1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природно породување - со или без епидурална анестезија?

Дискусија во 'Бременост' започната од kleopatra11, 3 декември 2009.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Леле бе жени што се плашете толку, не е ништо болно, се се издржува во тој момент верувајте ми, јас се породив скроз природно без анестезија, без епидурал, без ништо и издржав , шиењето исто без анестезија, по природно од моево немаше, ама во моментот не осеќаш ништо, бидејќи како што кажа и Силк погоре, местото е топло и ништо не осеќаш, е тек од наредниот ден мене почна се живо да ме боли, истиот тој ден јас бев како нова, како да не сум се пораѓала, ем измачена 20 саати, ем со болки окркани и само што се породив ми помина се, буквално се мине штом го здогледате лиценцето на тоа мало суштество за кое сте се жртвувале цели 9 месеци!!!! И само што се проодив и ме однесоа во соба, дури си велев како така за момент ми помина се, ништо не ме боли, како препородена бев, па дури ни шиењето, ама од наредниот ден лелеее ме болеше секој дел од телото, половината, нозете, рацете, главата, не можев ни да седам ни да стојам, како на шилци да седнував ме боцкаше оздола ама ете се заборави се и сега можам пак да поминам низ истото , од утре дури , се би дала пак да го осетам тоа прекрасно нешто :inlove:
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Еве една добра статија за породилните болки, може ќе ви помогне да се одлучите. :)

    Вистината за породилните болки!

    Секој знае дека раѓањето боли. За време на бременоста и јас нон-стоп мислев на болката и кога еднаш се исеков, почнав да кукам: Олеле, колку ме боли! Како ќе го истрпам раѓањето, ако само една исеченица толку ме боли...?

    Моите зборови ги чу една акушерка. Таа не ме смири дека нема да боли, туку рече: “За време на раѓањето болката е сосема поинаква, таа е конструктивна”
    Тогаш не разбрав што значи тоа. Сега, по раѓањето, ја опишувам како болка за време на работа, на која не и обрнуваш внимание, бидејќи си концентриран на работата. Знаеш дека таа болка е за добро и претходно се подготвуваш да ја примиш и управуваш. При исеченица чувствуваш самосожалување, бидејќи не си била подготвена за толку силни болки.
    Конструктивната болка може да се претвори во одличен советник, ако умееш да ги разбираш нејзините сигнали. Основната функција на таа болка е да ти покаже што треба да правиш, за породувањето да помине со лесно. Еден час по раѓањето на бебето, веќе не се сеќаваш дека си имала болки.

    Секогаш ли одат под рака болката и раѓањето?
    Како настанала претставата за болните породувања?
    Книгите и филмовите имаат огромно влијание врз јавната свест. Ако авторот сака да ги заинтересира читателите, опишувајќи го породувањето на главната хероина, тој претставува епизоди преполни со драматизам, страдања и маки.
    Во 50–те години на XX век англискиот акушер Грентли Дик-Рид по долгогодишната пракса во Англија и Африка си го поставил прашањето:”Зошто претставничките на некои култури раѓаат лесно, а други со судни маки?” Во својата книга “Раѓање без страв” тој прв ја следи врската меѓу стравот од болката и самата болка. Тој пишува:”Стравот од болката провоцира напрегање на мускулите од матката, ја зголемува напнатоста и се јавува силна болка”. Таков исход се забележува во многу други ситуации, на пример: чувствуваме потреба да посетиме тоалет, но ја немаме таа можност. Не се осмелуваме да ги опуштиме мускулите што го држат сфинктерот затворен и продолжуваме да чувствуваме болка, често многу остра, додека не ни се даде можност да го испразниме мочниот меур. Природните контракции не треба да создадат никакви болни чувства, ако не се придружени од страв и тензии.
    Се што предиспонира опуштање на телото и мир, го стимулира создавањето на ендорфин (хормон на радоста), кој е природен аналгетик. Постојат најмалку седум типови на ендорфин и секој од нив нема помала сила од влијанието на инјекција морфиум.
    Значи организмот на жената може сам да произведува лекови против болка. Но механизмот на одделување на ендорфин е многу кревок и зависи од вкупната емоционална состојба на родилката. Загриженоста може да го спречи лачењето на овој природен аналгетик.

