од кревет уште втор ден, а дома после 7 дена си обавував обврски без гајле. Со спинална бев на царскиот... Дали има некоја разлика за нус појави и последици од спинална и епидурална? Јас немам никакви од спиналната...
мене воопшто не ме болеше кичма, првиот ден само, иначе никакви последици немав, раѓав со епидурал. е сеа се сложувам дека го успорува процесот
Те читам цело време по форумов и само да ти кажам дека ти си мајка херој што се си истрпила со првиот пораѓај. Жени после тоа немало да им текне на второ, а ти трето чекаш. БРАВО
иако прв пораѓај ми беше без проблеми поголеми . Сега еве ке одам на гак нештп демек врски има ама не се сигурни ќе чекаме до денот кога ке стигнам па тпгаш ќе ѕвониме.. демек за епидурал да добијам е работава.. ке видиме какл ке се одвива.. ем сакам ем не сскам.ж ми е страв да не се осеќам напоните па да се мачеме после
За на гак многу молење јас 5-6 прсти отворена уште од патолошка мелам дека сакам со епидурална они мене 'млада си ќе издржиш што е ова ништо' 'ќе можеш немај гајле' и горе кога ме качија шуш буш царски слушнав(најголем страв цела бременост) и се вознемирив мн бебуш се вознемири исто и ред др работи што не ни знаев дека прво дете и завршив царски.
Друга опција ти е лајт спинал. Те боцкаат еднаш, обично на 8см отворена, трае 2 саати. Различно е што епидурал знае да одолговлечи отварање, оваа нема таков ефект.
@mariz страшно е тоа што си го поминала со пораѓаите. Браво за храброста пак да раѓаш. Поентата на коментарот ми беше дека на сите епидурал ни дава некоја сигурност иако докторите викаат дека може да го забави процесот. Ама секоја жена и секој пораѓај се различни и до крај не се знае како ќе заврши. Меѓутоа со страв и унапред мислење како ќе биде само се оптеретуваме психички.
Мене баш ми го убрза. Бев околу 6-7 саата со болки, не мрднав од 2 прста. Кога ми ја ставија епидуралната, за 2-3 саата стигнав до 8 прста. Со првото дете бев преку 19 саата така заглавена на 2 прста, така да сигурна сум дека од епидуралната се отворив побрзо вториов пат. Секако помага што додека немав болки заради анестезијата, можев да стојам и да правам по некој чекор.
Да во грб, еднократно. Епидурална ти ставаат катетер во рбет и дозира по потреба. Ова те боцка само еднаш во рбет. Има на ГАК, јас бев договоренс пред 3 години со првото ама на царски завршив.