Не се шала болките, ама не е нешто што неможе да се издржи. Еве јас сум во приватна породена, ставив епидурал ама кај мене не фати ич. Сѐ си осеќав, ете некој малер сум. Ама се породив, помина и веќе заборавив на болките. Ако имаш можност стави си епидурал дека сигурно е многу олеснително, ама ако не, и без тоа ќе издржиш.
Сум родила природно и со и без. Предвреме не можеш да знаеш колку можеш да издржиш, има жени што за 2 саата раѓаат дете, што би се рекло го плукнале. Ама ако си како мене, како повеќето први родилки, каде болките траат 12-24ч, колку и е издржливо, трае долго и било каква форма на олеснување е добредојдена. Ама ќе ти кажам дека ништо не е гаранција. Со првото дете се пораѓав 21ч, од кои 19 со постојани болки, па на крај реков добро е, се издржува. Со второто се траеше 12ч од кои неколку беа без болки заради епудуралната, па пак на крај значително полошо и потешко поминав (неповрзано со анестезијата). Секоја жена, и секој пораѓај, е приказна за себе. Ако имаш можност стави си епидурална, ама ако немаш не е крај на светот. Можеби и лесно ќе поминеш и без тоа.
Секако дека се издржливи чим не има уште. Немам искуство со епидурал, имав шанса на второто да бирам дали сакам или не ама пак одбрав без. Иако и кај мене како првородилка болките ми беа постојани и траеше долго ама на крај се тие појаки, предходно само исцрпува што сон немаш, а второто природно имав прекини на болките по неколку саати и бев ептен свежа, кога почнаа појаки за 4 саати се породив и затоа не ни сакав епидурална пошо се осеќав ок. Јас би ти дала совет да го слушаш своето тело, кога ќе му се препуштиш оно ќе си ја заврши работата. Ако одиш без епидурал без разлика што е тешко да се опуштиш, највеќе психата игра улога и смиреноста, дишењето. Со лесно како и да одлучиш
Мој совет е убаво да се информираш за тоа кога се става епидуралната анестезија. Мене лично не ми фати, и го истерав целиот пораѓај така. Кога ја прашав акушерката ми рече: епа така кај некои жени не фаќа. После искочи дека кај доста мајки што ги знам или фатила делумно или ич. Болките се индивидуални, се зависи од тоа колку брзо се отвараш, колкаво е бебе, матка и слично. Значи секое искуство е скроз различно. Кога ќе почне процесот веќе влегуваш во ритам, само смирено со убаво дишење и поддршка од тимот околу тебе ќе издржиш. Ти посакувам лесен проаѓај.
Секој има различен праг на толеранција за болка. Јас за мене знаев дека ќе ме боли многу и стварно ме болеше, на прст ипол отворена ја мислев дека сум 9 и рикав, му реков на маж ми сакам царски. Едвај дочекав до 2 прсти да се отворам за да ми стават епидурал. Последици немам никакви за мене анестезијата беше рај, си лежев си зборев на телефон и осеќав контракции само како стегање а болки не, имав сила и да туркам и да соработувам на бокс. Ако имаш можност да си ставиш, моја препорака.
Не примав епидурал, до 5 прсти немав никакви болки ни контракции (т.е имав на цтг ама се чудеа како не ги осеќам). Ептен јаки болки имав 2 саати, откако со 8 прсти отвор ме однесоа на бокс и ми ставија венска провокација. Вкупно болки 7-8 саати, ама ова до бокс не беше страшно и беше на интервали. Јас не сакав епидурал и бев решена за природно, повеќе се измачив додека да почнам саглам да се отварам, 2 дена ни ваму ни таму, ама среќа па немав болки тогаш.. Секоја жена е различна а со тоа и секое искуство. Со лесно што и да одлучиш.
