Јас како човек кој има висок праг на на болка тотално ги подржувам жените кои имаат потреба од медикаменти за намалување на болката. За да родилката соработува и се сконцентрира на раѓањето треба да може да ја поднесе болката и нема простор тука од муабети како ,,издржи ,, и да не набројувам други вулгарни изреки кои се кажуваат на родилките при пораѓај. Е проблемот е дефицит на анестезиолози . Инаку јас, првенец во толеранција на болка ,при стоматолошки интервенции прво што барам уште на врата Е анестезија. не треба да се потценуваат стравот и болката. Впрочем за тоа и постои епидурал !
за епидурална на гак дали мора врски со доктор или треба анестезиолог,и зар не постои можност да платам за да добијам
Ве молам за лично искуство од оние што се имаат породено со епидурал или спинална. Дали навистина оставаат последици и боли кичма/грб понатака или е и индивидуално? Дали би ја ставиле при повторен пораѓај? Дали двете се ставаат во кичма?
Јас бев со епидурал штета што на левата страна не фати се осеќав, на десната не осетив болка малку е чудно, би ставила повторно за вториот само да фати на двете страни Инаку последици немам никакви се си е како и претходно.
Не боли премногу, битно е да си смирена и да не мрдаш така веднаш ќе ти ја стават. Мене анестезиологот додека ме боцкаше ми ги кажуваше постапките во кој момент ќе ме заболи, многу е полесно така.
Малку е незгодно затоа што мораш да си седната а да се наведнеш колку што можеш, а со стомакот малку тешко а они те притискаат. Другото во однос на аплицирањето не боли многу.
Година и повеќе како сум породена, болки во кичма немам. Не боли и боцкањето, малце непријатно е ама се трпи.
Сосем природно породена без анестезија па орвите две години ме болеше кичма ,посевно пред добивање ако порано болеле јајници тогаш кичмата ме болеше некои 2 години па прекина да ми е така...
И јас засега немам никаква последица, ниту болка. Единствено што ако сум наведната подолго ми треба време да се исправам. Не ме болеше ниту кога ми ја ставија.
Епидурал фати супер и кога би одела на второ би одбрала. Малце кај мене не успеаја да ме боцнат па ме утнаа 5 6 пати ама еве 15месеци од тогаш немам никаква мака а олеснување беше огромно.
Здраво женски читам има некои што ссе со и без епидурална дали може да ми споделите лично искусво дали без епидурална има многу болки и дали се издржливи 37 недела сум и не знам сеуште каде да се пораѓам дали на приватно или на државно тоа знам дека секоја жена е различна и не секоја има ист праг на толеранција на болка...
Болките се тие.Чим раѓаат без епидурал значи возможно е ама ако имаш шанса,финансии,барај си епидурал.