    Од каде доаѓа болката?
    Физиолошката смисла на секоја болка е една: таа му дава знаци на организмот за кршење на природните процеси. Самото раѓање не е нешто деструктивно за организмот на мајката, тоа е сосема природен процес. Мускулите на матката имаат малку рецептори за болка. Најчесто болката се јавува во мускулите околу матката и се локализира ниско долу во стомакот, или во областа на крстот. Вистинската причина за породилните болки е мускулната напнатост, што им пречи на нормалните физиолошки промени кои се случуваат кај жената за време на раѓањето. Стравот од раѓањето и загриженоста, ја зголемуваат мускулната тензија, жената дава отпор на отворањето на грлото на матката и движењето на детето, а во исто време матката со сите сили го турка детето надвор. Мајката најчесто, понесена од болката, сама ги затвора вратите на детето кое се раѓа.
    Покрај тоа, стравот и напнатоста водат до одвојување на катехоламини (хормони на стравот). Под нивно влијание крвта од матката се фокусира во рацете и нозете, бидејќи стравот и напнатоста го подготвуваат телото за бегство. На овој начин се нарушува нормалниот доток на кислород до матката. Недостатокот на кислород може да е резултат на неправилно дишење бидејќи до мускулите не стигнуваат потребните ресурси и настанува болка.
    Распространето е мислењето дека сите луѓе имаат различен праг на толеранција на болката. Она што за едни е лесна непријатност, за други е неиздржлива болка. Покрај тоа перцепцијата на болка може да се разликува од ситуација во ситуација: Забоболката во текот на ноќта е неподнослива, но ако гледаме интересен филм станува скоро незабележлива. Стресот и загриженоста ја засилуваат перцепцијата.

    Што да правам?
    Стравот од болката не тера да се напрегаме предвреме, што доведува до настанување на болка. Силната болка не плаши уште повеќе, тензиите се зголемуваат, болката се засилува итн. Што да правиме? Треба да го раскинеме овој синџир, да одделиме барем една алка од него.
    Ако Ве боли, не треба да трпите превиткувајќи се со стиснати заби. Движете се, ориентирајте се според своите чувства. Не паничете и не и се спротивставувајте на болката, туку обидете се да си напомнете зошто Ве боли. Можеби не се опуштате доволно, можеби се плашите, дишите неправилно и така го нарушувате дотокот на кислород во мускулите на матката.
    За време на породувањето префрлете го вниманието од своите непријатни чувства, на чувствата за бебето. Раѓањето има многу посилно и поважно значење за бебето, отколку за мајката. Жената го разбира процесот на раѓање и може свесно да влијае на него, додека бебето не знае што се случува и е многу ранливо во овој момент.
    Подготвувајте се за породувањето, пречекајте го без страв и запомнете дека тоа е многу силен емотивен момент кој, со правилен пристап, може да стане најубавиот момент во Вашиот живот.

    Совети:
    - Не слушајте кошмарни раскази. Подобро побарајте литература за безболно породување.
    - Не се приготвувајте за фактот дека страшно ќе Ве боли. Подгответе се да ги надминете чувствата на неспокој.
    - Научете се да го опуштите телото и да ги отстраните лошите и загрижувачки мисли.
    - За да го намалите неспокојот потрудете се предвреме да ја посетите породилната сала и да се запознаете со лекарот кој ќе присуствува на породувањето.
    - Мислете на бебето. Помагајте му да се движи напред. Во овој момент обидете се да се убедите дека Ве чекаат незаборавни моменти со Вашето бебе.
    - Замислете дека сте цвет кој расцветува. Ова ќе Ви помогне да не се спротивставувате на природниот процес..

