Тука е покриено, но реално ни царски ни епидурална не даваат по избор на родилка.. за тоа право мислам дека Мк имате привилегии. Мојот коментар повеќе беше за тоа ако не фати или од Х причини не ја ставаат, жената не треба од сега да се стресира и да размислува како ќе биде, туку да се припрема и физички и психички за се.
во Систина се пораѓав јас, на двата пораѓаи мислам дека веќе бев 5-6 прста отворена кога ми ја ставаа епидуралната, немав исто никакви последици ни болки во кичма ни ништо, првиот, вториот ден само ме болеше местото
Ама царскиот не е безболен... Дури вака ко ќе размислам сечењето и се тоа дури помислувам полошо дека е * јас сум 2 природни ама сесрта ми е е со царски и многу се жалеше од болка при станувањето ,болки во кичма итн
Не даваат, прам муабет за странство. Како опција ќе ти кажат дека има ама тераат на природно. Реално до крај се тера на скроз природно и жени се мачат по 2-3 дена низ ходници, золва ми 3 саати беше примена Чаир и и дадоја провокации, овде провокации следат само ако си ептен над термин, а не фатиле болки.. условите во болниците се топ да ама дека некој нешто те гледа и добиваш избор не. Се додека не добив напони јас со мм бев во соба мислев он ќе ме пораѓа со првото е до толку бев препуштена на него
Реално болките од провокацијата се многу поинтензивни од оние со природен тек на пораѓај, исто и напоните потешко се контролираат. Јас ја имав таа комбинација и за мене беше спас. Да бев без епидурал не знам како би прошла. Зависи за кое странство станува збор. Јас добив без проблем. Тоа ме прашаа уште кога бев да се пријавам за пораѓај и право ми ги дадоа и документите да ги потполнам и потпиштам уште од дома, да се спремни за денот на пораѓај.
Во плодност се породив, отворена бев 3-4цм кога ми ставија епидурална. Поточно катетерот ми беше пласиран уште одма, тогаш ми пуштија анестетик. Второто дете го родив спонтано со провокации, без анестезија (високоризична бременост, да не навлегувам во детали, така ми препорача гинекологот, така послушав, цело време на готовс бевме за царски), јаките болки ми траеја буквално само 20 минути и плодот беше мал-2060гр и знам дека е индивидуално, ама јас мислев дека во секој миг ќе умрам од болки, иако во принцип сум тип на човек што толерира болка. Болки, вртоглавици, трнење на раце и нозе, нагони за повраќање од болка-хорор. Секако Бог дава сила и кога ќе земеш бебе в раце секоја болка и страв поминува, ама траумата останува. Ако имаш можност за избор, да си земеш анестезија. Со лесно, Господ да ве чува и тебе и бебчо.
Благодарам мила, и се согласувам, Бог дава сила, и кој искусил провокации знае за каков интензитет на болка станува збор…
Јас 11 саата трпев болки од провокациите, ниту јадена ниту пиена 24 саата од претходно. Накрај се онесвестив и завршив на царски.
Едно време сакав да се фрлам ноз џамот за да ми прекинат болките Жими се, поарно жива да ме запалеа отколку тие болки шо ги претрпев. Затоа сега сите ги советувам, прајте шо ќе прајте, како сакате раѓајте ама никако не дозволувајте да ви стаат провокации
Не си ги кркаш болките, затоа што болките на 3-4-5 прсти отвор и на крај врска немаат. Ова ти го кажува некој што ги искркал до крај. Јас до 5 прсти скоро немав болки, до 8 се трпеа, на крај од 8 со провокација до 10 беше хаос околу 2ч, ама дека ги кркаш болките со епи пошто се ставал малку кога си отворена, не е точно. Секако ако ти фати епидуралот. Ама и болките минуваат. Второто ми е царски, со лесен опоравак сум и без последици (освен што сум метео со чешање на раната при промена на време), природно за мене е подобро од многу аспекти и со целосно кркање болки.
Јас со второто се породив на гак со индукција во 41+0 но без епидурална, не ни барав. Бев отворена 3 прста без болки, по индукцијата добив болки но за мене беа релативно издржливи за разлика од првото каде се отварав природно и породувањето траеше 24 часа со огромни болки. Се проодив за 4 часа по индукцијата.
Исто. Првото го родив со провокации и не ги препорачувам никому. Ако имате шанса почекајте да си дојде се природно. Второто го родив со царски.
Здраво породена сум пред два ипол месеци природно со епидурална анестезија сега после 2ипол месеци имам болка во грбот и кога се наведнам едвај се исправам а исто многу ме болат и нозете особено стапалата вечер кога станувам едвај одам.Дали е тоа последица од анестезијата и дали и друга жена го имала истото... Поздрав убава вечер