Ја од што читам тука епидурал сѕаваат на приватните како царици не осеќаат јаките болки после коа дојдр само напон и то е то ништо друго не сум информирана
Лајт спинал е за олеснување на болка ама мислам не се дозира, едно боцкање е. Ставаат и има дејство 2,3ч. Пријателка таква прими на Гак (со врски). А епидурална стои ваљда некоја канила, игла.. и по потреба дозираат на секое..
Да сих има оти имам тука читано рофилка пишала не осеќала баш напоните па вика ми ја исклучија... викав нем да е во инфузија моменталнп пијам б6 вит малку да ме охрабри и смири оти се напнав дома од чекање... вчераме фагија болки малку повеќе траеја скоро 2 сата ама константно подолго прекине па пак стегне.. знам тука имам читанп ако се константни не се тие тое туку можеби се птворам.. викам акде дај боже да почнал процесот.. после сум на преглед ќе виидме до каде сум
хахах, точно, ја се пораѓав во Систина, епидурал ми ставија одма кога побарав, а тоа беше само шо ги осетив првите болки, откако ми го ставија не осеќав веќе ништо, едната нога скроз ми откажа. болки никакви, од моето искуство тука се забави процесот, во 8часот ми го пукнаа водењакот и негде 8 ипол почнаа јаки болки и ми ставија, се породив негде околу 2 значи лежев 5-6 саати така и скоро ништо не осеќав, на крај за да се породам мораа да ми го изгасат епидуралот за да почнам да осеќам и да соработувам. како и да е секој пораѓај е своја приказна, нема правила за ништо
Дали кај сите го гасат епидуралот за буткање? Колешка ми кажа дека и го изгасиле. Ако е така тогаш епидурал е да не осеќаш породилни болки, лајт спинал да не го осеќаш искачањето на бебе.
Кај мене немаше време за епидурал .. во 12 пукна водењак и тогаш ми почнаа болките, 2 стигнавме во болница дека во друг град со болки на 2 минути, патот што го поминавме ми е како во сон.. Кога стигнавме ме ставија на цтг и не покажа ни една контракција а јас умирав од болки, ме проверија 2 прсти отворена. Ме качија во соба, ми ставија клизма и демек да почекаме анестезиолог да дојде од дома да ми приклучи епидурална и да ја преспијам ноќта, јас добив напони за раѓање. Акушерките ме проверуваат и останаа во чудо за 20тина минути сум се отворила комплетно а мислеа дека наутро ќе раѓам. Ни мојата докторка беше викната ни анестезиологот дојден. Стигнаа за брзо, демек нема време за анестезија природно ќе раѓам ама не можев. Видоа не видоа ми ставија таква лајт спинал додека бев на бокс, не знаев кај се наоѓам битно потпишував документи абе хаосама ми олесна многу од неа. Фала богу немам осетено мака до сега од анестезијата со оглед на тоа во какви услови ми ја ставија. Да закасневме 20 минути маж ми на пат ќе ме пораѓаше.
Ај со повеќе искуства.. што значи размазнето грло... бев прее ехо, цтг океу грло размазнето вика сумливо ми е ама е високо не можам баш убаво да го допрам ...ако добиеш болки одма да се јавиш сумливо ми е .ж нека ти е спремна торбичката...
мене едната нога ми беше здрвена, не е нишо страшно, барем така мене ми објаснија дека е страшно ако не ги осеќаш двете, а едната се случува да се здрви. не се секирај, со лесно!
И мене ми се здрви едната нога и едната страна ја осеќав здрвена. Десната беше кај мене, на левата осеќав , не се, ама осеќав, пр блага болка во стомак за време на отварањето
Породена со епидурал, 20 саати пораѓај, дали вкупно 1 саат трпев болки. Бев на редовен преглед, грло затворено и долго, на ЦТГ ништо. Таман да го тргнат ЦТГ - то, покажа една контракција, јас ништо не сеќавам. Ми рече докторката оди касни нешто, сврти еден круг и ќе повториме ЦТГ. Излегување пред болница, ми пукна водењакот. Ме примија, ми ставија провокација и им кажав дека сакам со епидурал. Ми наместија систем и ми напоменаа дека кога ќе ме фатат болки, да не чекам да се многу силни оти нема да ме обезболи. После саат време почнаа болки, не премногу силни, ама си побарав одма анестезија. Настана породилните болки кои тогаш беа како силни менструални, се спасив од неиздржливата болка од хемороид што душата ми ја извади недела уназад, буквално плачев на секое станување и легнување, и наеднаш ништо. Од 11 сабајле со 11 навечер се отворив 1 цм, во меѓувреме си ги осеќав нозете, сама одев до wc, само ќе ја откачеа канилата, се изнаспав за сите пари, раат видов. Ќе дојдеа, ќе ми направеа ЦТГ, вагинален преглед и назад. Од 11 вечер до 2 саат сум се отворила 4 цм, за пола саат веќе бев на 7 цм, ме однесоа во родилна сала, ми ја намалија епидуралната ама осеќав само болка во десната страна на половината, сосема издржлива. Се отворив 9 цм и уште 2 саати чекав за до 10цм. На туркањето не ни сетив болка, само напон и притисок, бебето беше со папочната врвца околу вратот па мораше епизиотомија ради тоа што не можев да го истуркам, дури докторката ми го истурка од стомакот, немав сила веќе 20 саати ни јадена ни пиена. Од 10 цм до зашиена, средена имаше пола саат. Најтешко од целиот пораѓај ми беше жедта за вода, толку многу бев жедна што не мислев на ништо друго. Ја платив таа епидуралната, ама максимално ја искористив Во случајот јас не мислам дека епидуралната влијаеше на отворањето, 100 пати препрашав пред да ја стават, едноставно не беше скратено грлото и уште кога ме примија докторката ми рече биди спремна дека ќе трае долго. Инаку никакви последици, неколку дена нозете ми беа отечени и малку покачен притисок што е нормално, 6 месеци постпартум ниту половина ниту главоболки имам.
Izvini kade se porodi na gak ili privatna,jas ne sum od skopje i citam deka samo na privatni kliniki ima epiduralna
Во Чаир без врски годинава добив епидурална. Имав среќа да начекам слободен анестезиолог и ми понуди докторката што беше дежурна на смена да го викне да ме боцне. Уште на контроли кога одев ми спомна за ваква опција докторката, ама си викав нема шанси тоа да се погоди дека имаат многу работа а малку анестезиолози.
Со првото ГАК, со второто во приватна. Мислам дека проблемот во државните е недостатокот на анестезиолози- ако познаваш некого лично или начекаш слободен- може да добиеш. Во приватните следува со пакетот.