1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природно породување - со или без епидурална анестезија?

Дискусија во 'Бременост' започната од kleopatra11, 3 декември 2009.

  1. Ivkis

    Ivkis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae vo Chair dali moze da se dobie epiduralna so vrski ?
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    Без врски добив. Се погоди слободен анестезиолог, 3 жени бевме во собата, на сите три сами ни понудија и сите три не боцна наеднаш анестезиологот, една лајт спинал и две со епидурална. Чиста среќа е само да начекаш таков момент.
     
  3. ivonasss

    ivonasss Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    постои ли можност да сакам да платам за анестезија во чаир доколку вака не може
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.089
    Допаѓања:
    204.232
    Пол:
    Женски
    Битно е да има слободен анестезиолог во моментот. Тоа е проблем со државните клиники, немаат доволно специјалисти.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во парите, треба слободен анестезиолог. Затоа воопшто нема опција за плаќање. Пример ако се 3ца, има закажани 2 царски, третиот треба да е достапен за итен случај, не може да се нафати за анестезија по желба. Што ќе прават ако искочи итен случај баш во тој момент?
    Јас сум породена лани во февруари, и тогаш анестезиологот ми рече дека се во фаза на обучување нов кадар, имаше 2 други со неа што гледаа и им објаснуваше се што прави. И самата ми рече не ви треба врски, ние ако сме слободни еве сами ќе ви понудиме, само треба да се погоди моментот. Истото ми го рече и гинекологот на прегледи кога одев ама не ми се веруваше дека ќе имам таква среќа. Искрено се надевам дека за брзо ќе има опција за епидурал за секоја жена во родилиштата, не само вака ако погодиш прав момент.
     
    На ivonasss и Annath им се допаѓа ова.
  6. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.990
    Допаѓања:
    5.007
    Јас се породив еднаш со епидурал и после тоа искуство никогаш не би одбила да ми стават. :)
     
    На Anaroz1 и Konstrakta им се допаѓа ова.
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    6.983
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам никој не добил анестезија на Гак за природен пораѓај, може евентуално ако анестезиологот ти е пријател па да дојде вонредно за тебе од дома
     
  8. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека сите што се пораѓаат на ГАК вагинално раѓаат без епидурал?
     
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Не е дотолку. Тешко се добива да, ама не е ни невозможно. Јас имам две другарки што добија епидурална, имаа врска доктор.
     
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.917
    Допаѓања:
    37.016
    Пол:
    Женски
    Да
    Освен ако среќата не ти е рамна на еднорог да видиш пошо исто толку веројатност имаш анестезиолог на ГАК да добиеш без врски

    Се надевам дека нешто се сменило додуша, ова беше пред 3 и пол години :D
     
    На Ani93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. *цветче*

    *цветче* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Не е сосема точно ова, пред неполн месец лежев на ПИН и го слушнав докторот како им нуди на три пациентки кај кои беше започнато породувањето епидурал. Рече дека во моментот има слободни анестезиолози, и дека бидејќи се “негови” пациентки ќе им овозможи епидурал, кој инаку не бил достапен “за сите” |( не за друго, била скапа процедура која државата не можела да ја обезбеди за “секој” :emo: една прифати, една одби, една остана да се мисли… значи може да добиете без проблем, само “некој” да повлече некоја врска.
     
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    6.983
    Пол:
    Женски
    Можда се сменило нешто, јас пред скоро 3 год имав доктор врска и ми рече дека нема шанси, многу мал број анестезиолози се на Гак и ги чуваат за царски.
     
  13. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Едната пред 4 години се породи, другата пред 2ипол. Може им се погодило да има слободен анестезиолог тогаш.
     
  14. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Како што пиша една мајка погоре, без разлика што епидуралната е достапна во приватните болници, слушајте си го телото дали ви треба или не. За тоа кога се става, во мојот случај докторката во Систина решаваше, не јас. Јас бев со индукција, колку што имам читано контракциите при природно отворање се постепени и поиздржливи, додека со индукција се поинтензивни од почеток. На докторката и јавија дека сум во болки, но не дозволи да ми стават додека не се отворам 5-6 прсти. И јавуваа неколку пати. И стварно одморив пред пораѓајот, да требаше да седам со тие болки наредни 7-8 часа ќе се исцрпев, но на пораѓај ми ја намалија на минимално и беше прилично болно. Мислам дека е тоа пракса за време на чинот на пораѓање, но може да грешам и кај оваа докторка да е така. А после пораѓајот добив пролапс на бешика. Епидуралната не е причина, но е фактор плус за пролапс на органи заедно со генетика, цврстина на карлично дно, бр на напони и слично. Јас тогаш немав поим за ништо од ова, не знаев ни пролапс што е додека не ми се случи. После кога се консултирав за проблемот со физиотерапевти и со матичниот гинеколог, сите ми посочија дека епидуралната има придонес кон тоа. Значи не дека ќе се случи, ама ако имаш предиспозиции, епидуралната е капаче.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.089
    Допаѓања:
    204.232
    Пол:
    Женски
    Повеќето. Немаат анестезиолози, ги чуваат за царски. Кога се пораѓав со второто, дојде анестезиолог од КАРИЛ за мене, немаа на ГАК, а царски бев секако. Проблем е недостатокот на специјалисти. Не е само да ја стави, треба да биде присутен додека трае анестезијата, да го следи пациентот. Исто како што цело време е присутен на породување со царски рез, па и било која друга операција.
     
    На liliput22, Spidy и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. Cottontail

    Cottontail Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дали може некоја да сподели искуство со епидурална анестезија? Ќе се пораѓам во Систина, се двоумам дали да прифатам или не, првото ми беше природно породување без епидурална и незаборавни болки во Чаир па сега се мислам да си олеснам ама се плашам и од можни последици… Кои се Вашите искуства?
     
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.518
    Допаѓања:
    4.975
    Пол:
    Женски
    Да си прифатиш :D јас дури на 7прста примив и се одморив за на бокс за да може да имам сила за буткање. Немам никакви последици. Уште две други кои другарки исто како мене во Систина со епидурал од 4-5 прста исто природни пороѓаи одлични
     
    На Cottontail му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    15.003
    Пол:
    Женски
    Да прифатиш!
    Без размислување, неспоредливи се болките со и без епидурална.
     
    На Cottontail му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Имаш и лајт спинал опција. Тоа ако брзо се отвараш и ако прогнозираат дека за 3 часа максимум откако ќе ти ја стават ќе се породиш, бидејќи се боцка само еднаш, нема катетер како кај епидуралот.
    Мене на пораѓај ми беше предложена таква ама одбив и ми ставија епидурална на 6-7 прсти. Откако ми ја ставија, процесот се забави а претходно одеше баш брзо. Инаку кај мене не фати добро, си ги осеќав болките јаки.
     
    На Cottontail му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    15.003
    Пол:
    Женски
    Многу ми е ризик таа, зошто кај мене прогнозираа за 3 часа дека ќе се породам а јас 24 часа се пораѓав, така да не знам, ама лајт спинал ми е ризик само ради тоа, епидурална ми е посигурна варијанта. :rofl:
     
    На Cottontail му/ѝ се допаѓа ова.