Плодност се породив и после тоа искуство не би одбила епидурал. Уживанција беше, лежиш и туркаш. Другиот ден ме болеше долниот дел од кичмата, очекувана реакција од епидуралот било ама па ништо страшно дури ни лек за болка не побарав.
Затоа мислам дека ја даваат над 7цм лајт спиналот, буквално колку да одмориш пред туркањето. Јас до 7цм немав ич јаки болки. После како ја ставија епидуралната пола саат добро беше, после си осеќав и зголемување интензитет и сѐ, нагони за повраќање имав од болка, ми се качи пулсот, бебе се заглави во канал. Мислам дека си има и епидуралната удел во тоа. Секој организам е различен. Јас за себе не би ја одбрала пак.
Така е, сите сме различни. Да не, не ти фатила добро епидуралната? Или пак не ти ја зголемиле? Се е можно, битно поминало се во најдобар ред. За повраќањето иста бев, и притисок ми се качи...
За првото дете се породив епидурал, буквално не сетив дека бебе родив, со второто без заради ризична бременост и иако се породив релативно брзо за саат и пол, последните 20 минути мислев дека во секој момент ќе умрам од болка. Ако раѓам трето, дефинитивно пак со епидурална би раѓала.
ако имаш можност со епидурална,немој да се мислиш,јас бев со епидурална и повторно кога би била бремена исто,последици никакви
Јас побарав, не добив никакво објаснување кога и како сте става, на крај не ми фати и ми рекоа епа тоа е тоа, кај некои не фаќа. Да знаев дека кај некои не фаќа немаше да ризикувам и да ставам. Тоа беше моето искуство.
Да, не фати убаво, сите болки си ги осеќав. И мислам најтешко од сѐ ми беше што морав да лежам поврзана на цтг и на апарат за параметри, а толку имав потреба да се движам и да менувам позиции со тие болки. Еве 5г се поминати, памтам сѐ како вчера да беше. А викаат се заборава
Прифати, ич не му ја мисли. Во Плодност се породив, ми ставија епидурал ама не фати, за жал. Осеќав буквално сѐ. Сеуште не ми е јасно зошто воопшто не ми делуваше, ама тоа е. Последици никакви. Ден-два после пораѓај ме болеше само малку местото кај што ме боцнаа ама ништо страшно.
Дали на некој му објаснија зошто кај некои пациенти не фаќа? Јас мислам дека беше лошо аплицирана и во погрешно време. Не знам дали е точно но еве читам на повеќе не им фатило. Среќа немав последици после епидуралот (во однос на некаква не дај боже повреда на кичма и сл). Но сепак ми е криво зошто сепак не можев да се движам а бев со болки и многу ми го отежни процесот при пораѓај.
Јас не стигнав да го прашам докторот што беше причината што не фати. Ама моја претпоставка е тоа што многу брзо се одвиваше кај мене, доста брзо се отварав, откако ми ја ставија за брзо се породив. Најверојатно и моја кривица е, можеби и доцна се одлучив да ја ставам, не знам. Важно буквално ништо не ми отрпна, нози осеќав, контракции, сѐ. Здравје за следен пораѓај ќе си побарам пак, ама многу порано, и ќе се молам да фати.
Јас мислам дека се е до апликацијата. Мене ми фати супер, ама осеќав разлика на левата и десната страна. Цело време десната повеќе ја осеќав, додека држеше анестезијата десната осеќав притисок, левата не. Кога пушташе анестезијата, прво на десната почна да ме боли. Ни грбот не ме болел, никакви последици отпосле не сум имала. Од мрдање на бокс сама си ја имав извадено, после пораѓајот сама си ја одлепив од грбот, секако веќе не ми беше внатре боцната. Очекував да имам некаква мака отпосле, ама буквално ништо не ми било. Едноставно секоја жена има малку поинаква анатомија и кај ниедни две жени не е скроз исто за да исто се боцнат. Нормално си има правила, ама милиметар може да направи разлика. Плус боцкаат кога веќе си во болка па и не можеш идеално мирна да седиш за да лесно ја стават епидуралната. Јас се изненадив колку брзо и лесно ме боцна и баш искоментирав дека повеќе ме болело анестезија за заб да примам него епидурална, и анестезилогот ми рече ретко може толку брзо да боцне, јас сум седела многу мирна па затоа така лесно поминало, вообичаено не е така.