    Извор: Рингераја.мк
     
    На ddevojce и ikame им се допаѓа ова.
  3. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Би требало да е во сите болници шиењето со анестезија. Во Битола е со локална анестезија, па спрема тоа сигурно и во ГАК е така
     
    На silk и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  5. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    идам ја в Битола да раѓам :D
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Имам толку многу лошо искуство со шиење, што знае до ден денес да ме разбуди од сон. Извесен период неможев да закрпам партал со конец, вртоглавица добивав. Не се плашам од болките, проблемот е од тој мој патолошки страв од шиење. на ногата имам неброени конци од Х причини, кои нон стоп ми загнојуваа и тоа во болница, ај да речеш јас нешто да утнував работа. Незнам колку пати бев прешиена, и тоа ни А од анестезија. Секој ден, по неколку конци. Кошмар, хорор филм. Помина да, преживеав, сигурно и ова ќе го преживеам, ама фобија е фобија... :(
     
  7. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум 4ти месец и сега се ме интересира па и ова како и кој одлучува за епидурална и дали може јас сама да си кажам дека сакам и која цена е???? Поздрав до сите мами.
     
  8. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    во приватна болница ти одлучуваш дали доколку си со спонтано породување ке одиш без или со епидурална анестезија и знам дека (во болница плодност) цената е 12000 ден доплата. исто ако си царски рез (ако се е во ред) можиш да бираш помеѓу спинална и целосна анестезија, овде анестезијата е во склоп на цената ... барем кај мене беше така...
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Ако планираш да се пораѓаш на ГАК, ќе ти требаат врски за да добиеш епидурална анестезија. Таму цената е 100 евра.
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Тука прашувале неколку дена пред термин дали сакаш анестезија и ако дакаш требало само да потполниш некој фор и тоа не сд плајка,се мислам сега ако стварно болките се помали да примам и јас :?: се мислам тамам има време.
     
  11. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    мене осигурајнето ми плајча ако се одлучам (за) и само треба некој формулар да исполнам и потпишам некој сат пред .. ја би се одлучила и овај пат за (не)како и за првото и второто моје детенце.. гирл мислам дека је исто како и кај вас во IT.
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не сум зборувала со докторот за тоа,од околу ми кажува дека кај бекои така било.
    Иначе првин ке дознам како и што а поотоа ке одлучам,иако повекето се фалат дека помалце болки чуствувале.
    Инаку има причини за не или онака залосна?
     
  13. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    strav mi je od igla ne mozam da zamislam igla da mi stavat pogotovo ne nazat uhhhhhh ce preumpram od strav a i sakam da si e seto prirodno.se izvinuvam za latinica
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Ех страв да :^) и јас имам страв од вакви работи ама кога слушам дека болките биле помали си викам еден страв за повеке намалување :D ајде ајде со лесно на сите па моментот ке видиме :)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Nekako ce bidi nema begajne od toa :) ni se blizat datumive :P
     
  16. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    и јас сум ЗА епидурална, се надевам дека ќе можам да си организирам да примам без проблем па ќе видиме како ќе оди , од се што читам низ интернетов а највеќе искуства на мамички јас се одлучив да си примам , ако може да се скратат т.е. намалат болките зошто да не ;)
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Јас сакам вториов пат да се пораѓам со епидурална. Ќе биде добро ако успеам да ја добијам.
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Jas imam strav od inekcii i od anestezija..vaka nisto.da ne osetam pff panika ke me fati ili fa bidam samo na edno mesto otrpnata kako so spinalna ..a slusnav i tuka u ger ako sakas epiduralna treba da potpises i potpolnis formular...strav mi e nekoj' posledici da nema nedaj Boze...sigurno ke ragam bez epidural so Bozja pomos napred.s3 itzv za.lat
     
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    јас се пораѓав со епидурал и да ви кажам таа игла е колку влакно од коса ,а плис покрај болките нема ни да осетиш тека нешто ти прават освен на почетекот ладно ке ти дојде 1,2 секунди они го оставаат катетарот во половина и тоа е тенко колку влакно од коса ,а едолго цревце и се прикачува на голем дебел сприц во кој се наога течност т.е анестезијата ,тој шприц е ставен до тебе на една направа која сама го бутка шприцот,т.е она капакот од шпицот ,а течноста преку поставениот катетар се тече ,значи малце по малце како инфузија,и теце се дур не се породиш.Ти си на бокс цело време ,уклуцена на цтг,и не осекаш болки,а друго се осекаш раце,нозе грб се се осека инапоните ги осекаш
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ме остави во мисла сега :?: можи че биди подобро да прифатам со епидурална :?: .. баш некни кога бев на контрола ме прашаја дали сакам со или без епидурална :D а јас одма одговорив дека не сакам и сега си се двоумам :|
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.