Имам родено и со епидурална и без.Кај мене и во двата случаи беше со провокација, а провокацијата не се природни болки туку луди болки без паузи. Со првото добив епидурал на 4-5прста и многу брзу за 2 ч се породив откако примав или 6ч севкупно откако ме фатија породилните болки, ептен лесно и безболно беше со епидурална. Со второто една недела се мачев со болки од провокација што кога конечно ги добив вистинските болки ми се видоа олеснувачки, ослободителни , опуштувачки со пауза од 1 минута мислев сум на 7 небо. Исто и овие болки беа со провокација, се породив за 15 минути. Беа јаки доволно за да го извадиш од себе најгласното викање, ама со секоја нова болка знав дека се ближи крајот на маката и доаѓа почетокот на едно ново поглавје,едно ново познанство, еден нов палч и една нова насмевка. Така да ќе успеш што и да одбереш пошто нашето тело е створено за да издржи, само ти посакувам брз и лесен пораѓај.
Здраво мајки, дали на некој му ставиле тотална анестезија после природен пораѓај и зошто е тоа така. Мене ми ставија но не ми кажаа дека ќе ми стават, наводно ради шиењето, но памтам дека почнаа со шиење уште кога бев свесна. Дали имал некој вакво искуство?
Мене после првиот пораѓај ми ставија,ама веќе бев сошиена,средена. Не ми рекоа ништо само имав многу тежок пораѓај 24саати бев со болки,најверојатно за да се одморам,не знам,се породив во 2 ноќта,последно кога го видов саатот беше 3,во 6 сабајлето сестра ме разбуди и ме однесе во соба..
Кај мене сакаа да стават целосна ама дека јадена бев ми ставија седатив само да не осеќам болки затоа што не беше плацентата целосно излезена.И мораа да ми направат ко киретажа за да проверат да не останато некое парче.Може затоа ставаат целосна за да проверат.
Ми ставија мене со првото, зошто бев утепана. Спиев кратко, сошиле средиле се, кога се свестив како цела ноќ да сум спиела се осеќав. Не ми кажаа дека ќе биде целосна, ама колку што сфатив ја сметаат за подобра. Ја ставија во инфузијата што веќе ја имав и за 10сек заспав. Со оглед дека ми кажувале жени дека шиењето повеќе ги болело од раѓањето зошто не им фатила анестезијата, јас бев многу среќна што ме заспаа. Со второто имав локална, не беше и тоа ништо страшно, ама ми фати убаво, не осетив ништо иако и внатрешно и надворешно ме шиеја.
Кога сме кај анестезииве пред два дена со мојот гинеколог од Систина паднавме на муабет и за изборот, сакам да одам вагинално и да си чекам природен тек на работите и самата она ми рече да со тоа што ќе видиме како ќе оди процесот епидуралот го советувам за да одмориш кога е најтешко и да бидеш свежа за буткање на крај. Генерално мн и верувам и цел процес е со мене а за епидуралв на нет има најразлични искуства и многу жени го одбиваат. Од она што заклучив од читање е уствари важно правилно да го дозираат и на крај да го исклучат навремено за да може да соработуваш и да можеш да буткаш. Ќе ми значат искуства ако има од породени мајки скоро со епидурал чисто за споредба или можда зошто категорично не би
Ни со врски на Гак нема шанси епидурална на природен пораѓај. Ги чуваат анестезиологот за итни интервенции и царски.
Еве конкретно јас добив епидурална кога веќе бев скоро 8прсти и беше 19ч вечер. Мислеа дека процесот ќе продолжи брзо, но всушност бебето се заглави високо и одлучивме да чекаме природно да се продолжи процесот до 7 часот сабајле (значи 12часа). Ако немав епидурална не знам дали би можела цела ноќ да ја издржам. Сабајлето во 10 се породив природно. Вкупно бев повеќе од 24ч со болки, така да дефинитивно стави ако имаш можност.
Да со првото дете, се прави ревизија, многу крварење има или останал дел од плацента или нешто трето што им е Сомнително. Ништо страшно, ама сигурно не се става за да некој одмори. Повеќе треба да се внимава на станување тие неколку часа после будење и тоа е тоа